Заработува дополнителни 800 долари месечно работејќи нешто што секој може да го работи - Канал 5

Заработува дополнителни 800 долари месечно работејќи нешто што секој може да го работи

Една жена открива како заработува дополнителни 800 долари месечно работејќи необична работа. 

Заработува дополнителни 800 долари месечно работејќи нешто што секој може да го работи

Кели Оуки (34) од Квинсленд не се срами да побара фрлен мебел на улица бидејќи го претвора во атрактивни парчиња што потоа ги продава. Сè започнало пред повеќе од една деценија кога го реновирала својот дом со ограничен буџет.

Од хоби до профитабилен бизнис

Тогаш, таа набавувала мебел евтино преку интернет и собирала мебел оставен покрај патот, а потоа ги преуредувала за себе. Набргу сфатила дека истото може да го прави за другите, за многу пристојна заработка. Денес, таа фрлениот мебел го пренаменува и го продава за да заработи.

„Со преуредување на мебел се занимавам околу 12 години, кога првпат се преселив кај мојот сегашен сопруг“, раскажува Кели. „Сакав да го уредам нашиот дом со ограничен буџет и така ја открив оваа вештина.“

„Се заљубив во чувството кога стариот и заборавен мебел го претворам во елегантни, впечатливи парчиња, а воедно и го намалувам отпадот. Наскоро почнав да изработувам парчиња за пријателите и семејството, и на крајот тоа се претвори во возбудлив бизнис“, додава таа.

Кели објаснува дека пренамената на мебел што го наоѓа на улица не е нејзина главна работа, но сепак ѝ носи повеќе од 800 евра месечно.

Потрага по евтин мебел

Според неа, најдобрите места за наоѓање фрлен мебел се Facebook Marketplace, складиштата за рециклирање, пријателите и семејството, но и едноставно следење на тоа што оставаат луѓето покрај патот.

„Понекогаш наоѓам парчиња мебел бесплатно, а понекогаш семејството и пријателите ми нудат мебел ако можам сама да дојдам да го земам“, објасни таа. „Трошам помеѓу 12 и 48 долари за парче мебел кој потоа го пренаменувам, бидејќи понекогаш вреди да се плати малку повеќе за парчиња со подобар квалитет.“

Во објава на Инстаграм, Кели го сподели и овој совет: „Станува лесно, забавно и профитабилно кога имате правилни упатства. Треба да го усвоите правилниот начин на размислување, да го истражите пазарот, да вежбате, да бидете креативни и да научите да верувате во себе и во вашата визија. Ослободете се од притисокот и уживајте во процесот, таму се случува магијата.“

Совети за заработка од пренаменување на мебел

За почеток е клучно да набавите прифатливи парчиња. Добрите места за барање вклучуваат продавници за половна роба, распродажби, онлајн пазари, а вреди да се обрне внимание и на мебелот оставен на улица. Исто така е важно да ги следите трендовите за да добиете инспирација за вашето реновирање и да знаете што се продава најдобро.

Пред да започнете, ќе треба да инвестирате во основни алатки, како што се брусалка, дупчалка, четки и шрафцигери. Основите може да се научат на часови или, за оние кои сакаат да заштедат пари, со бесплатни упатства преку интернет.

Вредноста на еден предмет може значително да се зголеми со замена на оковот, боење со посовремени бои или додавање детали, на пример, лепење фолии или претапацирање. Откако мебелот ќе биде готов, треба да се фотографира од повеќе агли и да се објави на веб-страници за онлајн продажба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста.

Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки.

Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци.

За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните.

Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавен е повикот за „24 часа стрип цртање 2026 “

На 28 и 29 ноември 2026 година ќе се одржи меѓународниот маратон во 24-часовно цртање стрип. 

Објавен е повикот  за „24  часа стрип цртање 2026 “

Станува збор за традиционален предизвик во кој автори, аматери и професионалци имаат задача да создадат оригинален стрип во рок од 24 последователни часа на зададена тема. Настанот паралелно се организира во повеќе градови низ Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, со цел поврзување и промоција на регионалната стрип-сцена.

Техниката и должината на стрипот се по сопствен избор на авторите. Иако традиционалниот концепт предвидува 24 страници, постигнувањето на оваа бројка не е задолжително – примарната цел на акцијата е масовното учество, стручната размена и поддршката на креативниот процес.

Освен две локации за цртање во живо во Скопје , овозможено е и отворено онлајн учество, со кое заинтересираните можат да творат од дома и да ги испратат своите дела електронски.

Томе Трајков, стрип-работник од Велес. Трајков изрази големо задоволство што регионалните партнери позитивно одговориле на неговиот предлог од пред неколку години , овозможувајќи им на домашните автори простор за рамноправна соработка и афирмација.

Инаку клучни информации и пријавување има на наменскиот сајт ttps://www.24satnocrtanjestripa.com/

Време на одржување: Од 28 ноември (сабота) во 12:00 ч. до 29 ноември (недела) во 12:00 ч.

Темата е тајна и ќе биде соопштена на почетокот на настанот (28.11.2026 во 12:00 ч.).

За истакнување е податокот дека Годинешното графичко решение е на уметницата Гаја Смилевска од Скопје

Пријавување е најдоцна до 25 ноември) кога треба е да се испратат основните податоци на учесниците. По завршување на маратонот, готовите страници се препраќаат на истата адреса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Четиринаесет лица загинаа во пожар што избувна во зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска државната новинска агенција „Синхуа“.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Вкупно 25 лица сè уште се наоѓаат во болница, од кои девет се здобиле со сериозни повреди. Ова денеска го пренесоа медиумите, повикувајќи се на информации од надлежните органи. Детали сè уште не се познати.

Вчера попладне, според локалното време, избувна пожар во зграда во центарот на Таијуан, а на пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го изгаснат. Причината за пожарот моментално е предмет на истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер