Започна гласањето за разрешување на градоначалниците во четирите општини во северно Косово

Портпаролот на Централната изборна комисија на Косово, Валмир Елези, на прес-конференција утрово соопшти дека се отворени сите избирачки центри во општините Лепосавиќ, Северна Митровица, Зубин Поток и Звечан.

Во четири општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, денеска се одржува гласање за разрешување на градоначалниците, како услов за одржување нови локални избори во тие општини, откако минатогодишните избори косовските Срби ги бојкотираа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Портпаролот на Централната изборна комисија на Косово, Валмир Елези, на прес-конференција утрово соопшти дека се отворени сите избирачки центри во општините Лепосавиќ, Северна Митровица, Зубин Поток и Звечан.

„Врз основа на податоците што ги добивме од општинските изборни комисии, ве известуваме дека сите гласачки центри се отворени“, рече Елези.

Бројот на гласачки центри во општина Лепосавиќ е осум, во Зубин Поток пет, во Звечан пет и во Северна Митровица пет. Вкупно, бројот на гласачки центри во овие четири општини е 23, со вкупно 63 гласачки места.

Бројот на граѓани со право на глас за процесот на гласање за или против смена на градоначалници од функциите во четиерите општини е 46.556 гласачи.

Елези ги повика граѓаните на север да го остварат своето избирачко право.

„Во име на ЦИК ги повикувам сите граѓани на општините Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Северна Митровица да го искористат ова свое право да учествуваат во гласачкиот процес и да се изјаснат дали се за или против напуштање на функцијата на градоначалникот на нивната општина“.

За да биде успешно гласањето, треба да гласаат најмалку 50 отсто плус еден граѓанин. Доколку се исполни овој услов, тогаш вонредните избори ќе се одржат во законските рокови.

Во случај учеството да биде помало од 50 отсто, тогаш гласањето се смета за неуспешно и не може да се преземе друга иницијатива пред да поминат 12 месеци.

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, но и други субјекти од оваа заедница, објавија дека нема да учествуваат на ова гласање и истото го побараа од српските граѓани од таа област.

Поранешните српски градоначалници на општините поднесоа оставки во ноември 2022 година по одлуката на Владата за промена на српските со косовски регистарски таблички. По неколку месеци, на 23 април 2023 година, се одржаа нови избори на север, но истите беа бојкотирани од Српска листа и од српските граѓани. Тоа влијаеше на слабиот одѕив на граѓаните во гласањето и резулира со победа на кандидатите на партиите на косовските Албанци. Подоцна, по протестите на тамошните Срби поради влегувањето на новите градоначалници во општинските згради со асистенција на полицијата, на барање на меѓународниците, Министерството за локална самоуправа изготви административно упатство во кое се предвидуваат процедурите како да се оди на избори преку петиција. /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер