Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката
1Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката
ЖивотЗаработува пари од одење на состаноци: На моето момче тоа не му пречи (видео)Одењето на состаноци за Марша Фавре нема врска со љубовта.Имено, таа е „професионална спонзоруша“ на која постари, богати мажи и` плаќаат само за со нив да испие пијалок. Нејзиното долгогодишно момче немало апсолутно никаков проблем со тоа. Марша Фавре, инаку 33 – годишна музичарка од Њујорк, од мажите досега заработила многу пари, а за еден состанок кој траел до половина час, заработувала од 100 до 250 фунти. Секако, се наоѓал повремено и подарежлив муштерија, па така во една прилика за половина час од своето време добила дури 1250 фунти, пишува „The Sun”. Марша е во врска со Џозеф Кинг веќе 10 години. „Мислеше дека се шегувам кога му кажав што работам. Не можеше да поверува дека луѓе ми плаќаат за пијалок и вечера, па само се насмеа“, раскажала Марша. Џозеф исто така е музичар, а е постар од Марша седум години. Тој ја поддржува во нејзината „работа“ и вели дека не се грижи дека таа ќе се вљуби во некој друг. „Искрено, не чувствувам почит кон никого кој е подготвен да ми плати за излегување. Никогаш не би можела да се вљубам така. Никогаш“, рекла таа и додала дека сепак, се обидува да се занимава со состаноците што поретко. аа нагласува дека сексот не доаѓа во предвид, а вели дека никогаш не и` побарале такво нешто. „Никогаш не дозволувам зближување. Најнеморалната понуда која ја имав беше од еден маж кој ме праша дали би сакала да го поминам викендот со него во Вегас. Секако, немаше шанса за тоа“, раскажала таа. Одењето на состаноци за Марша Фавре нема врска со љубовта. Имено, таа е „професионална спонзоруша“ на која постари, богати мажи и` плаќаат само за со нив да испие пијалок. Нејзиното долгогодишно момче немало апсолутно никаков проблем со тоа. Марша Фавре, инаку 33 – годишна музичарка од Њујорк, од мажите досега заработила многу пари, а за еден состанок кој траел до половина час, заработувала од 100 до 250 фунти. Секако, се наоѓал повремено и подарежлив муштерија, па така во една прилика за половина час од своето време добила дури 1250 фунти, пишува „The Sun”. Марша е во врска со Џозеф Кинг веќе 10 години. „Мислеше дека се шегувам кога му кажав што работам. Не можеше да поверува дека луѓе ми плаќаат за пијалок и вечера, па само се насмеа“, раскажала Марша. Џозеф исто така е музичар, а е постар од Марша седум години. Тој ја поддржува во нејзината „работа“ и вели дека не се грижи дека таа ќе се вљуби во некој друг. „Искрено, не чувствувам почит кон никого кој е подготвен да ми плати за излегување. Никогаш не би можела да се вљубам така. Никогаш“, рекла таа и додала дека сепак, се обидува да се занимава со состаноците што поретко. „Најлошиот состанок ми беше со маж кој беше неверојатно низок. Не можев да го пронајдам. Седеше на столче, а кога се симна, беше помал од мене. Беше ужасно здодевен и напорен. Најзабавниот состанок ми беше едно излегување кога дуваше ветар, па на мажот му одлета периката. Потрча по неа за да ја фати, а јас се правев дека ништо не сум видела“, открила некои детали од „работата“. Мажите ги запознава преку страницата Whatsyourprice.com, која ги поврзува богатите мажи со убави и млади жени, а мажите сугерираат колку се подготвени да платат за состанокот. Освен договорената „сатница“, Марша често добивала и подароци како карти за концерти, пропусница за бекстејџ, авионски карти и екстра бонуси од редовните муштерии. Таа нагласува дека сексот не доаѓа во предвид, а вели дека никогаш не и` побарале такво нешто. „Никогаш не дозволувам зближување. Најнеморалната понуда која ја имав беше од еден маж кој ме праша дали би сакала да го поминам викендот со него во Вегас. Секако, немаше шанса за тоа“, раскажала таа. Џозеф, сепак, признал дека би сакал да се занимава со нешто друго. „Никогаш не би побарал да престане. Тоа е во ред. Нејзината работа не ни прави никакви проблеми во врската, а и добро заработува. Но, дали би ми било помило ако не го прави тоа? Секако дека би бил посреќен кога би биле богати и само би патувале и одмарале наместо да работиме, но животот е таков“, заклучил тој. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и наукатаМинистерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, престојува во посета на Јапонија, каде што оствари повеќе средби со високи претставници на образовни, научни и државни институции.Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, престојува во посета на Јапонија, каде што оствари повеќе средби со високи претставници на образовни, научни и државни институции, со цел унапредување на билатералната соработка и отворање нови можности за партнерство во областа на образованието и науката. На средбата со јапонскиот министер за образование, култура, спорт, наука и технологија, Јошихиро Секи, се разговараше за организацијата и функционирањето на образовните системи во двете земји, како и за механизмите и мерките за поттикнување на научно-истражувачката дејност. Министрите разменија идеи за можни заеднички иницијативи, при што посебен акцент беше ставен на можноста за обезбедување јапонска поддршка за основање центри за извонредност во Македонија. „Јапонија е долгогодишен стратешки партнер на нашата земја и ви благодарам за досегашната поддршка, како и за можностите што им ги овозможувате на македонските студенти преку системот на стипендирање да се образуваат на престижни јапонски универзитети. Од особено значење за нас е и поддршката што ја добиваме во процесот на техничка модернизација и опремување на училиштата. Верувам дека дел од идеите за кои денес разговаравме наскоро ќе прераснат во конкретни проекти и активности“, истакна Јаневска на средбата во јапонското Министерство за образование. Унапредувањето на квалитетот на наставата и развојот на компетенциите кај учениците беа во фокусот на посетата на Националниот институт за образовни политики на Јапонија, каде што Јаневска оствари средба со генералната директорка Мизуе Шиоми. Соговорничките разменија искуства за методолошките пристапи во наставата, поттикнувањето на креативното и критичкото размислување кај учениците, а се осврнаа и на подготовката на учениците за меѓународното ПИСА тестирање, каде Јапонија традиционално покажува исклучително високи резултати. За можностите за реализација на нови партнерски проекти меѓу двете земји се разговараше и на средбата со парламентарната заменик-министеркa за надворешни работи, Икуина Акико. Таа посочи дека Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO) и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) ќе продолжат активно да работат на идентификување и развивање нови можности за соработка. Во рамки на агендата, министерката го посети и Универзитетот во Токио, каде што со претседателот на Универзитетот, проф. д-р Теруо Фуџи, разговараше за интензивирање на соработката со македонските универзитети. Во таа насока, беа разгледани можностите за заедничко учество во програмата „Хоризонт Европа“, размена на наставно-научен кадар и студенти, како и воспоставување нови академски партнерства. Посетата на Јапонија опфати и средби во македонската амбасада во Токио. Јаневска и вршителката на должност амбасадор, Кристина Стојчевска, се сретнаа со Казуја Оцука, поранешен амбасадор на Јапонија во нашата земја, со македонски студенти, како и со средношколци од јапонско училиште кои го изучуваат македонскиот јазик. Средбите и разговорите во Токио претставуваат значаен чекор кон продлабочување на традиционално добрите односи меѓу двете земји и создавање нови можности за размена на знаења, искуства и експертиза, во интерес на унапредувањето на македонското образование и наука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамАмериканците се воодушевени од малечкиот „Fiat“ што едвај достигнува 40 км/чЕлектричниот „Fiat Topolino“ привлече купувачи во американските туристички места.Малиот електричен модел на „Fiat, Topolino“, предизвика значителен интерес кај купувачите во САД, иако има максимална брзина од само 40 км/ч и е првенствено дизајниран за кратки градски патувања и затворени станбени комплекси. „Fiat“ испорача 300 примероци од моделот „Topolino“ до дилерите во САД, а повеќето од нив се веќе продадени. Ова претставува пилот-лансирање, кое ѝ овозможува на компанијата да процени дали во САД постои доволно голем пазар за електрични возила слични на возилата за голф. Ендрју Вотерхаус, директор на „Fiat“ за Северна Америка, потврди дека повеќето од 300-те испорачани возила веќе нашле купувачи, иако напомена дека продажбата се одвива постепено, бидејќи станува збор за експериментално воведување на пазарот. Интересно е што 60 отсто од купувачите се одлучиле за верзијата „Dolce Vita“ – која нема врати ниту покрив – и е дизајнирана за возење на отворено. Оваа конфигурација е особено погодна за туристички дестинации, одморалишта и затворени станбени комплекси. Достапни се и стандардна верзија со целосни врати, како и варијантата „Open Air“ која има платнен покрив што може да се отвора. Според Вотерхаус, затворената верзија е посоодветна за градските корисници кои сакаат да ги остават своите лични предмети во заклучено возило. Во САД, „Topolino“ спаѓа во категоријата возила со мала брзина (Low-Speed Vehicles – LSV). Тоа значи дека неговата брзина е ограничена на максимум 40 км/ч и е наменет за употреба на локални патишта со одредени ограничувања на брзината. Не може да се користи како конвенционален автомобил на автопатишта. Моделот за 2027 година има максимална брзина од 40 км/ч, батерија со капацитет од 5,4 kWh и електричен мотор со моќност од шест киловати. Наведениот досег изнесува приближно 74 километри, додека полнењето преку стандарден домашен штекер трае од четири до пет часа. Почетната цена изнесува 14.985 долари – нешто помалку од 15.000 долари – без дополнителните трошоци за опции за специјални бои. Понатаму, „Fiat“ нуди бесплатен пакет за надградба за моделите од 2026 година, со цел да се осигура дека тие ги исполнуваат новите барања. Извор: Б92Тагови: Fiat САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче“ во ИнџиковоУште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка.„Добар ден и од мене. Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка. Кога се пушта во употреба ваков проект, тоа значи дека има повеќе среќа, повеќе радост, повеќе убави моменти, пред сè за најмилите, за дечињата, и нема како човек да ја скрие емоцијата, бидејќи ова се навистина за мене прекрасни моменти. Би сакал да се заблагодарам и на министерот, и на градоначалникот, и на пратениците во македонското Собрание, на советниците, на вработените во Општина Гази Баба, на колегите од Владата, што овие проекти, коишто ги започнавме уште при самото формирање на Владата во јуни 2024, полека, но сигурно добиваат своја смисла, односно еден по еден се завршуваат, се пуштаат во употреба и веќе имаме корисници коишто го ползуваат сето тоа коешто го планиравме, а наша цел беше да го направиме животот поубав, поедноставен и да го подобриме, во суштина, квалитетот. Продолжуваме во оваа насока и во иднина и продолжуваме да испорачуваме проекти. Има уште многу проекти во периодот којшто следи, којшто ќе финишираат, ќе бидат завршени, ќе бидат пуштени во употреба, така да што, еве, ве повикувам вас, медиумите, да го проследиме сето она коешто значи како Македонија се гради, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter