Западот „брка“ критични материјали а нашата Иловица е во „длабок сон“. Кој е виновен? - Канал 5

Западот „брка“ критични материјали а нашата Иловица е во „длабок сон“. Кој е виновен?

Геополитичката трка за критични минерали ги принудува западните држави сè поактивно да го финансираат рударскиот сектор.

Западот „брка“ критични материјали а нашата Иловица е во „длабок сон“. Кој е виновен?

Американскиот Центар за стратегии за критични минерали предупредува дека без поголема државна финансиска поддршка, Западот ќе продолжи да зависи од Кина за суровините клучни за современата технологија и одбраната.

Но, додека развиените земји бараат начини да го зголемат јавниот капитал за ископ, во Македонија стои неискористен приватен инвестициски потенцијал. Проектот за бакар „Иловица“ останува во застој, иако за него веќе е обезбеден приватен капитал. Во време кога критичните минерали се основа за економска отпорност, игнорирањето на овој рударен потенцијал значи пропуштена можност за позиционирање на Македонија во новите глобални синџири на снабдување.

Како што се истакнува во извештаите, битката за ресурси ќе ја добијат само оние земји кои можат брзо да мобилизираат капитал и да ги префрлат стратешките проекти во фаза на производство.

Домашните експерти веќе апелираат Македонија да го искористи својот ресурсен потенцијал во соработка со западните партнери. Рудникот Иловица има капацитет да експлоатира 10 милиони тони руда годишно (со просечно производство од над 10.000 тони бакар) во период од 23 години. За разлика од Западот кој бара јавни пари, за овој проект веќе има приватен капитал кој нуди огромни економски придобивки:

340 милиони евра инвестиција само во првата фаза на изградба на рударскиот комплекс.

Стотици нови директни вработувања.

75 милиони евра годишно кои ќе се слеваат во локални и регионални компании од угостителството, земјоделството, текстилната индустрија и тековното сервисирање.

Во меѓувреме, Западот се соочува со недостиг на бакарен концентрат поради застрашувачката пазарна доминација на Кина, која досега инвестирала 98 милијарди долари во вакви проекти. Според Меѓународната агенција за енергетика, светот има потреба од над 500 милијарди долари нови инвестиции во критични минерали. Затоа, реализацијата на подготвени и финансирани проекти како „Иловица“ претставува стратешки императив кој носи долгорочен економски развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Несреќа во БиХ, автобус со фудбалери излета од патот, натпреварот веднаш бил откажан!

Натпревар од деветтото коло на Втората лига на Федерацијата Босна и Херцеговина – Центар, меѓу Горажде и Фамос од Храсница, кој требало да се одигра денес, е одложен по сообраќајна несреќа што ја доживеле гостите на пат кон стадионот! 

Несреќа во БиХ, автобус со фудбалери излета од патот, натпреварот веднаш бил откажан!

Во еден момент, автобусот со фудбалерите и стручниот штаб на Фамос излетал од патот, а инцидентот предизвикал голема загриженост.

За среќа, од Храсница пристигнале охрабрувачки вести – ниту еден фудбалер не е повреден, додека возачот се здобил само со полесни повреди.

Иако сите фудбалери поминаа без повреди, стресот и шокот по несреќата оставија последици. Во такви околности, тимот не беше во состојба да настапи на натпреварот, па членовите на клубот се упатија назад кон дома по инцидентот. По повод овој настан се огласи и ФК Горажде, од каде официјално потврдија дека натпреварот нема да се одигра во предвидениот термин.

- Ја известуваме јавноста, навивачите и спортската јавност дека натпреварот меѓу Горажде и Фамос е одложен. До одложувањето дојде поради сообраќајна несреќа во која учествуваше екипата на Фамос на пат кон Горажде. Поради сите околности и состојбата во која се наоѓа тимот, натпреварот нема да се одигра во предвидениот термин. Новиот термин за натпреварот ќе биде дополнително одреден и објавен штом ќе се исполнат сите услови – соопштија од Горажде, упатувајќи благодарност за разбирањето.

Најважно е што играчите на Фамос поминале без повреди, а новиот термин за натпреварот ќе биде дополнително објавен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Меси и Суарез како во своите најдобри денови

Суарез го отвори резултатот во третата минута, а потоа, во 39-тата, го зголеми водството на домашниот тим. 

Видео: Меси и Суарез како во своите најдобри денови

Двата гола на Уругваецот беа постигнати по додавања на Херман Бертераме, па Интер замина на полувреме со сигурна предност од 2:0.

Во продолжението, главната улога ја презеде волшебникот Лео Меси. Аргентинецот погоди во 47-мата минута по асистенција на Суарез, а во 60-тата минута, по додавање на Родриго де Пол, беше поставен конечниот резултат.

Светските фудбалски ведети на овој меч потсетија на времето од Барселона кога беа неверојатен тандем и вистински машини за постигнување на голови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио за нападот на Ријад: „Ова мора веднаш да престане“

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Соединетите Држави остро ги осудуваат најновите напади врз Кралството Саудиска Арабија.

Рубио за нападот на Ријад: „Ова мора веднаш да престане“

Во соопштението на американскиот државен секретар на мрежата „Икс“ (X) беше потврдено дека еден американски државјанин загинал во новите напади, пренесува Ројтерс.

„Овие срамни напади покажуваат грубо непочитување на животите на невини цивили. Тие мора веднаш да престанат“, напиша Рубио во објавата.

Најмалку 12 лица загинаа, а 309 беа повредени во вчерашниот напад врз меѓународниот аеродром „Кинг Калид“ во саудискиот главен град Ријад – напад за кој саудиските власти ги обвинуваат јеменските бунтовници Хути – соопштија саудиски претставници.

Според официјални лица, ова е најсмртоносниот напад во некоја од арапските земји од Персискиот Залив од почетокот на американско-израелската војна против Иран во февруари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер