Започната е процедурата за екстрадиција на Љупчо Палевски од Турција - Канал 5

Започната е процедурата за екстрадиција на Љупчо Палевски од Турција

По лишувањето од слобода на Љупчо Палевски во Турција, во тек е процедурата за негова екстрадиција во земјава.

Започната е процедурата за екстрадиција на Љупчо Палевски од Турција

Обвинителството веќе го изготви барањето со кое се бара Палевски да биде испорачан во земјава.

Со повеќе детали од пред министерството за правда ја вклучуваме Андријана Лазова .

Андријана дали барањето е испратено до Турција и има ли информација каде е Палевски во моментот, односно дали му е изречен екстрадициски притвор?

Андријана дали барањето за екстрадиција е гаранција дека Палевски ќе биде испорачан во земјава и дека ќе одговара за стореното?

-Процедурата за екстрадиција не е толку брза како во земјите членки на ЕУ.Документите мора да се достават најдоцна 40 дена откако е во притвор. Со Турција имаме билатерален договор за вакви случаи. Има неколку филтри во Турција пред да го испорачаат во Македонија. Можеби за два или три месеци ќе се заврши цела постапка,вели меѓудругото професорот Калајџиев.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор ден од изборите во Русија-Излезност над 40 проценти

Според податоците на Централната изборна комисија на Русија, излезноста на изборите за пратеници во деветтиот состав на руската Државна дума изнесуваше 44,38 проценти по вториот ден од гласањето.

Втор ден од изборите во Русија-Излезност над 40 проценти

Гласањето започна во петокот, а претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, изјави дека изборите се одвиваат вообичаено, и покрај обидите за провокации, пренесува „РИА Новости“.

На изборите за Државната дума учествуваат 10 политички партии: „Единствена Русија“, ЛДПР, Партија на директна демократија, „Зелените“, „Праведна Русија“, „Родина“, Комунистичка партија на Руската Федерација (КПРФ), Партија на пензионерите, „Комунисти на Русија“ и „Нови луѓе“.

Гласањето ќе трае до вечерва на 20 септември. Повеќето избирачки места се отворени од 8:00 до 20:00 часот, додека на некои избирачки места во пограничните области времето за гласање е скратено.

Електронското гласање од далечина се спроведува во 33 региони, а на изборите учествуваат повеќе од 380.000 набљудувачи, вклучително и повеќе од 1.000 странски набљудувачи од 133 земји и 13 меѓународни организации.

Според „РИА Новости“, жителите на самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република, како и на Запорошката и Херсонската област, за првпат избираат пратеници во Државната дума. За нив, како и за гласачите во одредени погранични региони, достапно е предвремено гласање.

Во странство, во 152 земји, беа отворени 333 избирачки места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафиња, па Меси, а пред двајцата – Роналдо

 Бразилецот Рафиња и Барселона се недостижни за конкуренцијата во оваа рана фаза од сезоната.

Рафиња, па Меси, а пред двајцата – Роналдо

Каталoнците ја остварија својата седма победа во исто толку натпревари – и тоа седма убедлива и доминантна – во саботата навечер против Севиља (3:1).

Рафиња повторно беше централна фигура на натпреварот оваа сезона. Тој постигна нов хет-трик, втор по ред (му даде три гола и на Расинг во претходното коло) и ја продолжи својата неверојатна серија, потврдувајќи дека е во формата на својот живот. Со тоа, тој веќе го надмина рекордот на легендарниот Лионел Меси по бројот на голови во првите седум натпревари од сезоната.

Напаѓачот на Барса моментално има постигнато 12 гола во Ла Лига – еден повеќе од легендарниот Аргентинец – но сепак му недостасува уште еден гол за да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо. Португалецот своевремено, во сезоната 2014/2015, постигна 13 гола на првите седум натпревари од сезоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Ресен

Министерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две возила. 

Пет повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Ресен

Министерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.Р.(67) од Велика Британија и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(28) од битолското село Буково. Притоа, со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се здобиле Д.С. и И.З., сопатници во возилото „опел“ додека кај М.Ј.Р (возач на возилото „сузуки витара)“ и А.С. и А.С., сопатнички во возилото „опел“, во Општата болница во Охрид, биле констатирани телесни повреди. По насоки на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид, стои во билтенот на МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер