Започна судењето на апелациониот судија Ѓоко Ристов, тој негира вина - Канал 5

Започна судењето на апелациониот судија Ѓоко Ристов, тој негира вина

Против него е покренато обвинение за најдените 350.000 евра, непријавени и неевидентирани, соѕидани во кујната на семејниот дом во Неготино.

Започна судењето на апелациониот судија Ѓоко Ристов, тој негира вина

Денеска почнува судењето на апелациониот судија Ѓоко Ристов . Апелациониот судија Ѓоко Ристов на почетокот на судењето негираше вина по однос на делата кои му се ставаат на товар

Против него е покренато обвинение за најдените 350.000 евра, непријавени и неевидентирани, соѕидани во кујната на семејниот дом во Неготино. Парите беа пронајдени спакувани во 13 поединечни пакувања, скриени во заѕидан простор во шуплините од цигли во ѕид на една од собите.

Тие беа откриени при претрес, откако беше фатен адвокатот Фехмо Стафа при земање 50.000 евра, за кои рекол во истрагата дека се за Ристов.

„Иако во конкретниот случај адвокатот бил фатен ‘ин флагранти‘ со дел од поткупот и тие пари не стигнале до судијата, јавниот обвинител презеде и повеќе други дејствија и претреси, при кои на 18.01.2026 во домот на родителите на судијата во Неготино пронајде вкупно 350.000 евра, за чие потекло тој нема доказ и не ги пријавил”, кажаа од обвинителството.

-Не се чувствувам виновен ниту за првото, нити за второто кривично дело со оглед на правната квалификација. Вака се изјасни поранешниот судија од Апелација, Ѓоко Ристов, кој е суспендиран откако Обвинителството му најде пари заѕидани во цигли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода девет лица, кај нив при преглед е пронајдена дрога

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Лишени од слобода девет лица, кај нив при преглед е пронајдена дрога

На 06/07.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Н.Ч.(32), З.Т.(26), Д.М.(22), Б.Е.(20) и Е.Ш.(30), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана.

На 07.07.2026 во 00:30 часот во с. Леуново, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.Л. (27) од с. Шипковица, тетовско, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

На 06.07.2026 во 15:20 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.П.(41) и Н.Н.(25), двајцата од Прилеп. При контрола на патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.П., а во кое сопатничка била Н.Н., пронајдена е марихуана.

На 06.07.2026 во 18:00 часот во Прилеп, во близина на вештачкото езеро, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Ц.(31) од Прилеп, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мобилната единица при МВР во соработка со РСБСП реализираа кампања ,,Безбедно лето 2026-Вози одморен”

Целта на кампањата е намалување на сообраќајните незгоди во летната сезона, што е државен интерес на Република Македонија.

Мобилната единица при МВР во соработка со РСБСП реализираа кампања ,,Безбедно лето 2026-Вози одморен”

Денеска (07.07.2026) во временскиот период од 10:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Сопот, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата беше спроведена кампања ,,Безбедно лето 2026-Вози одморен”.

Целта на кампањата е намалување на сообраќајните незгоди во летната сезона, што е државен интерес на Република Македонија. Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беше поделен превентивно-едукативен материјал, со совети кон возачите за безбедно патување.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби

На денешната седница, Владата ја разгледа и ја усвои информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа во врска со настапување на законски основ за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница.

Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби

Министерството за локална самоуправа, по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница, ја започна постапката поради настапување на законски предвидена околност што доведува до предвремен престанок на мандатот на градоначалникот по сила на закон.

Согласно Законот за локалната самоуправа, Министерството е должно во рок од 15 дена од приемот на известувањето да ја информира Владата за настапувањето на овој законски основ, по што Владата, во рок од 30 дена, ја започнува постапката за распишување на нови избори за градоначалник.

Во таа насока, сакаме да ја информираме јавноста согласно запазените законски предвидени рокови, Владата ја усвои информацијата и донесе Одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се создаваат законските предуслови за спроведување на понатамошната постапка согласно важечките прописи и важечки рокови.п- изјави Марија Митева, портпарол на Влада.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер