СветЗапочнаа мировните преговори меѓу Русија и Украина во ИстанбулТурската делегација, домаќин на преговорите, прва пристигна на местото на денешната средба меѓу руските и украинските преговарачи во Истанбул. Руската делегација, предводена од Владимир Медински, пристигна околу 11:40 часот, додека украинската делегација пристигна седум минути подоцна. Преговорите се закажани за 12 часот, а времетраењето на разговорите не е однапред утврдено. Претходниот круг преговори, одржан на 16 мај, траеше помалку од два часа. Состанокот се одржува во палатата Чираган, луксузна историска зграда на брегот на Босфорот, каде што руските и украинските претставници веќе преговараа во средината на минатиот месец. На местото на состанокот пристигна и директорот на турската разузнавачка служба МИТ, Ибрахим Калин, што ја нагласува важноста што Анкара ја придава на овој дипломатски процес. Заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Сергиј Кислица, се сретна со претставници на Германија, Италија и Обединетото Кралство пред денешниот состанок со Русија во Истанбул, потврди портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Хеорхиј Тихи. - Страните ги усогласија ставовите пред денешниот состанок на украинската и руската делегација, изјави Тихи. Тој додаде дека Украина уште еднаш ги истакна клучните точки од својата агенда, вклучувајќи средба на лидерите на двете земји и целосен прекин на огнот како главни цели на преговорите. Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието го донесе Законот за судска службаСобранието го донесе Законот за судска служба, еден од најзначајните реформски законски решенија во областа на правосудството усогласен со Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028.Со донесувањето на Законот се надминуваат долгогодишните системски слабости на постојното законско решение и се создаваат услови за поефикасно функционирање на судовите, преку јасно препознавање на специфичната улога на судските службеници во судската власт. Најзначајната новина е издвојувањето на судските стручни службеници на начин што добиваат статус на посебни административни службеници, односно како посебна категорија вработени во судската власт со сопствен законски режим. Се воспоставува нов и пофункционален систем на класификација на работните места, преку дополнување на категориите, нивоата и звањата на судските службеници согласно реалните потреби на судовите. Со ова се надминуваат долгогодишните практични проблеми поврзани со несоодветната класификација на работните места преземена од системот на административни службеници. Истовремено, се воспоставува нов систем на вработување и унапредување, специјално прилагоден на судската служба. Наместо примена на решенија преземени од општиот систем на административни службеници, се воведува посебна постапка која вклучува административна селекција, испит и интервју, со што се обезбедува избор на најквалитетни и најстручни кадри за потребите на судовите. Со новото законско решение значително се зајакнува и институционалната независност на судската власт. Судскиот буџетски совет добива централна улога во кадровското планирање преку изготвување единствен годишен план за вработување, кој ќе се доставува до Министерството за финансии и Министерството за јавна администрација за увид и известување, без потреба од претходна согласност. Со тоа се намалува зависноста од извршната власт и се зацврстува кадровската автономија на судството. Законот воведува и нов систем на плати, со кој зголемувањата предвидени со колективните договори стануваат составен дел од основната плата, обезбедувајќи стабилен, предвидлив и правичен систем на вреднување на трудот на судските службеници. Истовремено, прецизно се уредува статусот на судската полиција, чии припадници добиваат бенифициран работен стаж, како и статусот на останатите категории вработени во судовите, со јасно дефинирани права, обврски и одговорности. Посебно се унапредува и институцијата судски администратор. За првпат се воспоставува вистински кариерен систем кој овозможува напредување на искусни и стручни судски службеници до оваа функција, врз основа на јасно утврдени критериуми. Воедно, судскиот администратор станува дел од системот на дисциплинска одговорност, со што дополнително се зајакнуваат интегритетот, отчетноста и професионалноста во судската служба. Со донесувањето на Законот за судска служба се реализира уште една значајна обврска од Реформската агенда и се прави крупен чекор кон изградба на независно, професионално и ефикасно правосудство. Министерство за правдаТагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: ЗНАМ - последната битка за фотелји и личен интересЗНАМ повеќе не постои како здружение. Преостанати се само двајца – Горан Минчев и Максим Димитриевски, кои сега водат отворена битка за фотелји, бизниси и влијание.Ова е логичен крај на проектот што Христијан Мицкоски лично го создаде, финансираше и го користеше како политички сателит. Кога веќе не му е потребен, се однесува кон нив како газда кон непотребни слуги - ги фрла. ЗНАМ влезе во Владата со големи зборови за „програма и принципи“. Кои принципи? Кои принципи ги имаат Минчев и Димитриевски? Принципот на издавање на сопствената партија за пари и фотелја? Принципот на разбивање на гласовите на СДСМ на последните избори, со цена која беше платена со место во Владата? Принципот на продавање на гласачите кои им веруваа? Тие го направија токму тоа. Прво ја предадоа својата партија, потоа своите гласачи. Сега, кога веќе не му се потребни на Мицкоски, се борат за последните остатоци од она што им беше ветено. Ова е класичен пример на политичка корупција и морален банкрот. Луѓе кои влегоа во политиката исклучиво за лична корист, ја наплатија својата улога на сателит, а наскоро ќе бидат фрлени во ѓубриштето на политичката историја. Народот треба да знае: Кога некој ја продава својата идеологија, својата партија и своите гласачи за фотелја, тоа не е политика. Тоа е предавство за пари. ЗНАМ беше вештачки создаден проект чија единствена цел беше да го ослабне СДСМ и да му обезбеди гласови на Мицкоски. Сега, кога таа функција е завршена, дојде време за нивниот крај. Во тек е војна на кланови. Максо и Минчев се борат за остатоците од едно здружение кое никогаш не постоеше како вистинска политичка сила, туку само како инструмент во рацете на Мицкоски. Ова е сликата на организираната криминална група која ја нарекуваат Влада. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишено од слобода лице од тетовско, се сомничи дека подметнал пожар на нива, следува пријаваНа 25.06.2026 во 12:00 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека настанал пожар на нива на регионалниот пат Тетово–Јажинце, во атарот на село Теарце, при што била опожарена сува трева. Пожарот бил целосно локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. По преземени мерки од полициски службеници било констатирано дека пожарот го предизвикал Г.Ц.(55) од с.Теарце. Тој е лишен од слобода поради сомневање за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Задржан е во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook