МакедонијаЗапочна реконструкцијата на атлетската патека на Градскиот фудбалски стадион „Зоран Паунов“ во ВелесСтарата тартан подлога од атлетската патека на фудбалскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес неделава е извадена и веднаш по празниците ќе продолжат градежни работи за поставување на нова. Средствата во висина од 19 милиони 290 илјади денари или околу 200 илјади евра, за реализација на проектот „Реконструкција на атлетска патека во Општина Велес“ се обезбедени од Министерството за спорт. Златко Стојковски директор на ЈП „Парк спорт“, кое е надлежно и за Градски стадион, информира дека градежните активности се одвиваат според утврдената динамика. Тој појасни дека е завршена првата фаза за вадење на старата руинирана тартан подлога, а целата количина е собрана и изнесена од стадионот. Во моментов се работи на подготовка на патеките за асфалтирање. - Потоа штом ќе се исуши асфалтот што зависи од временскит услови и подлогата биде сува ќе се пристапи кон последната фаза од реконструкцијата, односно поставување или монтирање на новата тартан подлога на атлетската патека на Градскиот фудбалски стадион во Велес, вели Стојковски. Тој информира дека според потпишаниот договор краен рок за завршување на работите е мај, годинава. Изведувач на градежните работи е фирмата ДЗИТПТ „ИНТЕКО“ ДООЕЛ од Скопје додека надзорен орган е фирмата “ВЕРТЕКС АРХИТЕКТУРА“ ДОО Скопје. Инаку атлетската патека на Градскиот фудбалски стадион е изградена во 1982 година. Во изминатите години многумина од надлежните ветуваат нејзина реконструкција. Велешките атлетичари со години наместо на тартан патека трчаат на тврди бехатон плочи во Градскиот парк, и велат едвај чекаат да заврши реконструкција и конечно да трчаат на удобна тартан патека. Воедно, атлетичарите очекуваат и нови соблекувални во близина на атлетската патека, откако нивната која ја имаа клубовите, од пред неколку години беше пренаменета во тоалет за публиката на стадионот, па тие останаа без соблекувална.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16