Започна најголемиот карневал на светот, илјадници дефилираат во Рио пред 8 милиони туристи - Канал 5

Започна најголемиот карневал на светот, илјадници дефилираат во Рио пред 8 милиони туристи

Светски познатите паради со кои што започнува карневалот стартуваа вчера вечер на Самбадромот во Рио де Жанеиро.

Започна најголемиот карневал на светот, илјадници дефилираат во Рио пред 8 милиони туристи

Неколку училишта за самба кои се натпреваруваа за промоција во елитната класа маршираа на нивните шарени платформи.

Прво настапило училиштето Ботафого кое преку претстава ја раскажувало својата историја. Училиштето е основано во 1894 година како веслачки клуб во истоимената населба. Градоначалникот Едуардо Паес официјално ја отвори церемонијата со предавање на клучевите од градот на кралот Момо, карневалската маскота.

Годинава, 12-те најдобри училишта за прв пат ќе настапат во три дена - во недела, понеделник и вторник. Ова не само што ќе им овозможи на гледачите подолго да уживаат во спектаклот, туку и на училиштата ќе им овозможи повеќе да настапуваат.

YouTube video

Десетици илјади гледачи на трибините, како и милиони пред телевизорите во Бразил и ширум светот, секоја година ги гледаат парадите на огромната писта дизајнирана од познатиот архитект Оскар Нимаер во 1984 година. Карневалот во Рио се смета за најголемата прослава во светот. Градските власти очекуваат осум милиони посетители и финансиски обрт до милијарда долари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Како што му пукна меурот од сапуница „мигранти за пари“, така на талогот на СДС му пука и најновата хистерија - прифаќање на француски предлог

​Со секој изминат ден СДС и нејзините челници се повеќе и појасно се препознаваат и кажуваат дека тие се талогот во општеството којшто го труе народот со песимизам, дефетизам, со тези дека ова држава нема да успее.

ВМРО-ДПМНЕ: Како што му пукна меурот од сапуница „мигранти за пари“, така на талогот на СДС му пука и најновата хистерија - прифаќање на француски предлог

И тоа го прават со единствена цел да се убие надежта кај народот, и таа малку што му останала по многубројните национални предавства и порази што му ги приредија токму тие, како Андреј Жерновски кои 20 години се во политика без ниту еден ден работен стаж во реален сектор.

Жерновски упорно ја турка темата и шири хистерија дека се водат тајни преговори за евроинтегративниот пат на државата, иако беше демантиран од надлежните институции.

Ама и таа тема, како и темата мигранти за пари ќе им пукне како меур од сапуница и ќе им остане само хистеријата и лагите.

Како што лажеа државата само што не банкротира, ама еве ја две години власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија не само што не банротира туку таа економски се консолидира, инвестира во капитални проекти, зголемува плати и пензии. Така лажат и за се останато.

Несудениот амбасадор и неуспешен градоначалник на Центар, можеби посакува, но ниту ќе биде прифатен францускиот предлог, којшто предавничката СДС слепо го прифати за ден повеќе да остане на власт, ниту ќе има отстапки од веќе утврдени позиции.

На Македонија местото и е во Европската Унија како рамноправна членка и почитуван рамноправен партнер, со зачувано национално достоинство и национални идентитетски обележја.

Така да, залудни им се обидите на талогот во СДС, кој го труе народот и сака да им ја убие надежта, да претстават дека сите се како нив и дека за власт и пари се спремни на секакви отстапки и предавства.

Заедно со народот ваквите предавници во СДС, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи. Затоа што свежи се уште предавствата од СДС под раководство на Зоран Заев, кои се сега верни приврзаници на Филипче, како што е Жерновски, и тоа нема никогаш да се заборави.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Владата тајно го прифаќа францускиот предлог што во опозиција го напаѓаше

Жерновски потенцираше дека информациите на СДСМ не се шпекулации, туку се темелат на релевантни сознанија, а дополнително ги потврдуваат и јавните изјави на владини претставници.

Жерновски: Владата тајно го прифаќа францускиот предлог што во опозиција  го напаѓаше

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека последните изјави на претставниците на Владата се доказ дека се водат тајни разговори за европскиот пат на државата и дека Владата се подготвува да го прифати францускиот предлог, кој две години го претставуваше како штетен за Македонија.

Жерновски потенцираше дека информациите на СДСМ не се шпекулации, туку се темелат на релевантни сознанија, а дополнително ги потврдуваат и јавните изјави на владини претставници.

„Вчера имавме можност да слушнеме демант кој не беше демант. Во него пишува дека СДСМ измислува дека се водат тајни преговори. Но токму министерот за надворешни работи рече дека се водат разговори „под радарот“. Не јас, не СДСМ, туку тој. Тоа го има кажано и претседателката Сиљановска“, рече Жерновски.

Во интервјуто, Жерновски посочи дека Владата на ВМРО сега се обидува како успех да го претстави она што додека беше во опозиција го нарекуваше „предавство“ и токму затоа, јавноста денес е сведок на целосен пресврт во владината политика на тема евронтеграции.

„Изјавите се контрадикторни. Значи, она што сега се случува, во Владата е стратегија како сега да се прикаже како победа она што до вчера беше голем пораз за Македонија, големо велепредавство од СДСМ, но сега треба да се прикаже сето тоа како победа. Нешто што е сосем спротивно од она што го зборуваа додека беа во опозиција, и со што дојдоа на власт и добија гласови“, рече Жерновски.

Тој нагласи дека не станува збор за изолирани изјави, туку за низа потези кои, кои покажуваат дека Владата ја менува својата политика.

„Зошто велам чекорите на Муцунски? Ова не е изолирана изјава. На оваа изјава, дека се водат преговори под радарот, следат две многу важни изјави кои што зборуваат за пресверт од 180 степени во политиката на Владата. Прв излзе Муцунски со изјава дека ние не сме северно-македонци, туку сме македонци и дека не зборуваме северно-македонски јазик, туку зборуваме македонски јазик, што е сосем спротивно тоа што зборува додека беа на опозиција. Потоа, чекор повеќе, излезе Муцунски и кажа дека протоколот не е дел од преговорачката рамка, нешто што сосема друго тврдаеа во опозиција и беше една од клучните теми врз основа на што дојдоа на власт. Сето тоа е подготвува на терен за ова што го најавивме“, рече Жерновски.

Во интервјуто Жерновски нагласи дека СДСМ не внесува нервоза во процесот, туку дека Владата самата ја отвора темата со своите јавни настапи.

„Ние само кажавме што се случува и дека граѓаните треба да бидат подготвени за тоа што следува.Тоа што следува е победа на политиката и визионерството на СДСМ, кое не беше лесно да се прави. Тоа беа тешки и непопуларни одлуки, меѓутоа одлуки кои што се за добробит на граѓаните, ние морваме младите да ги задржиме, тие ни бегаат надвор“, рече Жерновски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: СДС се плаши од функционален систем затоа се талогот на дното, „Безбеден град“ е доказ дека институциите функционираат

Владеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите.

Петрушевски: СДС се плаши од функционален систем затоа се талогот на дното, „Безбеден град“ е доказ дека институциите функционираат

Проектот „Безбеден град“ е доказ дека кога има политичка волја, професионална работа и примена на современа технологија, државата може да функционира. Кога законите важат еднакво за сите, резултатите не изостануваат.

Затоа врхушката на СДС се спротивставува на сѐ што е успех. Нив ги плашат функционални институции. Тие впрочем ги градеа институциите за да можат ним да им бидат потчинети. Нив ги плаши Македонија и граѓаните да успеат.

Затоа се талог и се наоѓаат на дното. На талогот во општеството не му одговараат победи, чесност, работа и систем на право и правда. Во таков систем никогаш нема да се вратат на власт, туку ќе завршат зад решетки. Затоа наместо политика и идеи, продаваат цинизам, песимизам, и недоверба кон иднината, бидејќи сакаат да го убијат духот на народот, на овој народ кој бил непокорен и кој се борел за слобода и своја држава.

Нема да успеат! Македонија оди напред.

Ќе победи работата. Ќе победи правдата.

Бране Петрушевски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер