По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ
1По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ
Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
КултураЗаштитни археолошки истражувања на локалитетот „Таламбасица“ кај селото Крушевица Во тек се заштитните археолошки истражувања на локалитетот „Таламбасица“ кој се наоѓа пет километри североисточно од селото Крушевица, Прилепско, соопшти Министерството за култура.На овој локалитет, како што се наведува, се истражува тумул од периодот на преминот од бронзено во железно време, кој претставува солидно зачувана единица од шеесетината досега евидентирани примери од овој тип на подрачјето на општината Витолиште во мариовскиот крај. Од планираните активности, досега се завршени подготвителните активности при што е отстранета вегетацијата и откриени се камењата кои ја формираат хумката на тумулот со оградниот ѕид, односно венецот на конструкцијата каде што е забележан феноменот на специфично редење на камењата еден до друг со потесните страни нагоре. Истражувањата на оваа локација ќе се одвиваат до идниот месец, а резултатите ќе бидат значаен придонес во дефинирањето на времето на металите во прилепскиот регион и насока за преземање натамошни истражувачки активности. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ По кривичните пријави од Народна банка за функционери на СДСМ, од партијата поднесоа кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица во НБРМ за случајот со Алта банка.. Од СДСМ бараат Јавното обвинителство да определи мерки на претпазливост за Славески и сите инволвирани, како и привремена забрана за вршење должноста за да се спречело влијание врз сведоци и можно уништување на документација. -Трајко Славески и пријавените лица се теретат дека со своите дејствија на сторување и несторување, пропуштање должен надзор, во периодот од втората половина на 2025 година до октомври/ноември 2026 година. „Несовесно работење во службата“ по член 353-в и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353. Бараме да се утврди зошто не била проверена репутацијата на сопственикот, потеклото на парите и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката?, изјави Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ. Лидерот на СДСМ Венко Филипче на социјалните мрежи напиша дека опозицијата нема да дозволи Мицкоски и Славески да го сокријат скандалот и да избегаат од одговорноста.. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираат за наводите на Филипче и СДСМ дека Алта банка и нејзиниот сопственик имале некаква забрана за работа во ЕУ оценувајќи ги како лажни и манипулативни. Според владејачката партија македонскиот регулатор и институции, немале никаква можност да забранат Алта банка да влезе во Македонија, затоа што истата не само што не била забранета во ЕУ, туку била дел од сопственичките структури на банка токму во Унијата. -Се што кажа СДС за Алта банка е лага. Не само што Алта банка не била санкционирана од ЕЦБ, туку напротив до самиот чин на нејзино затворање таа имала удел во банка во ЕУ. Токму ова е извадок од официјалната страна на Адико банка од Виена, од кое се гледа дека токму Алта банка поседува 9,63% од акциите на Адико банка. Патем, овој удел Алта банка го поседува и ден денес и се уште е во сопственост на Алта банка Србија. Алта банка влегува во Македонија како банка која што има удели во банка во ЕУ, изјави Манасиевски. Се огласија и од ДУИ од каде бараат јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН за наводите дека Владата на СДСМ и ДУИ во 2023 година побарала од Државното правобранителство да стапи во деловни односи со Алта банка Србија. Во спротивно, велат, ДУИ ќе ги преземе сите правни чекори и ќе поднесе тужби против оние што клеветеле. Државниот јавен обвинител Ненад Савески на вчерашната надзорна расправа во Собранието изјави дека обвинителството постапува во секоја ситуација кога ќе утврди постоење на кривично-правен настан, но не каќа дека не моќе да открие дали во случајот со „Алта банка“ е отворена предистражна постапка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМанчестер Јунајтед ќе плати милионско обесштетување за ПокетиноВеликанот од „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед се раздели со клупската легенда, менаџерот Мајкл Керик.Како негов наследник медиумите од Британија го промовираат селекторот на САД, Маурисио Покетино. Аргентинецот моментално ја предводи репрезентацијата на Соединетите Држави, но неговиот договор содржи клаузула која му овозможува да си замине од американскиот тим со плаќање одредена отштета. Според британските медиуми, овој износ – кој се однесува на Покетино и неговиот стручен штаб – надминува 10 милиони евра, а Јунајтед се согласи да го плати. Останува уште официјална потврда, но нема сомнеж: Покетино се враќа во Премиер лигата, каде што претходно ги водеше Саутемптон, Тотенхем и Челси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПредавање за јапонскиот чај „Сенча“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје На 13 ноември 2026 година, во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе се одржи настанот „DISCOVERY: Јапонски чај – Сенча“, посветен на историјата, културата и традицијата на јапонскиот чај.Гостинка на настанот ќе биде Курита Јунко, специјалистка за јапонски чај, која ќе одржи предавање за историјата и културното значење на јапонскиот чај, ќе претстави јапонски изрази поврзани со чајната традиција и ќе им овозможи на присутните да учествуваат во дегустација на јапонски чај. Настанот ќе се одржи од 10:00 до 12:00 часот, а предавањето ќе биде на англиски јазик. Учеството е бесплатно и не е потребна претходна регистрација. Настанот е во соорганизација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Јапонската фондација од Будимпешта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter