Започнува вакцинацијата на вработените од Здраствениот дом-Кичево - Канал 5

Започнува вакцинацијата на вработените од Здраствениот дом-Кичево

 Покрај вработените во Општата болница, кои од вчера започнаа со вакцинирање против Ковид 19, за овие два дена ќе бидат вакцинирани 59 здраствени работници директно вклучени во лекувањето на болните од овој вирус.

Започнува вакцинацијата на вработените од Здраствениот дом-Кичево

Од денеска започнува вакцинацијата на вработените од Здраствениот дом во Кичево, кои во повеќе групи ќе ја примат вакцината во модуларниот ковид центар во Скопје.

– Денеска првата група наши вработени ќе ја примат вакцината против Ковид 19 во модуларниот ковид центар во Скопје. Потоа преостанатите вработени од брзата помош, поделени во четири групи од по шест лица ќе патуваат за Скопје за да се вакцинираат. Засега вакцина ќе примат само вработените од првата помош и тоа од 32 вработени во оваа служба, четворица не се согласни да примат вакцина против Ковид 19, информира директорот Џабир Бајрами.

Тој нагласи дека по пристигнувањето во земјава на поголеми количества вакцини ќе се вакцинираат сите вработени во Здраствениот дом.

– Бидејќи земјава располага со ограничен број на вакцини, затоа во приоритетна група се само вработените во брзата помош, кои секојдневно се во директен контакт со секаков вид болни, па и од ковид 19,и затоа им се даде предност при вакцинацијата.Кога ќе пристигнат најавените, поголеми количества, тогаш ќе се вакцинираат сите преостанати вработени од Здраствениот дом Кичево, потсети директорот Бајрами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Под контрола е пожарот во Сопиште: Направен е коридор за спас на шумата на Водно, гасат и „ер-тракторите“

Ставен под контрола е големиот пожар што попладнево избувна на територијата на општина Сопиште, зад Водно.

Под контрола е пожарот во Сопиште: Направен е коридор за спас на шумата на Водно, гасат и „ер-тракторите“

Градоначалникот на Сопиште, Јане Мицевски, во изјава за Канал 5 вели дека населението е вон опасност, а направен е коридор за да се спаси шумата на Водно.

Пожарот, кој избувнал над самото село чифлик засега е под контрола, благодарение на интервенцијата на скопската противпожарна бригада, ДЗС, како и доброволното друштво и месното население.

Во гасењето учестувуваат и три авиони ер-трактор, а на терен интервенираат и четири пинцгауери.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси

Во стабилна здравствена состојба пристигна 28 годишниот скопјанец кој има повреди на ‘рбетниот мозок заради пад од тобоган на летување во Турција.

28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси

Повредениот пристигна со владиниот авион со тимот предводен од доктор Марта Тренева во комплексот „Мајка Тереза“ и беше итно донесен во ургентниот центар. Тимот на доктори предоводени од директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски објаснија дека операцијата во турската болница е добро направена и по две недели тамошно болничко лекување е донесен во Македонија.

28 годишниот е хоспитализиран во единицата за интензивно лекување и ќе се следи неговата здравствена состојба, објаснуваат докторите.

Скопјанецот се повредил на 22 јули каде бил итно опериран, тој преживел тешка повреда на ‘рбетниот мозок и морало итна интервенција. По итна постапка и во координација со Владата, Фондот за здравствено осигурување и Службата за општи и заеднички работи беше обезбеден владин авион со кој пациентот беше транспортиран во Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата - брзината одзема животи

Засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL.

МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата - брзината одзема животи

Во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Прекумерната брзина не е само прекршок – таа е една од најчестите причини за тешки сообраќајни незгоди со трагични последици. Секое пречекорување на ограничувањето го зголемува ризикот од незгода и ја намалува можноста за навремена реакција.

Затоа апелираме до сите возачи да ја намалат брзината, да ја приспособат на условите на патот и да возат одговорно. Почитувањето на ограничувањата значи поголема безбедност за вас, за вашето семејство и за секој друг учесник во сообраќајот.

Нашата цел е една – секој човек безбедно да стигне до својата дестинација.

Намали брзина. Спаси живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер