Започна теренската контрола на кабареа, дискотеки и ноќни клубови, Мицкоски најави измени - Канал 5

Започна теренската контрола на кабареа, дискотеки и ноќни клубови, Мицкоски најави измени

Државниот пазарен инспекторат во моментов е на терен низ целата држава и ги проверува условите во кои работат угостителските објекти за кои се регистрирале.

Започна теренската контрола на кабареа, дискотеки и ноќни клубови, Мицкоски најави измени

Државниот пазарен инспекторат во моментов е на терен низ целата држава и ги проверува условите во кои работат угостителските објекти за кои се регистрирале, оној што не исполнува макар еден стандард нема да биде оставен да функционира, вели премиерот Христијан Мицкоски. Откако беше утврдено дека дискотеката во Кочани функционирала со фалсификувана лиценца за работа, Мицкоски вели дека пропустот за контролирањето дали одредена дискотетека или кабаре ги исполнува условите е направен со измените во Законот во 2007 година според кои правното лице, а не ДПИ како дотогаш, е тоа кое самото тврди дека ги исполнува условите.

ДПИ во случајов според него може да постапува само по пријава. За надминување на таквите пропусти најави измени на Законот за угостителство за што ќе се формира работна група.

Дискотеката „Пулс“ што изгоре во Кочани работела од 2014 година, а во 2021 за првпат и е издадена лиценца. Две години подоцна, во 2023-та по втор пат е издадена лиценца, а фалсификувана е онаа во 2024 година.

Според регистарот од министерството за економија од 2017 година досега има вкупно 215 издадени лиценци за дискотеки, ноќни клубови и кабареа. Во 2024-та лиценци имале 21 објект, но меѓу нив не е „Пулс“. Во моментов активни лиценци за работа имаат вкупно 22 објекти.

Од нив 6 се дискотеки, а сите останати се кабареа. За 2025 година вкупно има 8 лиценци, а 5 според информациите на Канал 5 се во постапка за добивање. Кои, засега не се соопштува. Важењето на лиценцата е една година, а потоа е потребно повторно да се обнови.

YouTube video

Реал би можел да плати осум милиони евра за да го ангажира Чаби Алонсо

Реал Мадрид е заинтересиран за ангажман на тренерот на Баер, Чаби Алонсо. 

Реал би можел да плати осум милиони евра за да го ангажира Чаби Алонсо

Доколку Карло Анчелоти неуспешно ја заврши сезоната, би можел да го напушти мадридскиот клуб пред почетокот на Светското клупско првенство.

Според „El Partidazo de COPE“, Реал Мадрид ќе плати осум милиони евра за да го ангажира шпанскиот стручњак ова лето.

По 33 кола, Реал Мадрид е на второто место во поредокот во Ла Лига, со четири бода помалку од лидерот Барселона.

Во сабота мадриѓаните ќе играат против Барселона во финалето на Купот на Шпанија.

Шојгу: Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје во случај на агресија од Западот

Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје во случај на агресија против неа или Белорусија, вклучително и употреба на конвенционално оружје, изјави денеска секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу.

Шојгу: Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје во случај на агресија од Западот

„Во ноември 2024 година, беа направени измени во Основите на државната политика на Руската Федерација во областа на нуклеарното одвраќање, според кои Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје во случај на агресија врз неа или врз Република Белорусија, вклучително и употреба на конвенционално оружје“, рече тој.

Според Шојгу, Русија „будно ги следи воените подготовки на европските земји“.

„Во согласност со Националната безбедносна стратегија на Руската Федерација, во случај странска земја да изврши непријателски дејствија што претставуваат закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на Руската Федерација, нашата земја смета дека е легитимно да се преземат симетрични и асиметрични мерки неопходни за сузбивање на таквите дејства и спречување на нивното повторување“, потсетуваат руските медиуми.

Нуклеарното одвраќање „се спроведува во однос на државите и воените коалиции кои Русија ги гледа како потенцијален непријател и поседуваат оружје за масовно уништување или значителен борбен потенцијал на силите за општа намена“.

Дополнително, ваквите акции се однесуваат и на земјите кои обезбедуваат своја територија и ресурси за подготовка и спроведување на агресија против Руската Федерација.

„Задачите за обезбедување на интегритетот на обединетата одбранбена област на Русија и Белорусија, заедничкото спроведување на стратешките мерки за одвраќање се содржани во безбедносниот концепт на Сојузната држава и Договорот меѓу Руската Федерација и Република Белорусија за безбедносни гаранции усвоен во декември 2024 година, што беше развиен со директно учество на советите за безбедност на двете земји“, рече Шојгу.

Во странство се лекуваат 44 повредени пациенти од пожарот во Кочани

 Во странство се лекуваат 44 повредени од пожарот од Кочани, информираше денеска во Куманово, министерот за здравство Арбен Таравари.

Во странство се лекуваат 44 повредени пациенти од пожарот во Кочани

Таравари посочи дека една пациентка ќе се врати утре, пациентите се во стабилна состојба, а останатите од 193 се лекуваат во домашни услови.

- Сега се потешките случаи 43. Се надевам дека ќе им обезбедиме најдобра можна рехабилитација којашто ќе биде некои месец-два. Кај околу 40 пациенти тоа ќе трае шест месеци до две години. Тоа е направена анализа од експерти од Велика Британија кои имаат огромно искуство со вакви повреди кај пациентите, изјави министерот Таравари.

Тој соопшти дека се размислува потешките случаи да продолжат да се лекуваат надвор од државата, се со цел за да го продолжат животот поквалитетно по нивното враќање во земјава.

притисни ентер