3Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
БалканЗапалени два локали на потпретседателката на општина Звечан во северно КосовоСпоред извештајот на косовската полиција, Томаниќ изјавила дека се сомнева оти пожарот бил подметнат намерно, но сторителите не ѝ се познати. Синоќа, околу еден часот по полноќ, непознати сторители запалиле два локали, споени во еден бутик, во Звечан во северно Косово, кој е во сопственост на Наташа Томаниќ, потпретседателка на таа општина населена со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина. Според извештајот на косовската полиција, Томаниќ изјавила дека се сомнева оти пожарот бил подметнат намерно, но сторителите не ѝ се познати. Таа ѝ рекла на полицијата дека вредноста на нанесената штета е голема. - Пријавителката, косовска државјанка, информира дека непознати лица го запалиле нејзиниот бутик, додека пожарникарите го изгаснале огнот. Во врска со случајот, пријавителката се сомнева дека пожарот бил намерно подметнат. Според неа, вредноста на штетата е висока. Се работи на расчистување на случајот, се вели во полицискиот извештај. Во врска случајот се огласи и заменик-министерот за локална самоуправа, Арбер Вокри, кој рече дека ова е обид „да се исплашат Србите ослободени од канџите на терористите на Српската листа“. - Бандитите ѝ ги запалија двата локали на потпретседателката на општина Звечан, г-ѓа Наташа Томаниќ во залудниот обид да се исплашат Србите ослободени од канџите на терористите на Српската листа. Ова се случи еден месец по незаконското блокирање на бизнисот на семејството на потпретседателката на Северна Митровица, г-ѓа. Катарина Агјанчиќ од режимот на (претседателот на Србија, Александар) Вучиќ и два месеци по запалувањето на автомобилот на претседавачот на општинското собрание во Лепосавиќ, г. Горски Буриќ, напиша Вокри на Фејсбук. Според него, тоа се случува „секогаш кога меѓународниците бараат од Република Косово да се откаже од својот суверенитет“. -Терористите и бандитите се чувствуваат охрабрени секогаш кога меѓународниците бараат од Република Косово да се откаже од суверенитетот и од спроведувањето на законот, напиша Вокри. Томаниќ, како и Агјанчиќ и Буриќ, кои ги спомна заменик министерот Вокри, беа избрани на нивните општински функции по минатогодишните локални избори, кои Српската листа, најголемата партија на косовските Срби, ги бојкотира и на кои во четирите општини во северно од Косово, населено со мнозинство Срби, со едноцифрен процент на гласови победија кандидатите на албанските партии. Влегувањето на новите градоначалници со асистенција на полицијата во општинските згради во Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток во мај минатата година предизвика протести на тамошните Срби, при што дојде и до судири меѓу демонстрантите и припадниците на КФОР. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаМицкоски: Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин ВикВо рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC.Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори. Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката и отворање нови перспективи за инвестиции во Македонија, особено во стратешки области како енергетиката, високите технологии и современата инфраструктура. Нашата цел е преку силното стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави да создадеме нови можности за економски развој, привлекување инвестиции и подобар стандард за граѓаните, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Се огласија сирени во два полски града, затворени и аеродромитеПолска привремено затвори два аеродрома поради воени дејствија на руските воздухопловни сили во соседна Украина. Пријавени се експлозии во близина на полско-украинската граница. Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека активностите во воздушниот простор се поврзани со руските напади со беспилотни летала во Украина, пренесува LBC. Украински претставник потврди дека за време на денешниот руски напад со беспилотни летала, се слушнале експлозии на неколку километри од границата со Полска, која е членка на НАТО. Во Жешов и Лублин, во источниот дел на земјата, се огласија сирените за воздушна опасност, а граѓаните беа предупредени да побараат засолниште. Lublin 11:50 słychać syreny alarmowe Ludzie mają chill https://t.co/YLjOXJh7xw — Agatha💃🏼🐙 (@GabrielaCat1191) September 17, 2026 „Копнените системи за противвоздушна одбрана и системите за радарски надзор се во состојба на целосна готовност“, соопштија Полските вооружени сили. Од командата додадоа дека станува збор за превентивни мерки насочени кон обезбедување и заштита на воздушниот простор, особено во областите што граничат со загрозените региони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаГерасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површиниИнспекциските служби на Општина Центар за една недела изрекоа глоби, во износ од 1.300 до 1.800 евра, за четири градилишта на територијата на локалната самоуправа.Казните се изречени поради оставање градежен материјал и градежен шут на јавни површини, со што биле нарушени комуналниот ред и јавната чистота, а биле отежнати движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот. „Нашите инспектори се на терен и будно ја следат состојбата на активните градилишта. Контролите продолжуваат, а особено внимание посветуваме одржувањето на чистотата и непреченото користење на јавниот простор. Секој што нема да ги почитува прописите ќе биде соодветно санкциониран“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Од Општина Центар апелираат до инвеститорите и градежните компании да не оги узупираат а јавните површини, да ги почитуваат законските обврски и да се грижат за безбедното движење на граѓаните. Инспекциските контроли продолжуваат со засилен интензитет.Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00