Започнува регрутирање на 10.000 граѓани во Велика Британија за тестирање на вакцина за Ковид-19

Универзитетот Оксфорд и мултинационалната компанија „AstraZeneca “ ќе регрутираат околу 10.000 возрасни и деца во Британија за тестирање на експериментална вакцина за коронавирус.

Институциите низ Велика Британија започнаа со регрутација на 10.260 луѓе за да утврдат како имунолошкиот состав реагира на вакцината и колку таа е безбедна, објави Универзитетот.

Истажувачите бараат предност за здравствените работници и припадниците на другите дејности кои работат со луѓе за да се добие јасен сигнал за успешноста на вакцината затоа што тие сектори се среќаваат со заразени секојдневно за време на работата.

Првата фаза од експериментот започнала на 23 април и со таа фаза биле опфатени повеќе од илјада волонтери стари од 18 до 55 година, а Оксфорд соопшти дека во втората и третата фаза ќе учествуваат луѓе постари од 56 како и деца помеѓу 5 и 12 години.

Но успешноста на вакцината ќе биде позната дури за два до шест месеци, објави Оксфорд.

притисни ентер