Заработувала милиони од интимни кадри, а потоа уследила агонија (фото) - Канал 5

Заработувала милиони од интимни кадри, а потоа уследила агонија (фото)

Една заводлива русокоса поминува низ пекол и сега скапо плаќа за услугите 

Заработувала милиони од интимни кадри, а потоа уследила агонија (фото)

Бела Оливија ја почувстувала горчината на популарноста.

Бела Оливија (21) ја следат над 200.000 лица на Интернет и наводно заработила повеќе од милион долари на платформата „Онлифанс“, но нејзиниот успех има своја цена. Преплашената убавица вели дека сега обожавателите ја препознаваат на улиците од нејзиниот роден град Манчестер во Англија, и дека имала „секакви ситуации со прогонувачите“.

– Имав навистина морничави мажи кои ми приоѓаа и неколку страшни искуства – признала Оливија во интервју за Дејли Стар.

Таа детално опишала низ што поминува поради својот провокативен изглед што ја прославил не само во Манчестер, туку и ширум светот.

- Еден маж се обиде да ме фати и да ме одвлече во едно сокаче, имав многу ситуации со луѓе што ме демнат. На мојата адреса ми пристигнуваа разни подароци и прилично перверзни пораки - вели Оливија.

Оваа убавица се прославила благодарение на нејзините фотографии на социјалните мрежи, а подоцна и преку споделување „ексклузивна“ содржина пред своите фанови на платформата „OnlyFans“. Сепак, нејзината популарност ѝ донела несакано внимание и опасност.

После сè што ѝ се случило, за да се заштити од напаѓачите и несаканите ситуации решила да ангажира телохранител. Иако тоа ѝ претставува дополнителен трошок, таа смета дека тоа е неопходно за да се чувствува безбедно.

Освен тоа, Оливија открила дека добива закани и преку социјалните мрежи, но се труди тоа да не ја обесхрабува да продолжи со кариерата. Таа се надева дека со тек на време ситуацијата со несаканото внимание ќе се смири.

За ова професионално обезбедување, месечно издвојува околу 3.600 долари, но исто така како благодарност за услугата, Оливија му обезбедува персонализирана содржина.

Иако ова е невообичаена ситуација за една млада девојка, таа не е единствената што се соочува со закани преку Интернет. Многу познати личности секојдневно се борат со слични проблеми, и многумина од нив решиле да ангажираат телохранители за да се чувствуваат побезбедно. Освен овој интересен детаљ во врска со ангажирањето телохранител, Оливија истакнала дека со закани се соочува и во реалниот живот, што дополнително ја зголемила нејзината решителност да се заштити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Русија губи повеќе од 40.000 војници во Украина секој месец, вклучувајќи мртви и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. 

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Тој истакна дека оваа бројка е споредлива со вкупните американски загуби во текот на 14-те години од војната во Виетнам. Руте го изјави ова во говорот на форумот „Атлантска иднина“ што се одржа вчера, пренесува Украинска правда.

Споредба со Виетнам

Руте објасни дека рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели на бојното поле, наведувајќи ги огромните човечки загуби што Русија ги претрпува во последните месеци како причина.

„Соединетите Американски Држави изгубија 56.000 луѓе во Виетнам за 14 години. Тука, Русија има 40.000 мртви или тешко ранети само за еден месец. Првите податоци за октомври покажуваат дека овој број би можел да надмине 50.000. Педесет илјади за само еден месец“, рече Руте.

Напади врз цивили и хибридна војна

Генералниот секретар на НАТО смета дека Путин, откако не успеа на фронтот, се свртел кон напади врз цивили за да ја скрши волјата на Украина за борба. Тој рече дека Русија ги таргетира украинските градови со ракети и беспилотни летала и се обидува да уништи клучна инфраструктура пред зимата.

„Русија, исто така, ја интензивираше својата кампања на непријателски активности низ Европа. Путин се обидува да нè подели, да ги дестабилизира нашите општества и да ја наруши нашата поддршка за Украина преку палежи, инциденти со беспилотни летала, кибернапади и други злонамерни дејствија. Но, да бидеме јасни - тој не успева. Ние одговараме на секој руски хибриден напад врз нашите земји со испраќање уште поголема помош на Украина“, рече тој.

Проценки за вкупните загуби

Алијансата претходно процени дека Русија имала повеќе од 50.000 жртви само во септември, од кои 28.000 биле убиени, што е значително повеќе од загубите на украинските вооружени сили. Според проценка објавена ова лето, НАТО верува дека Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници од почетокот на инвазијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар.

Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема.

Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец.

Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин

Денеска, заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“.

Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин

На панел-дискусијата „Градење на компетитивна Европа – иновација, поврзаност и достапна енергија“, говорев за поврзаноста меѓу европската конкурентност, иновациите, енергетската безбедност и интеграцијата на Западниот Балкан.

Европа ја црпи својата сила од способноста различноста да ја претвори во соработка, а соработката во заедничко дејствување.

Конкурентноста денес не може да се сведе само на капиталот, големината на пазарите или цената на работната сила, туку сè повеќе зависи од капацитетот да се поврзат знаењето, технологијата, инфраструктурата, енергијата и луѓето и тие врски да се претворат во иновации, продуктивност и одржлив раст.

Западен Балкан не е надвор од Европа, туку е дел од нејзината историја, инфраструктура и безбедносна архитектура, при што Европа и Западниот Балкан ги опишав како „систем на поврзани садови“, во којшто случувањата во еден дел неизбежно влијаат врз другиот.

Прашањето не е само како Западниот Балкан подобро да се поврзе со Европа, туку дали Европа може да си дозволи да остане недоволно поврзана со регион што се наоѓа на пресекот на нејзините стратешки правци, енергетски коридори, пазари и човечки потенцијал, објави на ФБ претседателката Гордана Сиљановска- Давкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер