Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата
1Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата
ЖивотЗапознајте го детето кое не може да почувствува болка5 годишниот Исак Браун не чувствува болка. Кога беше мал постојано си го удираше лицето од масата и мислеше дека тоа е забавно - вели неговата мајка. Исак дури при пад на игралиште еднаш ја скршил карлицата, и не почувствувал болка!Еј Би Си ја пренесува приказната за детето од Ајова кое не чувствува болка. Времето кога Исак беше многу мал за нас беше ноќна мора - велат неговите родители Кери и Ренди Браун. - Постојано паѓаше на земја и си го удираше лицето од масата. Мислеше дека тоа е забавно! - вели мајката на Исак, Кери. Тие побарале помош на лекар но не добиле објаснување за состојбата на Исак. Медицината малку знае за ова пореметување. Добиле само совет постојано да гледаат што прави детето и ако забележат дека се удрил, да го однесат на лекар. Повеќе корисни совети добиле кога нашле сајт на кој родители на деца со ист проблем ги споделувале своите искуства. - Го учевме Исак дека крвта е лоша, дека ако некој го згазне или ако се удри треба да викне - ОФ, да знаеме дека можеби се повредил - вели Ренди Браун. Исак еднаш скршил чаша која и ја покажал на мајка му, без да забележи дека стаклото му се зарива во раката. Во друг случај, ја ставил раката на рингла и не почувствувал никаква болка. Кога паднал од лулашка и ја скршил карлицата, почувствувал дека нешто не е во ред, но се додека не направиле рентгенска снимка не знаеле дека се работи за скршеница. - Нешто почувствувал, но болката мора да била 20 до 30 пати посилна од она што би го издржале другите луѓе, за нешто воопшто да почувствува. Мислеше дека малку го боли глуждот! - вели Ренди. И тоа не е единствениот проблем. Исак никогаш не се поти, и мора да носи специјален елек за ладење кога е претопло. Погледнете повеќе во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицатаОпштина Центар го асфалтираше и последниот дел од улицата „Ленинова“, од „Илинденска“ до Министерството за земјоделство. Паралелно се уредуваат пешачките површини, рабниците и зеленилото, со што се привршува целосната реконструкција на улицата. Во изминатите три дена засадени се 16 нови липи, а хортикултурното уредување продолжува со садење украсни грмушки по должината на целиот потег. „Се работи за комплексен зафат, реконструкција на ,,Ленионова“ од „Партизански одреди“ до Паркот на Франкофонија. Со обновено осветлување, нови пешачки зони и коловоз, санирање на кружниот тек на кростосница со „Орце Николов“ и ново зеленило, „Ленинова“ го менува ликот, но уште поважно, станува побезбедна за сите што ја користат: пешаци, велосипедисти и возачи. Ова е улица со која центарци ќе се гордеат“, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Во 2023 година беше реконструиран првиот дел од „Ленинова“, од булеварот „Партизански одреди“ до булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Тогаш беа поставени нов асфалт, водоводна и атмосферска канализација, реконструирани тротоарите, поставено ЛЕД-осветлување и воведен резидентен паркинг. Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита ОрбанВо рамките на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан.На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, како на билатерален план, така и во рамките на регионалните и мултилатералните формати. Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на европската перспектива на Западниот Балкан и на потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на Европската Унија, како важен поттик за реформите, развојот и стабилноста на регионот. Министерот Муцунски ја поздрави силната и континуирана поддршка од Унгарија за европската интеграција на Западниот Балкан. Воедно, беа разменети мислења за актуелните регионални и безбедносни предизвици, при што беше нагласена заедничката определба за зачувување на мирот, стабилноста и натамошно унапредување на регионалната соработка.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноемвриИзведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди. Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања. Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски. Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции. Национална опера и балетТагови: балетска приказна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter