Заработува милион долари за неколку часа играње видео игри - Канал 5

Заработува милион долари за неколку часа играње видео игри

Колку вредат неколку часа играње видео игри и неколку твитови за тоа?

Заработува милион долари за неколку часа играње видео игри

Доколку се викате Тајлер Блевинс,на милиони познат како Нинџа , тогаш цената е милион долари. Тој е најследениот играч на видео игри на светот. Тој беше еден од неколкуте одбрани професионалци од Електроник Артс за промоција на нивната најнова видео игра Апекс Леџендс.

27- годишниот играч , понат по честата промена на бојата на косата за новата игра твитна на 5 февруари , а потоа ја изигра пред над 13 милиони следбеници на стриминг платформата Твич. За тоа му било платено милион долари.

2v1 CLUTCH for the win with @Jordan_Fisher

A post shared by Tyler Blevins (@ninja) on

Претставниците на Електроник Артс одбиваат да ја коментираат сумата , освен дека ангажирале и полско – канадски стример , познат под името Шрауд , кој има речиси 6 милиони следбеници на Твич , како и уште неколку популарни гејмери од целиот свет.

"Ninja is...going IN right now" #ApexPartner

A post shared by Tyler Blevins (@ninja) on

Цената на акциите на ЕА и пазарната вредност се во пораст за 16% или за 4 милијарди долари за само три дена по лансирањето на Апекс леџендс .

Само по еден месец играта има над 50 милиони корисници во целиот свет , како резултат на популарноста на Нинџа и другите гејмери.

Best. Laugh. Ever. @basicallyidowrk

A post shared by Tyler Blevins (@ninja) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кавадарчаните кои до смрт претепаа лице по расправија во казино добија по 10 години затвор

Тројца кавадарчани добија по 10 години затвор за убиството на 43-годишниот П.Т., кое се случи пред казино во центарот на Кавадарци во август минатата година.

Кавадарчаните кои до смрт претепаа лице по расправија во казино добија по 10 години затвор

Основниот суд Кавадарци ги прогласил за виновни за кривично дело „убиство“

„Кривичниот совет при Основен суд Кавадарци обвинетите ги прогласи за виновни и ги осуди на казна затвор во траење од по 10 години за секој осуден. Во кривичниот предмет немаше признание на вина, а на обвинетите им е продолжен притворот бидејќи се прогласени за виновни“, соопшти судот.

Според обвинението, на 27 август 2025 година, пред 5 часот наутро, по вербална расправија во казиното, тројцата излегле надвор, каде физички го нападнале и му нанеле повеќе удари со боксови и клоци по телото и главата. Нападот се случил на задниот влез од казиното во центарот на Кавадарци. Жртвата се обидела да се врати во објектот, но изгубила свест и починала од здобиените тешки повреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарската влада повела истрага за четири случаи поврзани со работењето на државната „Ексимбанка“

Ќе се истражува и можна злоупотреба со кредитот од 1 милијарда евра одобрен за Македонија.

Унгарската влада повела истрага за четири случаи поврзани со работењето на државната „Ексимбанка“

Во Унгарија покрената е истрага за четири случаи поврзани со работењето на државната „Ексимбанка“.

Премиерот Петар Маѓар, потврдил дека унгарското министерство за економија и енергетика поднело кривични за четири случаи поврзани со Ексимбанката, поради сомнежи за злоупотреби на службената положба, несовесно работење и други можни кривични дела.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, ќе се истражуваат и можни злоупотреби и во однос на кредитот од 1 милијарда што државната ексим банка и го одобри на земјава.

Според Маѓар, кредитот за Македонија бил одобрен со поволна каматна стапка од 3,25 отсто и е целосно обезбеден со државна гаранција..

-„Владата не сака и нема однапред да донесе пресуда во овие случаи, но ќе ја обезбеди сета потребна поддршка за да се утврди дали се сторени кривични дела“, изјавил Маѓар.

Веднаш по доаѓање на власта Маѓар најави борба против корупцијата и работењето на претходната влада на чие чело 16 години беше Виктор Орбан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Неверојатна глетка во Сараево: Реката Миљацка кај Бентбаша целосно пресушила

Необична глетка во Сараево, реката Миљацка пресушила во дел од главниот град на Босјна и Херцеговина. 

Видео: Неверојатна глетка во Сараево: Реката Миљацка кај Бентбаша целосно пресушила

Граѓаните што минувале низ Бентбаша утрово биле пречекани со необична глетка, бидејќи реката Миљацка пресушила.

Во дел од коритото на реката Миљацка во близина на базенот нема вода, видливи се само камења, песок и речни наслаги.

Фоторепортер на „Аваз“ ја забележил неверојатната сцена.

YouTube video

Поголемиот дел од речното корито е покриен со камења. Засега нема официјални информации што објаснуваат зошто Миљацка пресушила на овој дел кај Бентбаша во сараево, ниту пак се знае дали станува збор за привремена појава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер