Запознајте ги Стела и Сани – првите македонски 3D анимирани карактери (ВИДЕО) - Канал 5

Запознајте ги Стела и Сани – првите македонски 3D анимирани карактери (ВИДЕО)

Одлична вест за сите родители на деца до 10 години: едуцирајте ги вашите деца на нов, иновативен начин преку 3Д видеа 

Запознајте ги Стела и Сани – првите македонски 3D анимирани карактери (ВИДЕО)

Стела и Сани се малите херои од првите 3Д анимирани видеа наменети за едукација и анимација на деца создадени од македонското студио за филмска продукција и пост продукција „Вертиго Висуал” со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој.

До сега, ова студио има работено визуелни ефекти за повеќе 50 филмови од холивудската А листа, популарни box office хитови и добитници на бројни награди на престижните меѓународни фестивали, а по повод својата 15 годишнина од постоење и успешна работа го промовираше својот мега-проект „Стела и Сани” – серијал од високо квалитетни авторски 3Д видеа на македонски и албански јазик, наменети за супер – забавна едукација на децата преку музика и игра.

Овој проект доаѓа во вистински момент, кога слободната имагинација на децата, а несомнено и на возрасните, е потребна повеќе од било кога и е клучна за развојот на едно дете во тие исклучително важни години.

Првото видео од серијалот можете да го погледнете на Youtube каналот на „Стела и Сани”.

Во него преку песна се учат буквите на македонската азбука.

YouTube video

„Примарната цел на овој проект е креирање на нов македонски и албански бренд - домашна авторска содржина за анимирање и едукација на деца на возраст до 10 години“ – вели Дејан Пановски, извршен директор на „Вертиго Висуал”. „Сепак, не застануваме тука: освен овие видеа на кои сме навистина горди, „Стела и Сани” ќе ги продолжат своите авантури и низ сите дигитални, но и печатени формати. Веќе работиме и на развој на Веб-платформа, како и на апликации, интерактивни игри, боенки...буквално сите алатки со кои можеме да го олесниме и направиме ова секојдневие пошарено и за децата, и за родителите кои ќе ги користат „Стела и Сани” во неопходната едукација и анимација на своите најмлади.“ – дополнува Пановски.

Важен дел од самиот проект е издавањето на едициите на книги за деца во кои, преку квалитетна домашна содржина, ги развиваме читателските навики кај децата уште од најрана возраст. На книгите работат домашни реномирани автори, илустратори и креативци, со цел да се создадат врвни изданија што одговараат на светските стандарди.

Од наша страна ангажирани се професионалците во пишувачката дејност како Бистра Георгиева, Винка Саздова, Венко Андоновски, Јагода Михајловска-Георгиева. Со овој проект ќе создадеме три едиции на книги кои ќе ги опфатат сите категории на литературата за деца, поделени според возрасни групи од 1 до 15 години. Веќе денес ја промовираме првата сликовница со наслов „Во овој балон нема место за еден слон“, која може да се најде во Книжарниците на ТРИ и во нашата продажна мрежа.“– вели Љубомир Саздов од Издавачкиот центар Три.

Проектот е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на Јавен повик за кофинансирани грантови за комерциајлизација на иновации.

Фондот, во рамки на своите заложби за обезбедување иновативни модели на учење поддржува иновативни проекти кои имаат за цел да овозможат пристап до креативна и квалитетна содржина за генерациите кои се повеќе време поминуваат онлајн. Видеата од овој серијал на интересен и едукативен начин обработуваат различна тематика со цел да ги научат децата на најосновни работи. Темите опфаќаат: изучување на македонската и албанската азбука, изучување на животните, поттикнување на навики за лична хигиена и зачувување на животната средина, другарство и мултиетнички соживот, толеранција и пријателство, изучување на боите, предметите, околината и сл, а визуелно и продукциски ги исполнуваат највисоките стандарди.

Доколку сакате да ги запознаете Стела и Сани и да учествувате во нивните авантури заследете го Youtube каналот и добивајте нотификации за секое ново видео. Дел од приказните на двајцата јунаци и идеи за игри и учење ќе најдете и на Facebook страницата Стела и Сани и на Инстаграм профилот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

30-годишен шпански фудбалер почина по ужасен прекршок

Шпанскиот фудбалер Хесус де Мигел Аламеда (30) починал денес, по тешка повреда здобиена за време на натпревар во шпанската втора лига помеѓу Тенерифе и Андора. 

30-годишен шпански фудбалер почина по ужасен прекршок

Тажната вест ја соопшти неговиот клуб, Тенерифе, потврдувајќи дека напаѓачот починал во 8:00 часот наутро по локално време.

„Скршени од тага, со стегнати грла и не можејќи да поверуваме дека ова е вистина, ЦД Тенерифе ја објавува трагичната вест дека Хесус де Мигел Аламеда починаво вторник, 3 ноември 2026 година, во 8:00 часот наутро. Не постојат зборови за утеха, нема апсолутно ништо што може да ја ублажи оваа огромна тага. Стоиме покрај неговото скршено семејство, неговите блиски и сите навивачи на Тенерифе, кои денес тагуваат поради овој суров исход. Семејството на Хесус де Мигел изразува благодарност за секој гест на поддршка, а истовремено упатува и искрена молба за максимално почитување на нивната приватност во овие ужасни моменти“, соопштија од Тенерифе.

Трагедијата се случила по натпреварот помеѓу Тенерифе и Андора, одигран во понеделникот на стадионот „Хелиодоро Родригез Лопез“.

Во судиското надополнување, при нерешен резултат 2–2, Де Мигел тргнал кон топката, обидувајќи се да организира контранапад за домашниот тим. Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, при што дојде до судир со напаѓачот на Тенерифе.

Во обидот да интервенира, Овоно несреќно со нога силно го удри Де Мигел во глава играчот падна на теренот и ја изгуби свеста.

Фудбалерите од двете екипи веднаш побараа лекарска помош, а глетката на теренот предизвика голема загриженост и кај играчите и кај гледачите.

Медицинскиот тим му пружи помош на Де Мигел на самиот терен, по што тој беше изнесен на носила и внесен во возило на брза помош. Според извештаите на шпанските медиуми, фудбалерот доживеал срцев удар, но медицинскиот персонал успеал да го реанимира. Натпреварот беше прекинат и не продолжи. Поради прекршокот, на Овоно му беше покажан директен црвен картон.

Де Мигел беше примен на одделението за интензивна нега во Универзитетската болница „Нуестра Сењора де Канделарија“ во Санта Круз, Тенерифе.

Во понеделникот вечерта, клубот соопшти дека неговата состојба е стабилна, но сепак сериозна. Сепак, во текот на ноќта неговата состојба се влошила. Во раните утрински часови денес од Тенерифе известија дека невролошката состојба на фудбалерот се влошила. Неколку часа подоцна, клубот ја објави трагичната вест за неговата смрт.

Де Мигел е роден во Мадрид, а во Тенерифе пристигна во летото 2025 година од Кастељон. Претходно настапуваше за неколку шпански клубови, при што особено се истакна за време на престојот во Кастељон, каде што му помогна на тимот да избори пласман во втората шпанска лига. Во Тенерифе пристигна како клучно засилување во нападот и набрзо стана еден од најистакнатите играчи во тимот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоковиќ за промената на власта: Секогаш сум го претставувал својот народ, а не Владата

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ зборуваше за политичките промени во  неговата земја на прес-конференција пред почетокот на Мастерсот во Париз.

Ѓоковиќ за промената на власта: Секогаш сум го претставувал својот народ, а не Владата

Ноле истакна дека во текот на својата кариера го претставувал својот народ и изрази надеж дека неговата земја ја очекува подобра иднина.

Повод за тоа било прашање од новинар кој претходната недела престојувал во Србија. Тој го пренесол впечатокот дека никогаш нема видено толку многу среќни луѓе, но и ставовите на соговорниците кои сметаат дека Ѓоковиќ претходно бил изложен на неправедни критики и обиди за дискредитација од страна на државниот врв.

Новинарот се интересирал како тој се справува со еден таков однос, особено со оглед на успехот што ѝ го посвети на Србија и патриотизмот што го истакнуваше.

Ѓоковиќ одлучи одговорот да го насочи кон иднината.

– Нема да зборувам за минатото, ниту пак ќе го коментирам. Минатото е минато и се надевам дека ова е нов почеток за нашата земја. Да, јас сум патриот, но секогаш сум го претставувал својот народ, а не Владата. Тука постои голема разлика. Среќен сум поради овие промени и се надевам дека нашата земја ќе напредува и ќе има добра иднина – рече Ѓоковиќ.

Во продолжение на конференцијата, фокусот се префрлил на неговите спортски амбиции.

Ѓоковиќ беше прашан за неговиот пристап кон натпреварувањата и за мотивацијата за настапи надвор од четирите најголеми турнири. По „Ју-Ес Опен“, тој почесто излегуваше на теренот, па новинарите се заинтересираа дали ги променил своите приоритети. Неговиот одговор покажа дека грен слем турнирите сè уште заземаат посебно место во неговите планови.

– Грен слем турнирите, се разбира, сè уште се најважните турнири што ги имаме. За мене, а верувам и за 99 отсто од играчите. Тоа се историските столбови на нашиот спорт, турнири на кои сакате да го прикажете својот најдобар тенис и да го запишете своето име во историјата. Сè уште сакам да го дадам својот максимум на грен слем турнирите, но, секако, би сакал да играм добро и на другите турнири – изјави Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14 000 тони комунален отпад

Во текот на месецот октомври, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14 000 тони комунален отпад

Во истиот период, од јавни и сообраќајни површини се отстранети и 950 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад. Најголемо количество отпад од диви депонии -200 кубни метри- е подигнато во општината Чаир.

Во текот на минатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 83 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти што биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 47, се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје преку рачно и машинско метење и миење секојдневно ја одржува јавната хигиена на скопските булевари и улици, како и плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода" и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.

Вработените во администрацијата на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во текот на месецот октомври земаа учество и во масовната еколошка акција „Не оставај ѓубре, остави пример“, организирана од Градот Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер