Започна оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 2026“ во Штип - Канал 5

Започна оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 2026“ во Штип

Во рамки на вежбата „Блесок 2026“, денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип започна процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група, со цел исполнување на НАТО целите на способности. 

Започна оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 2026“ во Штип

Вежбата, која почна вчера, а ќе трае до 27 април на повеќе локации, е продолжение од серијалот вежби „Македонски Блесок“ и претставува важен чекор во процесот на развој на оперативните капацитети на Армијата.

Главна цел на вежбата е да се изврши оценување на борбените способности на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), како и нејзината подготвеност за извршување на оперативни задачи во реални услови.

Потполковник Горан Кимов, кој е директор за оценување на Лесната пешадиска батлјонска група рече дека ЛПБГ ќе биде оценувана согласно со концептот на оценување на борбената готовност на командата за копнени сили на здружената оперативна команда на НАТО.

-Изминатиот период со издавањето на наредбата за оценување на борбената готовност во август 2025 година започнаа подготовките на тимот за проверка и оценување на борбената готовност на баталјонската борбена група. За таа цел тим од 40 сертифицирани НАТО оценувачи беше формирана групата и истите го започнаа повеќе од девет месечниот процес за подоготовка за проверка на борбената готовност. Се разбира целокупниот процес на подготовка беше во координација и корелација со командата на копнени сили и со одредените НАТО монитори за моноторирање на целокупниот процес. Во планирачкиот процес на оценување на борбената баталјонска група беше во корелација со раководството и директоратот на вежбата „Блесок 2026“, која што ќе биде искористена за проверка и оценување на сите потребни критериуми за сертифицирање на баталјонската борбена група-рече Кимов.

Тој додаде дека за таа цел подготвени се повеќе 20 настани, а проследени со преку 100 инциденти, кои што ќе ги предизвикаат персоналот од баталјонската борбена група на покажување на својата борбена подготвеност.

-За таа цел истата ќе биде проверена во седум области, од подготовка и проверка на целокупната документација, проследена со изведување на најразлични операции преку заштитата на силите, заштита на информациите, командувањето и контрола и се разбира најпоследното логистичките капацитети на единицата. Сето тоа ќе биде реализирано во три фази. Првата фаза, која што што туку ја започнавме, а тоа е проверка на подготвеност во касарна, проверка на целокупноста на индивидуалната, колективната и неопходната опрема за извршување на доделената мисија- вели Кимов.

Тој додаде дека ќе следи проверка и оценување во теренски услови и на крајот третата фаза е завршување на формалниот Извештај за способноста на батолјонската борбена група. Оценката за борбената готовност на ЛПБГ ќе се знае во петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) за прв пат распоредува патролни чамци во Ламанш за да помогне во спасувањето на мигрантите кои се соочуваат со тешкотии при обидот да преминат од северна Франција во Обединетото Кралство.

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш

Бродот што работи покрај францускиот брег поддржува операции за пребарување и спасување на француски бродови и соработува со авионите за надзор што Европската агенција за гранична и крајбрежна стража ги распоредува над Ламанш од 2021 година, соопшти Фронтекс.

Фронтекс ќе распореди еден шпански брод во септември и друг во октомври, додека бродовите од Литванија се планирани од ноември до јануари 2027 година, според француската поморска префектура одговорна за областа.

Француските власти ја задржуваат контролата врз операциите што вклучуваат бродови на Фронтекс. Фронтекс нагласи дека неговата улога е ограничена на поддршка на француските операции за спасување и не вклучува пресретнување на мигранти на море.

Бројот на мигранти нагло се намалува

Со години, голем број мигранти се обидуваат да го преминат Ламанш во гумени чамци за да стигнат до Велика Британија. Шверцерите сè повеќе користат поголеми бродови за транспорт на што е можно повеќе луѓе. Сепак, бројот на мигранти што пристигнуваат во Велика Британија преку Ламанш значително се намали во првата половина од 2026 година, според Министерството за внатрешни работи на Велика Британија.

Лондон долго време се обидува да ги ограничи преминувањата со француска поддршка и му даде на Париз милиони фунти, особено за зајакнување на граничната безбедност. Француските власти се насочени кон шверцерите, но не ги запираат мигрантите на море поради ризикот да ги доведат во опасност.

Мигрантите спасени на море остануваат слободни да се движат низ Франција и понекогаш се обидуваат да го преминат Ламанш со брод повеќе пати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нигер ја обвини Франција за дестабилизација на земјата

Владата на Нигер денеска ја обвини Франција дека предводи „широка мрежа на соучесници“ кои, според властите во Нијамеј, учествувале во обид за дестабилизација на земјата на 28 и 29 август .

Нигер ја обвини Франција за дестабилизација на земјата

Владата на Нигер денеска ја обвини Франција дека предводи „широка мрежа на соучесници“ кои, според властите во Нијамеј, учествувале во обид за дестабилизација на земјата на 28 и 29 август и објави дека собрале докази за овие настани и го задржува правото да го изнесе случајот пред меѓународни судови.

Советот на министри, со кој претседаваше генералот Абдурахман Тиџани, објави дека настаните во Нијамеј биле „оркестрирани“ и дека во нив учествувале членови на Специјалниот разузнавачки баталјон на Командата за специјални операции (BSR-KOS), вклучувајќи ја и 101-та воена база.

Според владата на Нигер, обидот за дестабилизација имал „меѓународни врски“, а Париз беше конкретно обвинет дека се обидува да го дестабилизира Нигер, да ја доведе во прашање неговата политика на суверенитет и да ја врати контролата врз природните ресурси на земјата, објави Африканската новинска агенција (APAnews).

Властите на Нигер, исто така, обвинија одредени африкански земји дека служат како „посредници во дестабилизирачки активности“ што ѝ се припишуваат на Франција.

Советот на министри соопшти дека составил „обемна документација“ за настаните од 28 и 29 август, кои властите ги претставуваат како чин на агресија против Нигер.

Владата на Нигер соопшти дека го задржува правото да преземе правни мерки против групата врз основа на материјалите што ги собрала.

Властите во Нијамеј претходно ја покажаа јавната воена опрема за која рекоа дека е запленета по конфликтот, вклучувајќи 34 пикапи вооружени со митралези, две лесни оклопни возила, десетици мотоцикли и големо количество оружје и муниција.

Обвинувањата на властите следат по сведочењето на капетанот Роџер Габриел, кое беше емитувано во вторник од страна на радио и телевизијата на Нигер.

Тој зборуваше за наводни сценарија за надворешно мешање и поддршка на учесниците во конфликтот, споменувајќи ги Бенин, Брегот на Слоновата Коска, Чад и Франција.

Нигерија ги отфрли како „лажни и злонамерни“ обвинувањата дека го поддржала обидот за дестабилизација на Нигер или дека Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) била вмешана, додека Бенин, исто така, негираше вмешаност.

Министерот и портпарол на владата на Бенине, Вилфред Леандер Унгбеџи, изјави дека неговата земја нема непријателски намери кон Нигер и изрази увереност дека односите меѓу двете земји ќе се нормализираат.

Нигерските власти минатата недела соопштија дека бунтовничките војници го нападнале аеродромот и претседателскиот комплекс во Нијамеј, како и воената воздухопловна база, на 29 август, но дека армијата, поддржана од руските паравоени сили, ја вратила контролата следниот ден.

Претседателот на Нигер, Абдурахман Тиџани, дојде на власт со воен удар во 2023 година.

Оттогаш Нигер има затегнати односи со Франција и соседните западноафрикански држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жанг е највисоката кошаркарка на светот- има 19 години, а шампионката се изнамачи (ФОТО)

Не гледаме често кошаркари, а уште помалку кошаркарки, кои се високи над 220 сантиметри... 

Жанг е највисоката кошаркарка на светот- има 19 години, а шампионката се изнамачи (ФОТО)

Еден од најинтересните дуели во натпреварот помеѓу САД и Кина на Светското првенство во кошарка за жени во Берлин беше виден под обрачите, каде што Ангел Рис се соочи со кинескиот гигант Зију Жанг (19).

Американката висока 191 сантиметар имаше исклучително тешка задача против 19-годишната Жанг, која со висина од 221 до 226 сантиметри, бидејќи точните податоци не се достапни, е една од највисоките кошаркарки во светот.

Американките убедливо победија во петокот со резултат од 94:61, додека кинеската кошаркарка го заврши натпреварот со 13 поени и шест скока.

Американските кошаркарки се обидоа да ја сопрат Жанг, која беше голем проблем во рекетот поради нејзината висина, со многу физичка игра. Кинеската играчка изнуди голем број фаули и погоди девет од десет слободни фрлања.

Зију Жанг се смета за една од најголемите млади кошаркарски надежи во Кина, а според американските медиуми, таа е проектирана како потенцијален избор во првата рунда на драфтот на WNBA во 2027 година.

Нејзините физички дуели со Рис, која се обиде да најде начин да ја неутрализира огромната предност во висина на кинеската кошаркарка, привлекоа особено внимание на социјалните мрежи.

Интересно беше да се следат и нејзините дуели со една од најдобрите играчи во светот, Кејтлин Кларк, која е висока 183 сантиметри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер