Засадени над 4.000 дрвца кај црквата „Света Недела“ во Штип

Над 4.000 садници зимзелени дрва денеска се посадија во месноста Света Недела во Штип.

Активноста е на универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Гоце Делчев“, Општина Штип и ЈП „Исар“. Целта е да се засадат повеќе дрва и да се ублажат штетите од големите пожари кои беснееа летото.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов посочи дека во иднина ваквите активности ќе бидат сѐ почести.

-Акцијата ја организиравме заедно со организацијата на универзиетскиот парламент, ЈП „Исар“, со цел да се подигне свеста, но и да се започне активност во насока на пошумување на градот Штип. Ова изминато лето имавме огромни штети од пожарите кои настанаа на територија на Општина Штип. Се надевам дека ваквите акции во иднина ќе бидат почести, вели Јорданов.

Санела Гацова претседател на универзитетското студентско собрание при УГД-Штип вели дека акцијата е под мотото „Садиме дрвца денес, славиме живот утре“, а се засадија багрем, јасен и црн бор.

-Вакви акции и настани ќе следуваат и во иднина. Денеска ќе бидат насадени 4000 садници на настанот „Садиме дрвца денеска, славиме живот утре, вели Гацова.

Освен садење на дрвца, низ градот се работи и на хортикулутрно уредување на парковите и зелените површини. Јорданов упати апел до сите граѓани да се чува она што се создава, додавајќи дека сечењето и кражбата на дрва ќе бидат соодветно санкционирани од надлежните органи.

Лидерите на ЕУ ја испратија првата порака до Трамп по инаугурацијата

Лидерите на ЕУ му посакаа успех на Доналд Трамп во неговиот втор мандат како претседател на САД, јави ДПА.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста попладнево на платформата Х ги објавија своите најдобри желби до новиот американски претседател.

„ЕУ со нетрпение очекува да работи тесно со вас за да се справи со глобалните предизвици“, напишаа двајцата, пренесе ДПА.

Во објавата на Х го има повикот до новата администрација за тесна соработка со ЕУ.

„Заедно, нашите општества можат да постигнат поголем просперитет и да ја зајакнат нивната заедничка безбедност. Ова е трајната сила на трансатлантското партнерство“, напишаа Кошта и Фон дер Лајен во заедничката објава на Х./МИА

Безос, Закерберг, Пичаи, но и Ходорковски, учествуваа на инаугурацијата на Трамп

Директорите на главните технолошки компании во САД учествуваа на инаугурацијата на избраниот претседател Доналд Трамп, откако донираа милиони долари за потребите на оваа церемонија, но имаше покането и видни личности од други земји како Русија.

Со ова, американските технолошки милијардери ја покажуваат својата наклонетост кон староновиот претседател на САД, а во обид да купат услуги нивните компании да не станат предмет на истраги или да не бидат премногу регулирани.

На инаугурацијата денеска присуствуваа основачот на Амазон, Џеф Безос, директорот на Meта, Марк Закерберг, првиот човек на „Епл“, Тим Кук, и шефот на Гугл, Сундар Пичаи.

Медиумскиот магнат Руперт Мердок, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и поранешниот британски премиер Борис Џонсон исто така учествуваа на церемониите, вклучително и на миса во блиската црква „Св Јован“.

Многу од овие извршни директори го критикуваа Трамп за време на неговиот прв мандат, поради ставовите на староновиот претседател за климатските промени и имиграцијата.

Во ротондата на Капитолот денеска се појави и шефот на „СпејсИкс“ и Teсла, Илон Маск, кој е номиниран да води нов оддел за владина ефикасност во новата администрација. Маск потроши речиси 300 милиони долари помагајќи ја претседателската кампања и остана близок соработник на Трамп.

На инаугурацијата учествуваа и шефот на TikTok, Шу Зи Чу, додека неговата компанија се соочува со последиците од забраната во САД, како и Сем Алтман од „ОупенЕјАј“ но и Дара Косровшахи од Убер.

Михаил Ходорковски, поранешен руски олигарх, сега опозиционер и жесток критичар на Владимир Путин, во соопштение на Телеграм денеска откри дека добил покана за инаугурацијата на Трамп и решил да присуствува.

-Ме поканија на инаугурацијата, решив да отидам. Од љубопитност и треба повторно да се запознаам... Во Вашингтон има многу полициски патроли и улиците се затворени. Притоа, за церемонјиата се собраа стотици илјади луѓе. Сите ги пуштаат и нема некои големи проверки, напиша тој.

На настанот се појави и рускиот економист и опозиционер Андреј Иларионов, кој во 2000-те беше советник на Путин. На инаугурацијата на Трамп не беа поканети официјални руски лица. /МИА

Честитки од Лондон, Анкара, Стокхолм и Хелсинки за Трамп

Лидерите на Велика Британија, Турција, Шведска и Финска му ја честитаа денешната инаугурација на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

Во честитката, британскиот премиер Кир Стармер рече дека „со векови“ односите меѓу двата народа биле „пример за соработка и трајно пријателство“.

- Заедно го одбранивме светот од тиранијата и работевме на нашата заедничка безбедност и просперитет. Со долгогодишната наклонетост на претседателот Трамп и историските врски со Обединетото Кралство, знам дека длабокото пријателство ќе продолжи, рече Стармер.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во својата честитка изрази надеж дека „вториот мандат на Трамп носи добро за целото човештво“.

- Бидејќи Трамп повеќе пати рече дека ќе стави крај на руско-украинската војна, ние како Турција ќе направиме се што е потребно во тој поглед. Треба да го решиме ова прашање што е можно поскоро, рече Ердоган.

Тој додаде дека ова прашање ќе биде на агендата на Турција во разговорите со новиот американски претседател.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон му упати на Трамп „топли честитки на полагањето заклетва како 47-ми претседател на САД“.

- Шведска со нетрпение очекува да ја продолжи блиската соработка со САД, напиша тој во објава на X.

Финскиот претседател Александар Стуб во порака на Х рече дека му испраќа „искрени честитки“ на Доналд Трамп за неговата инаугурација како претседател на САД и оти „САД се клучен стратешки партнер и сојузник“ на Финска./МИА

притисни ентер