Започнува осмиот меѓународен турнир во ракомет „Миле Нешкоски“

Овогодишниот турнир ќе биде еден од најдобро организираните досега, истакнаа организаторите на денешната прес-конференција на која го најавија осмиот меѓународен турнир во ракомет „Миле Нешкоски“.

Турнирот, кој е во чест на ракометарот Миле Нешкоски, ќе се одржи во Прилеп овој викенд, од 25 до 28 август.

Натпреварите ќе се одвиваат 4 дена редоследон почнувајќи од 13 до 20 часот.

Организаторите добија поддршка од Агенцијата за млади и спорт, Ракометна федерација и Бизнис секторот од градот Прилеп.

Како што истакнаа на прес-конференцијата, на турнирот ќе учествуваат осум екипи од кои, шест се од македонската суперлига и две од странство, екипата на РК Кокс од Финска и екипата на РК Дубочица од Лесковац, Србија.

Екипите ќе бидат поделени во две групи, ќе има вкупно 16 натпревари распоредени во четири натпреварувачки дена. Во првата група ќе настапат РК Прилеп, РК Дубочица, РК Скопје и РК Струга., додека во втората ќе бидат РК Кокс, РК Еурофарм, РП Пролет и РК Мултиесенс

Како што потенцираа, на турнирот ќе бидат делегирани судии од највисок ранг од македонското првенство.

На последниот ден од турнирот, 28 понеделник, планирани се финалните натпревари, односно разигрувањата за конечен пласман на турнирот.

На прес-конференцијата нагласија дека оваа година турнирот го организираат на едно многу високо ниво со надеж дека во наредните години ќе достигне уште повисоко ниво со уште пообемен турнир којшто ќе служи за подготовка на екипите за почетокот на првенството.

Трајковски: Петдневно затворање на маркетите е доволно за компаниите

Според директорот на ДПИ, Горан Трајковски доволни се пет дена затворање на маркетите кои не ги почитуваа мерките за намалување на цените на предвидените прехрамбени производи. 

Затворањето на маркетите кои нема да ја почитуваат одлуката на Владата инаку е предвидено од 3 до 30 денови. По 50 инспекциски контроли извшени во саботата, според Законот за нефер трговски практики беа затворени 5 објекти на ланци на големи супермаркети , а парично казнети 7.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека и натаму ќе продолжи инспекциската контрола во маркетите, но покрај тоа , најавени се и засилени контроли во трговијата на големо и кај производителите, за да се увиди дали ја почитуваат одлуката на Владата тие да испорачуваат 70% од количината на прозиводите што ја снабдувале во август.

Бектеши најави дека утре се очекува да се донесе одлуката за намалување на цените безалкохолните и алкохолните пијалоци,а во тек е и анализата за тоа дали има простор за намалување на цените на хигиенските производи, која се очекува да биде завршена во текот на оваа недела.

Дечанскиот манастир предупредува на дезинформации: Во манастирот Бањска не е пронајдено оружје

„Во самиот манастир Бањска и неговите простории не е пронајдено оружје. Црквата нема никаква врска со овој трагичен настан, а монасите и верниците се фатени во вкрстен оган“

Стои во соопштението на Дечанскиот манастир во врска со вчерашната вооружена пресметка во манастирот Бањска, јави дописникот на МИА од Белград.

„Вчера и денеска имаше низа дезинформации и лажни вести кои се проширија за трагичните настани вчера на Косово и Метохија. Меѓународните претставници потврдија дека косовската полиција по претресот вчера попладне открила оружје само во напуштените возила на непознати вооружени лица во близина на манастирот. Како што се наведува во вчерашното соопштение на Епархијата, вооружени лица со маски ја пробиле заклучената порта на манастирот и размениле оган со полицијата“, се наведува во соопштението од Дечанскиот манастир, предмалку објавено на Фејсбук.

„Според меѓународни извори во Косово, при претресот во манастирот и неговите објекти, не е најдено оружје. Црквата немаше никаква врска со овие трагични настани, а монасите и верниците се најдоа само во вкрстен оган. Фала му на Бога што никој во манастирот не беше повреден. Верниците од Нови Сад се очекува денеска да се вратат дома“, се наведува во соопштенеито.

Во него се додава дека злонамерните напади и ширењето лажни информации на некои социјални мрежи на Косово, кои се насочени кон СПЦ, нашите монаси и поклоници во манастирот Бањска, кои претрпеа голем стрес и поминаа низ тешка ситуација, не придонесуваат за мир, туку само ги зголемуваат меѓуетничките тензии во Косово.

СПЦ на Косово беше меѓу првите што вчера го осуди насилството на северот на Косово, повика на мир и изрази сочувство за сите што ги загубија животите.

-Нашите монаси и верници во манастирот Бањска, каде вооружена група влезе насилно бегајќи од полицијата и даваше отпор, беа изложени на директна опасност за нивната безбедност и заслужуваат солидарност и почит, наведуваат од Дечанскиот манастир, во кое се потенцира дека СПЦ останува цврсто ангажирана во решавањето на сите проблеми на Косово по мирен пат и преку дијалог.

Пациентите со дијабет се жалат на дискриминација

За дел од дијабетичарите има ленти и глукометри во инсулинските аптеки, за други нема. 

По десет месеци чекање, никако да стигнеме до нив иако државата има обврска да ни ги даде на сите, оти ние ѝ плаќаме данок, ама надлежните не испорачуваат, вели Бојан Киров. Тој 46 години живее со дијабет тип 1, а појаснува дека е гневен и разочаран и нема веќе каде да се жали, поради тоа, решил правдата да ја бара на суд. Ќе ја тужи државата, оти смета дека за дискриминацијата и прекршувањето на основните човекови права за здравствена заштита, некој мора да одговара.

Додека дел од пациентите воопшто не добиле, оние посреќните за кои во аптека имало глукометри и ленти се сомневаат во нивниот квалитет, бидејќи на нив немало ниту бар кодови, ниту декларации, а некои лентите ги добиле завиткани во ќесички, наместо во кутии. Ова го пријавиле во својот Сојуз на здруженија на дијабетичари.

Инаку, од околу 135.700 пациенти со дијабет, 45.500 се на инсулинска терапија од кои повеќе од 600 деца. Овие пациенти речиси од почетокот на годинава немаат ленти и глукометри, а кој и како ќе ја надомести материјална штета, стравот, нервозите и неизвеснота во тој период засега нема одговори од надлежните, туку само ветување од Министерот Меџити дека ова нема да се повторува.

притисни ентер