МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата
СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија
1МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата
2СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија
МакедонијаЗапрена постапката за кривично гонење на Л.Н., поранешниот судија и претседател на Основен суд КавадарциСе запира постапката поведена по обвинителниот предлог III КО.бр.46/25 од 23.06.2025 година на Основното јавно обвинителство Велес против обвинетиот Л.Н. од Кавадарци, за кривично дело Несовесно работење во службата .Се запира постапката поведена по обвинителниот предлог III КО.бр.46/25 од 23.06.2025 година на Основното јавно обвинителство Велес против обвинетиот Л.Н. од Кавадарци, за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ, денеска официјално информира Основен суд Велес на својата веб-страница. Во известувањето од Судот се наведува дека вака донесеното решение е врз основа на чл.62 ст.2 од ЗКП, бидеќи Основното јавно обвинителство Велес со писмен поднесок од 02.03.2026 година го извести Судот дека го повлекува обвинителниот предлог против обвинетиот и се откажува од понатамошно гонење за кривичното дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ. Лазар Нанев е поранешен судија и поранешен претседател на Основен суд Кавадарци. Против него во Основен суд Велес се водеше парница по предметот К.бр. 224/ 25 за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ. На 16 октомври 2024 година Судскиот совет го разреши Нанев од функцијата судија заради две поднесени дисциплински постапки за 97 телефонски јавувања во само неколку дена со обвинет во предмет што го судел. Покрај тоа, обвинителка од Кавадарци го пријавила Нанев за притисоци и недолично однесување. Токму обвинителниот предлог по кој постапуваше Основното јавно обвинителство Велес против Нанев е за подонесената кривична пријава од Судски совет за предметот заради кој беше разрешен.Тагови: обвинителство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштатаАкциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење.Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, во периодот од 3 до 9 август 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведувањето на засилени сообраќајни контроли во рамки на Европската недела на контроли. Акциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и нивните последици. Имајќи предвид дека се наоѓаме во период на летни одмори, кога е зголемена фреквенцијата на возила на патиштата, сообраќајната полиција ќе спроведува засилени контроли и превентивно-репресивни мерки на патните правци низ целата држава. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја приспособат брзината на условите на патот и со одговорно однесување да придонесат за зачувување на сопствената безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзијаПациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена.Во болницата во Гостивар, среде епидемија предизвикана од загадена вода, дежура:• еден специјалист инфектолог • четворица специјализанти • и дерматолози. Ова е состојбата на здравствениот систем што треба да се справи со масовно труење на граѓаните. Пациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена. Додека ова се случува: • Мицкоски и Клековски се на екскурзија. • Тошковски, откако го спроведе хиперхлорирањето, сега како „искусен експерт“ им предлага на граѓаните да ги испуштаат цевките - да го испуштат проблемот со бактеријата. • Сѐ уште нема официјален документ кој потврдува дека водата е технички исправна. Напротив - беше потврдено присуство на бактерија (вклучително и од директорот Стојанче Ангелов). • Тошковски сега најавува нови анализи на водата - затоа што досега очигледно не биле правено како што треба. Граѓаните се трујат. Болницата е преоптоварена. Пациентите се возат во друг град. А Мицкоски и неговата екипа на екскурзија. Ова не е кризна состојба, ова е целосен колапс на одговорноста. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧаир доби 20 нови клупи за граѓанитеОпштина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри услови за одмор и престој на граѓаните.Клупите се поставени во Топаана, Гази Баба, на улицата „Емин Дураку“, зад Чаирската џамија, како и во близина на маркетот „Сарај“ во Чаир, со што се збогатува урбаната опрема и се подобрува функционалноста на јавните простори. Поставувањето на урбаната опрема ќе продолжи и на други локации, согласно потребите на населбите и барањата на граѓаните, како дел од заложбите на Општина Чаир за создавање поуредена, пофункционална и поквалитетна урбана средина. Општина ЧаирТагови: Општина Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook