Започнува ракометната Лига на шампиони - Канал 5

Започнува ракометната Лига на шампиони

Со двата натпревара што се играат вечерва во А групата, стартуваат дуелите и од Лигата на шампионите во ракомет.

Започнува ракометната Лига на шампиони
Единствениот руски претставник Санкт Петербург го пречекува унгарскиот првак Веспрем, додека бундеслигашот Рајн Некар Ловен е домаќин на украинската екипа Мотор Запорожје.

Последниот натпревар од А групата се игра во сабота, Загреб КО е домаќин на Цеље.

Македонските екипи Вардар и Металург своите натпревари од Ц групата ќе ги играат во сабота.

Во Скопје кај Вардар ќе допатува европскиот вицепрвак Барселона со Кирил Лазров, додека Металург гостува во Швајцарија кај екипата на Вакер Тун.

Натпреварите од Б групата се играат во недела, а двојките се: Висла - Кил, Колдинг - Порто и Киелце - Данкерк.

Европскиот шампион Хамбург во рамките на групата Д во 1.коло во сабота гостува кај Ла Риоха, истиот ден Горење е домаќин на Халмштад, а во недела на програмата е дуелот Флензбург - Алборг. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родри славеше пред лицето на Силва, а потоа му се извини: „Не беше во ред“

Капитенот на Шпанија, асот на Манчестер Сити, Родри јавно му се извини на долгогодишен клупски другар, Португалецот,  Бернардо Силва по победата на Шпанија над Португалија (1:0) во осминафиналето на Светското првенство

Родри славеше пред лицето на Силва, а потоа му се извини: „Не беше во ред“

Капитенот на Шпанија, асот на Манчестер Сити, Родри јавно му се извини на долгогодишен клупски другар, Португалецот, Бернардо Силва по победата на Шпанија над Португалија (1:0) во осминафиналето на Светското првенство, признавајќи дека не се однесувал спортски на крајот од натпреварот.

Непријатната ситуација меѓу поранешните соиграчи од Манчестер Сити се случи веднаш откако Микел Мерино го постигна победничкиот гол за Шпанија.

Бернардо Силва набрзо потоа пропушти одлична шанса за израмнување, а Родри многу гласно и „диво“ го прослави неговото промашување, предизвикувајќи видлива реакција од португалскиот играч од средниот ред.

Иако тензиите стивнаа веднаш по натпреварот, Родри во разговор со новинарите нагласи дека мисли дека направил грешка.

„Како прво, сакам да се извинам затоа што не се однесував коректно кон мојот колега. Инстинктивно ја прославив неговата грешка, што беше погрешна од моја страна. Тој ми прости и му се извинувам уште еднаш“, рече Родри.

Иако беше прогласен за најдобар фудбалер на еврпското дерби, шпанскиот капитен изјави дека признанието не требало да му припадне нему.

„Кога ќе влезете од клупата и ќе го постигнете одлучувачкиот гол на таков начин, тогаш вие сте играч на натпреварот. Јас би му ја доделил наградата на Мерино. Залагањето на целиот тим беше за паметење“, заклучи Родри, оддавајќи признание на стрелецот на победничкиот гол што ја одведе Шпанија во четвртфиналето на Светското првенство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка несреќа во Турција: Се преврте автобус – има загинати, 40 повредени

Еден повозрасен патник им подлегна на повредите откако автобус полн со патници се преврте во Турција. 

Тешка несреќа во Турција: Се преврте автобус – има загинати, 40 повредени

Во болниците продолжува лекувањето на уште 40 повредени лица.

Несреќата се случила на автопатот Каман-Анкара, во близина на Кирикале, кога возачот изгубил контрола над возилото, по што автобусот се превртел, јавува Анадолија. Повредените со возила на брза помош биле пренесени во градските болници.

На терен се екипите на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби, противпожарната служба, здравствената служба, жандармеријата и полицијата.

„Теренот стана лизгав поради првиот утрински мраз. Незгодата беше предизвикана од лизгавиот пат. Уште еднаш гледаме дека сите патници во нашите автобуси мора да носат сигурносни појаси“, рече Сарибрахим. Како што наведе тој, возачот на автобусот е задржан во притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: За коалицијата СДС-Левица важен е само интересот на Венко Заев и Апасиев

За коалицијата СДС-Левица важен е само интересот на Венко Заев и Апасиев, затоа на штета на државата и дијаспората го блокираат Изборниот закон.

ВМРО-ДПМНЕ: За коалицијата СДС-Левица важен е само интересот на Венко Заев и Апасиев

Некогаш заткулисната и тајна коалиција, СДС и Левица веќе не се крие. За оваа коалиција нема државен и национален интерес, за неа еден и единствен е личниот интерес на Венко Заев и Димитар Апасиев.

Така, коалицијата СДС-Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, во кој се вметнати забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и барањата двете политички партии кои со месеци беа усогласувани на работните средби за овој закон.

Венко Заев и СДС, од страв од длабок пораз, се спротивставуваат на решението македонската дијаспора да гласа во што поголем број. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е дијаспората да може да го искористи своето право на глас по електронски пат или по пошта.

Но, од СДС и Венко Заев ваквиот предлог беше одбиен, затоа што голем е стравот и паниката кај нив, за тоа дека македонските граѓани кои ја напуштија државата во периодот на нивно владеење, кое не е така одамна, нема да ја поддржат нивната политика, а со тоа ќе доживеат уште поголем пораз на следните претседателски избори.

Апасиев и Левица, пак, и покрај тоа што добија прифаќање на своите предлози во делот на финансирањето на изборните кампањи, тие не го потпишуваат договорот кој беше граден со месеци, во работната група меѓу сите политички партии.

Целта им е да се претстават пред јавноста како партија која со која нема преговори и која не прави компромиси. Жално е што на ваков начин, на штета на македонските граѓани кои од мака заминале од државата, се обидуваат да добијат политички поен повеќе.

Со ваквата блокада, не и се наштетува само на дијаспората, туку се доведува во прашање и исполнувањето на реформските обврски на државата и поради тоа Европската Унија повика на консензус и на навремено донесување на Изборниот законик.

Едноцифрените рејтинзи на СДС и Левица во континуитет од неколку години, ги доведе до стадиум на избезуменост и спроведување на политики со негативни последици по двете партии, но и на државата и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот и повикува Изборниот законик треба да биде донесен со широк политички консензус, во интерес на државата, реформите и обезбедувањето можност македонската дијаспора по електронски пат да го оствари своето право на глас.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер