Започна најголемата дистрибуција на вакцини во историјата на САД (ВИДЕО)

Работниците во фабриката на Фајзер во Мичиген ги испратија првите пратки од нивната вакцина против covid-19, со што започна најголемата и најсложена дистрибуција на вакцини во историјата на САД.

Телевизиските снимки од фабриката на Фајзер во Каламазу покажуваат дека работниците вадат кутии со вакцини од замрзнувач и ги ставаат во големи сини ладилници пред да бидат обележани кутиите.

Со силен аплауз, работниците ги испратија првите кутии до камионите со кои ќе се транспортира вакцината, со строга полициска придружба до крајните дестинации.

„Со месеци подготвувавме стратегија со соодветните служби за ефикасна логистика за дистрибуција на вакцините и сега е време да се спроведе планот“, рече Вес Вилер, претседател на здравствениот оддел на УПС, голема компанија за испорака.

Пратките со мраз на „Фајзер“ содржат до 4.875 дози што ќе се превезуваат со камион од Каламазу до аеродромот.

Работниците ќе ја вчитаат вакцината - која мора да се чува на субарктичка температура во авионите за да бидат пренесени во централните магацини на компаниите за испорака, како што се гореспоменатите UPS (United Parcel Service) или FedEx во Луисвил, Кентаки и Мемфис.

Од овие централни магацини, вакцините ќе бидат дистрибуирани на 145 места во САД кои ќе ги добијат првите дози.

Возачите на UPS и FedEx в понеделник треба да ги предадат првите „пратки“ на вакцините на здравствените служби.

Здравствените работници и жителите на домовите за стари и изнемоштени лица ќе бидат меѓу првите кои ќе бидат вакцинирани во САД.

Вакцината Фајзер е најсложена од сите вакцини развиени за борба против пандемијата на коронавирусот, бидејќи бара најстроги мерки за чување и транспорт на температура од минус 70 степени Целзиусови.

За UPS и FedEx, испораката на вакцините е приоритет, затоа тие предвиделе термини во авионите и камионите во ова време пред Божиќ кога сообраќајот за испорака на стоки купени преку Интернет е зголемен.

Двете компании се овластени за транспорт на чувствителни медицински помагала и тешко може нешто да тргне наопаку.

„Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Аеродром

Првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, веројатно на аеродромот во Скопје ќе го пречека специјалната единица „Тигри“.

Според досегашната пракса на екстрадиција на високоризични затвореници, Палевски, би требало во присуство на турската полиција да биде спроведен до авионот со кој ќе патува, а таму ќе го пречекаат припадници на македонската безбедносна служба. Тие ќе бидат задолжени за него за време на летот. Веднаш по слетувањето, под силно полициско обезбедување, веднаш ќе биде транспортиран во истражниот затвор ,,Скопје”, бидејќи му е одредена мерка притвор.

Професорот за безбедност, Методи Хаџи Јанев, не очекува никакви проблеми при спорведувањето, но предупредува дека мора да бидат запазени сите човекови права, во спротивно осомничениот би можел тоа да го употеби во своја корист.

Во пресрет на екстрадицијата, политичката партија Десна на својот официјален Фејсбук профил, објави наводно писмо од својот поранешен лидер Љупчо Палевски. Тврдат дека тоа било упатено до министерот за правда Кренар Лога, пишувано лично од Палчо, на 29 април, а следниот ден му било испратено преку службениот маил. Тој во писмото го обвинува министерот за правда Кренар Лога дека правел калкулации и застој со екстрадицијата поради изборите во земјава.

Барањето за екстрадиција доаѓа по неговото апсење на 5 декември во Турција, откако ден претходно беше распишана меѓународна потерница по него како осомничен за две кривични дела – „грабнување“ и две убиства на свиреп начин.

Димитриевски: До 8 мај нема да учествуваме во било какви преговори

Една изборна единица, црвени национални линии, промена на преговарачката рамка, се условите на Максим Димитриевски за постизборна соработка. 

Тој во гостувањето во утринската програма на Канал 5 „Здраво Македонија“, оцени дека СДСМ го допрела дното, а опозицијата уште не дојдена на власт потсетува на власта до 2016 година...

Необичен протест на млади во Тирана, упаднаа во Парламентот

Необичен протест се одржа денеска во албанскиот Парламент, каде група млади луѓе упаднаа за да ја изразат својата поддршка за иселениците од албанската дијаспора да имаат право на глас на следните избори во земјата, објави Еуроњуз Албанија.

Тие, како што пренесуваат медиумите, се качиле на една од терасите во пленарната сала на Парламентот, од каде фрлале летоци кон пратениците држејќи транспарент со натпис „Сакам да гласам во 2025 година“.

Тие истакнаа дека власта ја прекршува одлуката на Уставниот суд што им даде рок од една година да го решат прашањето за гласањето на дијаспората на изборите во 2025 година, кога се очекува да се одржат редовни парламентарни избори.

Во изјава за медиумите, младите додаваат дека се активисти кои сакаат да го информираат јавното мислење и владејачкото мнозинство за гласањето на дијаспората./МИА

притисни ентер