Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
2Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
ЗабаваЗапознајте ја Амира, најубавата принцеза на светот (фото)За Амира Ел Тавил многумина ќе ви речат дека е најубавата принцеза на светот, но воедно и дама со несекојдневна животна приказна, голема хуманитарка, филантроп, меѓународна модна икона.Амира ел Тавил (33) е принцеза од Саудиска Арабија. Родена е во Ријад, град каде, поради разводот на родителите, израснала со нејзината баба и мајка. A post shared by أميرة الطويل•صفحة معجبين• (@ameerahaltaweel0) on Aug 12, 2014 at 7:30am PDT Принцезата Амира беше пет години во брак со принцот Алвид Бил Талал, а го запознала додека го интервјуирала за весникот на своето училиште. После разводот, таа се решила да се посвети на образованието, па се стекнала со диплома магистер за бизнис администрација. Тука нејзините успеси не завршуваат. #ameerahaltaweel #glamour #loreal #redcarpet #showbiz #gown #assymetrical #maxi #batwing #saudiarabia #arab #AlwaleedbinTalalFoundation #philanthropist #fashion #style #styleinspiration A post shared by Fashion Creative Soul 💋 (@___fcs___) on Jan 29, 2017 at 9:26am PST Оваа убавина започнува да се занимава со хуманитарна работа во својата земја, но и во другите држави. Така дојде до позицијата директор на извршниот одбор „Ал Валид бин Тала“, организација која е посветена на борбата против сиромаштијата, меѓуверскиот дијалог и правата на жените. Покрај одличниот пример на самостојна и силна жена, Амира многумина воодушеви со својот моден стил, односно фактот дека ги отфрли традиционалните правила на својата земја. Исто така често можеме да ја видиме во модни комбинации кои претставуваат микс на традиционалниот и модерниот стил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИзложба на астровотографии: Небесно платноИзложбата „Небесното Платно“ низ објективот на Скопско Астрономско Друштво претставува групна изложба на извонредни астрофотографски дела, претежно снимени под македонското небо. Централната цел на изложбата е да ја нагласи компетентноста на домашните астрофотографи, членови на Скопското астрономско друштво (САД) и нивната способност да ја истакнат својата уметничка и креативна страна преку врвни технички вештини. Астрофотографијата, која е централен елемент на оваа изложба, не е само техничка вештина, туку е длабока форма на уметнички израз. Таа ја премостува човечката визија со бесконечноста на универзумот. Преку привлечна визуелна естетика, овие дела служат како моќна алатка за популаризација на науката, охрабрувајќи ја публиката, особено младите, да го истражуваат универзумот и природните закони. Фотографиите ги трансформираат невидливите феномени на универзумот, како што се маглините, галаксиите, лунарните пејзажи и небесните појави во уметнички дела со силна визуелна естетика. Изложбата функционира како моќна едукативна алатка која го користи визуелното искуство за да ја доближи астрономијата до широката публика, инспирирајќи љубопитност и истражување. Авторите, ја демонстрираат својата експертиза со што создаваат услови за филозофско размислување за нашето место во Вселената. Изложените дела се директен доказ за високо ниво на техничка изработка и секоја фотографија е резултат на посветеност, на уметноста добиена од податоци снимени под автентичното македонско небо. Изложбата ќе се отвори на 25.11.2026. во Музеј на град Скопје во 19:30ч. Куратор на изложбата е мр.Станимир Неделковски. Изложбата и Каталогот се реализирани од Музеј на град Скопје, а финансирани од Град Скопје.Тагови: Изложба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрама во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од домаТурските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата. SON DAKİKA / İstanbul Sarıyer’de aslan paniği: Yakalama çalışması başlatıldı İstanbul’un Sarıyer ilçesine bağlı Uskumruköy Mahallesi’nde aslan görüldüğü bildirildi. Aslanın yakalanması için bölgede çalışma başlatılırken, yetkililer çevrede yaşayan vatandaşları dikkatli ve tedbirli olmaları konusunda uyardı. Aslan termal kameralar ve güvenlik kameralarıyla tespit edildi. — Aykırı (@aykiri) November 22, 2026 Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си. Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики. Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter