Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
2Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
КултураЗапочна реновирањето на „Куќата на џезот”, просторното решение за националниот џез-оркестарЏез оркестарот конечно ќе добие свој дом.Вработените најдоцна до јуни треба да се сместат во новиот простор кој се наоѓа во подрумскиот дел на Националната опера и балет, чие реновирање започна денеска. Како што истакна министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, со ова се решава еден голем проблем и оркестарот ќе може непречено да ја извршува својата работа. За овој проект Министерството за култура има издвоено 11,7 милиони денари од кои 10 милиони се средства од ТАВ програмата. Со проектот, комплетно се реновираат подните и ѕидните површини и плафоните, а се поставува и нов систем за ладење и греење. Новиот простор во МОБ за вработените во Џез оркестарот се обезбеди откако мината година не им беше овозможено да ја делат истата зграда со вработените во Филхармонија. Тогаш тие се жалеа дека во зградата на Филхармонија нема доволно простор за двата оркестри а нивниот револт го искажаа и со концерт пред Министерството за култура. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГраѓаните навреме да ја чистат околината околку нивните куќи и викендичкиДиректорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ги повика граѓаните да не чекаат огнот да се приближи до нивниот имот, туку навреме да ја расчистат околината и да го намалат ризикот пламенот да стигне до објектите. Сувата трева, високата вегетација и запуштените дворови околу куќите и викендичките можат за неколку минути да станат гориво за пожар. Особено ризични се куќите и викендичките кои се користат повремено, како и имотите во селата со мал број постојани жители. Кај нив тревата често со месеци не се коси, а сувата вегетација може да достигне височина и над еден метар..Тагови: стојанче ангелов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево и многу топло, температура до 40 степениСпоред Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЗемјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја погоди Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на оваа соседна земја.Според информациите, земјотресот се случил околу два часот по полноќ во Нови Пазар. Врз основа на достапните координати, епицентарот е лоциран на длабочина од два километри, на самиот раб на градот. Со оглед на наведената јачина, малку е веројатно дека земјотресот предизвикал материјална штета.Тагови: земјотреси Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter