МагазинЗапознавте некого онлајн? Жени откриваат како првата средба да ја направите побезбеднаЗа да се чувствувате побезбедно при запознавање нови лица, BuzzFeed понуди корисни трикови и препораки на читатели што секој кој користи апликации за запознавање би требало да ги знае.За да се чувствувате побезбедно при запознавање нови лица, BuzzFeed понуди корисни трикови и препораки на читатели што секој кој користи апликации за запознавање би требало да ги знае. Пред првата средба Првата средба секогаш договорете ја на јавно место, кафуле, бар, и однапред проверете ги излезите. Една корисничка советува: „Секогаш го барам презимето на личноста што сум ја запознала преку апликација. Ако некој не сака да ми го каже, не излегувам со него. Во случај да се случи најлошото, барем го имам целосното име и презиме на личноста“. Некои бараат фотографија од личен документ, на пример, возачка дозвола со прекриена адреса или датум на раѓање. „Секогаш се нудам и јас да го испратам истото, зашто повеќето мажи очекуваат да им верувам и не сакаат да го откријат целосното име и презиме. Премногу гледам документарци со злосторства, а и самата бев жртва на сексуален напад, па извини другар, ако ти пречи мојата безбедност“, прокоментирала една читателка. Пред да излезете, задолжително известете ги пријателите каде одите и во кое време. „Ако личноста со која излегувам, има автомобил, веднаш им кажувам на пријателките каков модел е, бојата и регистарската ознака. Ако во текот на средбата одиме на друга локација, им го кажувам и тоа. За среќа, технологијата напредуваше, па ја споделуваме локацијата во реалното време“, вели една корисничка. Секогаш одете со сопствен превоз. „Неколкупати ми се случило, дечкото да ме собере, па да останам заробена. Ако средбата почне лошо, или се чувствувате непријатно, секогаш сакате да заминете брзо“, гласи еден коментар. Ако не возите, некој пријател нека биде спремен да ве собере. На првите состаноци одете дење. „Кога првпат излегувам со некого, не одам ако се стемнува. Не дозволувам да ме вози дома, а член на семејството секогаш има пристап до мојата локација“, коментира една читателка. Исто така, корисно е пред средбата да остварите телефонски разговор 20-30 минути. Тоа открива многу повеќе од допишувањето, полесно е да го прекинете повикот, отколку да излезете во живо. Дигитална безбедност Однесувањето пред првата средба може да биде предупредувачки знак. Една корисничка напишала: „Ако мажот се налути што не му го давам телефонскиот број или Snapchat пред воопшто да се запознаеме во живо, тоа е знак за тревога и веднаш го блокирам“. Друга корисничка препорачува да се користи друг телефонски број. Поврзан е со посебна е-адреса, а лицето не го слуша вашето целосно име во говорната пошта.“ Истото важи и за социјалните медиуми - размислете да споделите профил што не е ваш главен за да ја заштитите приватноста и да спречите несакан контакт со вашето семејство и пријатели. Ако за време на средбата се најдете во несакана ситуација, можете дискретно да побарате помош. „Однапред најдете го телефонскиот број на барот и зачувајте го. Ако се чувствувате непријатно, можете да отидете во тоалет и да им се јавите“, е еден од многуте коментари. Многу барови имаат кодни зборови за такви ситуации. Проверете во женскиот тоалет дали постојат натписи со упатства. Обично, станува збор за нарачување на специфичен пијалак, по што персоналот ќе реагира. Една шанкерка го сподели својот пример: „Една девојка дојде порано и ни кажа дека ќе нарача „менхетен“ ако се најде во незгодна ситуација. Мислам дека тоа е подобар метод од познатите шифрирани фрази, особено ако лицето со кое сте на состанок може да ве чуе што зборувате.“ Плаќањето со готовина наместо со картичка може да спречи непријатност. Една читателка сподели ситуација во која се нашла: „Еднаш, додека бев во тоалет, еден маж ја погледна мојата картичка и го запомнил моето целосно име. Ме најде онлајн и се појави пред мојот стан. Беше страшно и оттогаш користам само кеш кога излегувам“. Една корисничка навела дека секогаш го плаќа својот дел од сметката за да не се чувствува должна, а и да биде сигурна дека личноста не очекува ништо од неа. За првата средба изберете кратка активност, на пример, кафе. Добар избор се активности што вклучуваат повеќе луѓе, на пример, караоке. Така, ако работите станат чудни, би имале цел простор лица кои би можеле да помогнат. И секако, никогаш не оставајте ја пијачката без надзор. Кога ќе тргне на лошо Ако сте загрижени и се сомневате дека некој ве следи со автомобил, свртете десно 4 пати по ред. Ако возилото и понатаму ве следи, возејќи во круг, упатете се право во полициска станица. Ако се чувствувате загрозено на јавно место, не молчете! Една читателка советува: Направете сцена за луѓето да сфатат што се случува. Веројатно лицето ужива во чувството на моќ што го има додека ви станува непријатно, па свртете ја ситуацијата во ваша корист и јавно посрамотете го“. Постојат и креативни стратегии за бегство. Еден од советите е со себе да носите лажна чанта што не ви е важна. Ако живеете во зграда и мислите дека некој ве следи, не вклучувајте го светлото само што ќе стигнете, почекајте неколку минути за лицето да не види кој прозорец е ваш. Исто така, внимавајте со т.н. „спасувачи“. Ако средбата ви биде откажана во последен момент, а во близина се најде некоја „добра душа“ која сака да ве утеши, тоа може да е наместено. Некои тоа го прават за да излезат херои или полесно да манипулираат со вашите чувства. Поставувањето граници е клучно од самиот почеток. Една корисничка открива: „Секогаш велам дека имам други планови после состанокот. Тоа ми дава јасен излез и ги отстранува сите очекувања“. Друга напишала: „Му кажав на момчето дека морам да си заминам до 23 часот затоа што ѝ ветив на сестра ми дека ќе ѝ пишам од станот. Тој постојано се обидуваше да ме натера да останам подолго и тогаш сфатив дека повеќе не сакам да го видам.“ Ако се чувствувате небезбедно, разговарајте со некого на шанкот - келнерот, шанкерот или некоја жена во тоалетот. Ако одлучите да си одите дома со некого, преземете мерки на претпазливост. Еден корисничка споделила: „Јас ја сликам нивната возачка дозвола и ја испраќам до мојот најдобар пријател, заедно со линкови од нивните профили на социјалните мрежи.“ Важен совет На крајот на краиштата, најважно е да му верувате на инстинктот. „Дури и ако мислите дека предупредувачкиот знак е мал или дека претерувате, слушајте го своето тело. Го слушав својот инстинкт порано и избегнав многу потенцијално опасни ситуации“, гласеше еден од коментарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победатаЗаврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ За 21 часот државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор кјруг за градоначалник во Брвеница.. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Жешка одбојкаркаАтрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм. Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа. Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм. Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами. На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок. Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата. За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил. Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАлта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook