Започнува 62-то „Охридско лето“ - Канал 5

Започнува 62-то „Охридско лето“

„Охридско лето“ за отворено ќе го прогласи претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, кој е и покровител на фестивалот.

Започнува 62-то „Охридско лето“

Шеесет и второто издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде отворено вечерва на Античкиот театар во 21 часот со четирите светски познати тенори од Италија, Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини. Италијанските уметници ќе настапат под диригентската палка на Лоренцо Бицари придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет на Република Македонија.

„Охридско лето“ за отворено ќе го прогласи претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, кој е и покровител на фестивалот, а ќе се обрати и министерката за култура на РСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска. Честа да ја пренесе уметничката порака годинава ја има композиторот и музички уметник Горан Начевски. По традиција, свеченото отворање ќе биде проследено со интонирање на фестивалската химна, палење на фестивалскиот оган и богат огномет над охридското небо.

На годинешното 62-ро издание љубителите на уметноста ќе имаат прилика да уживаат во 36 концерти, девет театарски претстави и 6 настани во дополнителната програма. Од денеска до 20 август, на отворените сцени Антички театар, Долни Сарај, Предворје на црквата Света Софија, како и во самата Црква Света Софија и во Центарот за култура, ќе настапат над 1000 уметници од 25 земји ширум светот.

Најреномираната манифестација со интернационален предзнак „Охридско лето“ која е дел од Европската асоцијација на фестивали, се гради и надградува под покровителство на Претседателот, со финансиска поддршка од Владата на Република Северна Македонија и ресорното Министерство за култура, и со помош и поддршка од Општина Охрид, генералниот спонзор Македонски телеком, како и од бројни спонзори и помагатели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски ќе оствари работна посета во општина Тетово

Денес заменик претседателот на Владата и министер за транспрот, Александар Николоски ќе оствари работна посета во општина Тетово.

 Николоски ќе оствари работна посета во општина Тетово

Притоа ќе изврши увид во реконструираната улица "Штипска".

Предвидено е министерот да даде изјава за медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава за полициски службеник: Испукал повеќе истрели од огнено оружје (ВИДЕО)

Кривична пријава за полициски службеник за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“.

Кривична пријава за полициски службеник: Испукал повеќе истрели од огнено оружје  (ВИДЕО)

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.Р. полициски службеник од Полициска станица за граничен надзор Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“ по член 288 став 3 од Кривичниот законик.

Имено на 22.05.2026 пријавениот полициски службеник во дворот на неговата семејна куќа, за време на семејна прослава, во присуство на поголем број гости испукал повеќе истрели од огнено оружје со што предизвикал опасност за животот и телото на присутните.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против З.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка–суспензија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево со мала облачност

Времето денес ќе биде сончево време со мала облачност. 

Денес сончево со мала облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени.

Во Скопје, сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во недела ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец. Од понеделник следува период на претежно стабилно и топло време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер