„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
2„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
ЗабаваЗапочна Светското првенство на латино танци во СкопјеСветското првенство во латино танци почна вчера во хотел „Александар Палас“ во Скопје каде што оваа година учествуваат танчери од 22 различни земји во светот и предвидено е да трае до 10 ноември. Како што е наведено во соопштението, наградуваните македонски танцови студија, „Eat the Beat“ и „Break a leg“, како организатори на годинешното првенство и постигнатиот успех Скопје да е домаќин на настан од глобален размер, успеаа да ја мапираат Македонија на почесната мапа на светски метрополи и градови, каде се организира ова традиционално, но сепак модерно танцово натпреварување во латино. -Овие денови Скопје дефинитивно танцува во латино ритам, а со истото горди сме што сме дел од една убава уметничка приказна, доловена од бројни талентирани латино танчери од целиот свет, дојдени во Македонија за да ја пренесат токму моќта на танцот. Ги покануваме сите љубители на танго, самба, бачата, салса, ча-ча-ча, или пак, меренге, да дојдат и да се сведоци на уникатната глетка на изведбата на искусните учесници на најпознатите латино танци во светот. Како домаќини, ветуваме дека ќе оставиме траен впечаток кај сите посетители и учесници. И покрај културните разлики на 22-те земји учеснички, сигурни сме дека страста и љубовта кон латино танците е заедничкиот јазик, којшто ги спојува и зближува сите земји, кои се присутни деновиве во главниот град. Долгогодишното искуство и високото ниво на професионализам на „Eat the Beat“ и „Break a leg“ е и повеќе од доволна причина и потврда дека Македонија има капацитет да ѝ биде доделена палката за организација на првенство од ваков светски размер. За нас е голем предизвик да се создаде ваква платформа во срцето на Балканот, каде очите на светот ќе го видат квалитетот и вложениот труд на 22 земји учеснички во Скопје. За нас, а се надеваме и за целата јавност, ова првенство претставува многу повеќе од еден обичен традиционален натпревар. Светското првенство во латино танци овие денови има главна улога во танцовата изведба на славење на љубовта кон ритмичкиот израз на културата, историјата и традицијата на латино танците, - нешто коешто се негува многу одамна низ целиот свет, а и во Македонија, наведуваат организаторите во соопштението. Организаторите ветуваат незаборавно латиноамериканско искуство за целата јавност во земјава и пошироко, како и за сите вљубеници во динамиката и страста на ритмите, со коишто се поистоветуваат бројните видови на латино танците, како неминовен дел од годинешниот забавен шампионат. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното мореЈеменските провладини сили поддржани од Саудиска Арабија велат дека го „обезбедиле“ теснецот Баб Ал-Мандаб на јужниот крај од Црвеното море, на почетокот на големата офанзива што ја презедоа против Хутите, поддржано од Иран.Јеменската војска, исто така, во соопштението наведе дека го освоиле градот мока на Црвеното море со помош на саудиските воздушни напади.но, во спротивставени извештаи, неименувани јеменски владини и воени извори за новинските агенции „Ројтерс“ и „АФП“ изјавија дека силите стигнале само до периферијата на градот. Хутите рекоа дека го нападнале меѓународниот аеродром во Ријад и други локации, но не коментираа во врска со Мока.Саудиска Арабија ги осуди нападите и ги повтори повиците до постојаните членки на Советот за безбедност на ОН да ја поддржат владата на Јемен. Владата на Јемен соопшти дека операциите започнале и на други фронтови вклучувајќи го и главниот град сана, кој падна во рацете на Хутите на почетокот на граѓанската војна пред 12 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаЕвропска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на ФИБА Еврокупот. Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на FIBA Europe Cup, а пред натпреварот посетителите ги очекува богата забавна програма пред СЦ „Јане Сандански“. Аеродром ќе биде во знакот на европската кошарка. МЗТ Скопје Аеродром пред својата публика го пречекува реномираниот грчки состав Ираклис, во првиот домашен натпревар од новата европска сезона во FIBA Europe Cup. Европскиот дуел ќе биде повеќе од кошаркарски натпревар. Со почеток од 17:00 часот, на просторот пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде организирана преднатпреварувачка фан-зона, со музика, храна, пијалоци и забавни активности за посетителите од сите генерации. Во 19:00 часот фокусот се префрла на паркетот, каде МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочи со Ираклис во европски натпревар кој носи посебна тежина за клубот, но и за цел Аеродром. Општина Аеродром ги повикува граѓаните, љубителите на кошарката и сите поддржувачи на МЗТ да бидат дел од европската кошаркарска вечер и со своето присуство да му дадат поддршка на клубот. Аеродром е сино-бел. Аеродром е МЗТ.Тагови: МЗТ Скопје Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајотКампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот. Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот. Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија. Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08