Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
1Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
КултураЗапочна интернационален филмски фестивал Астер ФестПроекцијата на оскаровецот „Хелиум“ на данскиот режисер Андерс Валтер го означи почетокот на десетиот јубилеен Интернационален филмски фестивал Астер Фест во Струмица.Овие пет дена токму градот под Царевите кули ќе биде центар на филмските случувања во земјава. На самиот старт на фестивалот се доделија и престижните награди Астер. Режисерот Борис Геретс е награден за високи достигнувања во европскиот и светскиот филм, додека домашната актерска ѕвезда, Љупка Џундева, се закити со специјално признание за високи достигнувања во филмската и драмската уметност. Годинешните лауреати воодушевени од честа што им ја укажа Астер фест. - Посебно ми е чест што оваа награда ја примам во Струмица, градот кој има многу сторено и дадено во делот на филмот и театарот. Играв со бардот Ристо Шишков, со Чедо и со прекрасниот ансамбал на Струмичкиот театар. Ние, глумците сме посебни луѓе, јас и сега најмногу што сакам е да глумам, бидејќи глумата е мојот живот, рече Љупка Џундева- лауреат. Фестивалот ќе трае до 31 мај. Ќе се прикажат повеќе од 30 проекции на автори од 15-ина земји. Покрај во Центарот за култура „Антон Панов“, закажани се и проекции на отворено, на повеќе локации во градот и околината. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месоВо четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.Состојки за денешниот рецепт: 2 модри патлиџани 250 - 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 150 мл. доматен сос 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook