Заразениот Роналдо од карантин изненади со новиот имиџ (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо е во карантин, откако на еден собир на репрезентацијата на Португалија дозна дека има коронавирус.

Денеска, фудбалерот на Јувентус објави снимка од тренингот од карантин и ги изненади навивачите. Тој реши да ја скрати косата и испрати порака: „Успехот во животот не се мери според постигнатото, туку според препреките што ги надминуваш“.

Тестот за коронавирус на Роналдо беше позитивен на 13 октомври и тој треба да направи нов тест денеска за да знае дали ќе игра следната среда против Барселона во Торино.

Правилата на УЕФА предвидуваат дека играчот мора да биде негативен најмалку седум дена пред натпреварот за да може да игра во Лигата на шампионите или Лигата на Европа.

Омбудсман: Не сeкој вид на попреченост е видлив

Не сeкој вид на попреченост е видлив, ниту се видливи сите бариери кои ги оневозможуваат овие лица целосно да ги уживаат правата.

Почитувањето на различноста на лицата со попреченост е од особено значење, исто како и свесноста дека не сeкој вид на попреченост е видлива, ниту се видливи сите бариери во општеството кои ги оневозможуваат овие лица целосно да ги уживаат правата, вели народниот правобранител Иџет Мемети по повод 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Нивната ранливост, како што посочува, особено доаѓа до израз во услови кога пристапот до здравствени, образовни и социјални услуги е значајно отежнат, како што е во случајот со пандемијата од Ковид 19.

-Денес, кога се навршуваат 28 години од денот кога Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 3 декември за Меѓународен ден на лицата со попреченост, Народниот правобранител како институција која веќе 22 години посветено дејствува на полето на заштита на човековите права и слободи на лицата со попреченост, потсетува на обврската за обезбедување услови и создавање можности за што поголема промоција, заштита и унапредување на правата на лицата со попреченост, и нивно активно вклучување, со цел активен придонес во создавањето на инклузивно општество, пишува народниот правобранител.

Фактот дека 15 проценти од светската популација или повеќе од 1 милијарда луѓе во светот живеат со попреченост, налага, како што истакнува народниот правобранител, неминовна потреба од поголем фокус на сите чинители кон промени на перспективите на попреченоста и примена на соодветен пристап низ призмата на човековите права. Додава дека само на таков начин ќе бидат видливи заложбите и ефектите од мерките за надминување на стереотипите и предрасудите кон овие лица.

– Сакам да укажам дека овие граѓани се позасегнати, поризични и поранливи, како на самиот вирус, така и од последиците на економски, социјален и секаков друг аспект кој истиот неминовно ги носи со себе, а тоа не обврзува како општество сериозно да им посветиме внимание и да ги елиминираме препреките за еднакви можности и целосно уживање на нивните основни човекови права, вели Мемети.

Свесни сме, посочува омбудсманот, дека предизвиците се системски и долготрајни, и дека има потреба од зајaканување на лицата со попреченост, подигање на свесноста за правата кои ги имаат, па во таа насока мораме заеднички да дејствуваме со лицата со попреченост, со нивните претставници и организации давајќи им можност на потенцијалите на овие наши граѓани.

-Со искрени очекувања дека заеднички ќе успееме да ги придвижиме работите кон подобро, на начин како што тоа го налага Конвенцијата за правата на лицата со попреченост апелирам за поголема проактивност на властите во заложбите за овозможување на подобра иднина, но и пристапен и одржлив свет за лицата со попреченост, сега, но и по Ковид-19, истакнува народниот правобранител по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост. /МИА

Васев: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана партија во стечај

Недомаќинското и расипничко работење на оваа партија доведе до блокирани сметки и замрзнат имот.

Белата палата зад мене е седиште на партија во стечај која тоне во долгови.

Недомаќинското и расипничко работење на оваа партија доведе до блокирани сметки и замрзнат имот.

Извршителите тропнаа на вратата на ВМРО-ДПМНЕ поради неплатени долгови направени за околу 270 уметнички слики во позлатени рамки со мотивите на поранешното криминално раководство на оваа партија.

Луксузот во овој бел дворец завршува како и секое криминално луксузирање.

Почитувани граѓани,

Во времето кога оваа партија 11 години се богатеше и се расфрлаше со државните пари, граѓаните беа соочени со сиромаштија и борба за опстанок.

Раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски покажува неспособност за менаџирање на сопствените средства.

И денес, без срам и перде овие расипници и недомаќини се уште имаат амбиции да ја водат државата и да располагаат со државниот буџет.

Но покрај таквите амбиции, ВМРО-ДПМНЕ треба да даде одговор и на прашањето каде се парите? Дали и во чии џебови завршиле? Особено што политичките партии добиваат и буџетски средства, пари од државата како помош во работата.

Оваа партија која важеше за најбогата партија во Европа, денес тоне во долгови, затоа што Мицкоски е неспособен.

Граѓаните веќе го препознаваат расипничкиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, и затоа губат на избори и ќе останат длабоко во опозиција.

Стефан Васев од СДСМ

Иванка Трамп сослушана поради злоупотреба на средства

Иванка Трамп, ќерка и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, беше испрашувана под заклетва во граѓанска постапка поврзана со злоупотреба на непрофитни средства за инаугурацијата на нејзиниот татко пред четири години.

Обвинителството на округот Колумбија, Карл Расин, вчера во судски допис откри дека се опдржало сослушување.

Во судска постапка од јануари 2020 година, Расин тврди дека компаниите за недвижнини и други субјекти на доналд трамп злоупотребиле непрофитни фондови за да го збогатат семејството Трамп.

Според тужбата, непрофитна корпорација ослободена од даноци, наречена „58. Претседателски основачки комитет“, координирала со семејството Трамп значително да преплати за простор за настани во хотелот „Трамп Интернешнл“ во Вашингтон.

притисни ентер