Започна манифестацијата „Денови на македонска култура“ во Едрене - Канал 5

Започна манифестацијата „Денови на македонска култура“ во Едрене

Во рамки на Фестивалот на филмот во Едрене, Турција, денеска започна манифестацијата „Денови на македонската култура".

Започна манифестацијата „Денови на македонска култура“ во Едрене
Активностите на манифестацијата на прес-конференција ги претставија државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехапи, директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓорѓоска-Илиевска, директорот нга Институтот за културно и духовно наследство Скендер Асани, како и раководителите на Уметничко-културното друштво „Каршиака“ и на Ансамблот за народни ора и песни „Танец“.

Државниот секретар Шехапи се заблагодари за гостопримството од турските организатори на фестивалот за 65-члената делегација од Македонија и ја претстави тридневната културна програма на фестивалот.

Директорот Асани го најави одржувањето на утрешното предавање во Тракискиот универзитет во Едрене на тема „Мигрирањето на Албанците во Отоманската империја“ и „Придонесот и учеството на Албанците во биткатана Чнакале“, која 100 години не била тема на дискусија.

Директорката Ѓорѓоска-Илиевска изрази задоволство што се претставува македонската култура преку филмот во голема држава како Турција. - Ова не е прво претставување на Република Македонија тука, имајќи предвид дека еден толку значаен настан се остварува пред неколку години преку една културна проекциа во Анталија, каде меѓу другото се направи една рестроспектива на македонската кинематографија, изјави Ѓорѓоска-Илиевска.

На манифестација во кампусот на Тракискиот универзитет се претставија културно-уметничкото друштво „Каршиака“ и „Танец“.

Во Турција ќе бидат претставени културните богатства на Република Македонија во неколку дејности-филм, фолклор и културно-историско и духовно наследство. Покрај најпознатите песни и ора од репертоарот на „Танец“ и „Каршијака“ на манифестацијата ќе бидат прикажани 14 документарни и 12 долгометражни филма од македонски и албански автори, поддржани од Агенцијата за филм на Република Македонија. Во соработка со Кинотеката на Република Македонија ќе биде организирана и изложба на браќата Манаки, со цел запознавање на присутните со ликот и делото на првите сниматели на Балканот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер