Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Претседателката на Република Индија, г-ѓа Мурму
1Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Претседателката на Република Индија, г-ѓа Мурму
МакедонијаЗапочнува 24. Светски образовен форум во Лондон, Јаневска учесник на панел дискусија посветена на креирање политики базирани на фактиОд 17 до 20 мај во Лондон ќе се одржи Светскиот образовен форум, најголемиот глобален собир на министри за образование и вештини што се организира по 24 пат. Годинава, темата на форумот е „Образование за заедничка иднина: Мир, планета, цел и патеки“. Како што наведуваат организаторите на форумот - Министерството за образование на Обединетото Кралство, Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој, Министерството за бизнис и трговија и Британскиот совет, во време на глобална неизвесност и ескалација на геополитичките тензии, зголемување на нееднаквостите, интензивирање на климатските кризи и брзи технолошки промени, образованието е клучна сила и извор на отпорност, иновации и социјална кохезија. Единствено преку вложување во знаењата, вештините и вредностите на младите, може да се изградат општества ориентирани кон мир, праведност и одржлив развој. Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на повеќе тематски сесии, а ќе биде и меѓу говорниците на панел дискусија посветена на креирање образовни политики базирани на факти, каде ќе ги претстави македонските искуства и реформски процеси во образовниот систем. На форумот се очекува присуство на над 150 министри и делегации од целиот свет, како и претставници на меѓународни организации, академската заедница и граѓанскиот сектор. Министерство за образование и наукаТагови: Весна Јаневска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден18:00Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
МакедонијаПосебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Претседателката на Република Индија, г-ѓа МурмуОд денеска (20.07.2026) до 23.07.2026 во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателката на Република Индија, г-ѓа Друпади Мурму.Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници,соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваТимоти Шаламе и Кајли Џенер се бакнуваат на трибините на финалето на СП Тимоти Шаламе и Кајли Џенер го привлекоа вниманието на финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија.Двојката го гледаше натпреварот од трибините, а фотографите го забележаа моментот кога разменија бакнеж. Шаламе носеше сина маица со долги ракави од Адидас за таа пригода, додека Џенер носеше црна облека и очила за сонце. За време на средбата, тие седеа еден до друг и не ја криеја својата нежност. Својата врска ја покажуваат сè почесто во јавноста Актерот и ријалити ѕвездата ја држеа својата врска подалеку од јавноста долго време, но во последно време сè почесто се појавуваат заедно на големи настани. Фотографиите од нивниот бакнеж од финалето брзо се проширија на социјалните мрежи. Финалето на Светското првенство привлече многу познати гости, а Шаламе и Џенер беа меѓу паровите кои предизвикаа најголемо внимание на трибините.Тагови: кајли џенер Тимоти Шаламе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден18:00Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
КултураМакедонскиот КИЦ во Загреб доби благодарница од најпрестижната фолклорна манифестација во ХрватскаМакедонскиот КИЦ во Загреб доби благодарница за креативен придонес и успешна взаемна соработка во продлабочувањето на соработката меѓу Македонија и Хрватска во областа на заштитата, презентацијата и промоцијата на нематеријалното културно наследство.На свечена церемонија во Хрватскиот државен архив, по повод 60-годишнината на Меѓународната смотра на фолклорот во Загреб – најугледната хрватска манифестација посветена на зачувувањето, презентацијата и промоцијата на традициската култура и нематеријалното културно наследство – македонскиот КИЦ во Загреб доби благодарница за креативен придонес и успешна взаемна соработка во продлабочувањето на соработката меѓу Македонија и Хрватска во областа на заштитата, презентацијата и промоцијата на нематеријалното културно наследство. Благодарницата за македонскиот КИЦ ја врачи уметничкиот директор на Меѓународната смотра на фолклорот, Твртко Зебец, а во име на директорката на македонскиот КИЦ ја прими Зорица Велиновска, претставничка на Македонците во Советот за национални малцинства на Република Хрватска. „Ова е исклучително значајно признание за македонскиот КИЦ во Загреб и потврда за неговата клучна улога на полето на културната дипломатија и јакнењето на културната соработка меѓу Македонија и Хрватска, особено во областа на зачувувањето и промоцијата на нематеријалното културно наследство. Да се добие благодарница по повод 60-годишниот јубилеј на Меѓународната смотра на фолклорот во Загреб, манифестација чиј претседавач на Советот е министерката за култура и медиуми на Република Хрватска, Нина Обуљен Коржинек, претставува голема чест и привилегија, а истовремено и уште поголема обврска и одговорност да продолжиме со квалитетна презентација и промоција на богатата вековна македонската култура и уметност. Нашата визија е преку културната дипломатија да придонесуваме кон продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Хрватска и да отвораме нови можности за соработка афирмација и промоција на културните вредности на двете држави “, вели Мими Ѓоргоска Илиевска, директорка на македонскиот КИЦ во Загреб. По повод јубилејот 60 години Меѓународна смотра на фолклорот, во македонскиот КИЦ во Загреб на почетокот на овој месец беше отворена изложбата „Поздрав од Македонија – фотографии на македонски фолклорни групи на Меѓународната смотра на фолклорот во Загреб“, на авторките Ивона Опетческа Татарчевска и Бојана Пољаковиќ Поповиќ. Изложбата преку фотографии од архивата на МСФ го документира шестдецениското учество на македонските фолклорни групи на оваа значајна меѓународна манифестација. Оваа година во рамките на официјалната програма на Смотрата на сцените во паркот Зрињевац и на главниот плоштад „Бан Јелачиќ“ во Загреб со својот автентичен вевчански фолклор се претстави КУД „Дримкол„ од Вевчани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook