Западноевропска премиера на „До Балчак“ на филмскиот фестивал во Нанси - Канал 5

Западноевропска премиера на „До Балчак“ на филмскиот фестивал во Нанси

Меѓународниот филмски фестивал Нанси - Лорен (28 август – 6 септември 2015), кој се одржува во градот Нанси на истокот од Франција и кој важи за еден од најголемите филмски фестивали во овој дел на Франција, во својата престижна програма „Под ѕвездите“ ќе го прикаже македонскиот филм „До Балчак“ на режисерот Столе Попов, јавува дописникот на МИА од Париз.

Западноевропска премиера на „До Балчак“ на филмскиот фестивал во Нанси
На европската премиера на „До Балчак“ ќе присуствува и главната актерка на филмот на Столе Попов, Инти Шрај. Филмот на Столе Попов по прикажувањето на „Браќа Манаки“ минатата година и на фестивалот во Сараево пред неколку дена ја продолжува својата фестивалска кариера.

Филмот од медиумите, како француската национална телевизија Франс 3, која прикажа извадок од филмот за време на главните вести, како и од најтиражниот регионален весник во Франција „Л’Ест Републикан“ е претставен како „вистински настан“ и можност да се открие не многу познатата македонска кинематографија од страна на француската публика.

Селекционерите на фестивалската програма го претставија и образложија изборот на филмот „До Балчак“ со следните зборови: „Голема романтична фреска, филм на границите со маниеризмот, многу убава текстура на фотографијата, интерпретацијата го пресекува здивот (не е само тоа)... се остава да се мисли на филмовите со забрзан ритам од големиот период на Костурица (најпознат режисер од просторите на поранешна Југославија во Франција). Филмот не предизвикува меланхолија...“ се вели во образложението.

Организорите на фестивалот во Нанси филмот ќе го прикажат во оригиналната верзија и тие самите го направија преводот на француски јазик на титловите. Претставувањето на филмот пред француската публика беше овозможено од Агенцијата за филм на Република Македонија и од страна на режисерот Столе Попов, кој од оправдани причини не можеше да допатува во Нанси, но впечатоците од публиката ќе му ги пренеси главната актерка Инти Шрај.

Филмот ќе биде прикажан на 4 септември во престижната програма „Под ѕвездите“, која како и што самата кажува, станува збор за кино сала под птврено небо под ѕвездите. Додека другиот ден на 5 септември, филмот ќе биде репризиран во најпознатото француско кино „Камео“. Имено, директорката на киното „Арт ет Есеј“ , кое располага со осум кино сали, Алин Ролан, годинава беше прогласена за најдобар кино програматор во Франција.

„Меѓународниот филмски фестивал Нанси-Лорен“, кој годинава го доживува своето дваесетто и прво издание од 28 август до 6 септември е организиаран од асоцијацијата „Ај Ај В.О.“ која ја покажува својата љубопитност во откривањето на филмските бисери одцелиот свет.

Меѓународниот филмски фестивал Нанси-Лорен, е еден од „најмакедонските“ и „најбалканските“ филмски фестивали во Франција, а можеби и во светот.

Во изминативе две децении редовно се селектирани македонски филмови или македонски копрудукции кои се претставувани пред француската пиблика.

Со асоцијацијата Ај Ај В.О., организатор на фестивалот и со тоа воедно претседател-координатор на фестивалот, претседава Тони Гламчевски, македонскиот новинар дописник на МИА и МРТ од Франција.

- Фестивалот е вистинска среќа за љубителите на филмот, прекрасен и фасцинирачки прозорец отворен кон филмската уметност. И истовремно кон светот. Светот, во кој филмот фрла светлина врз неговите сенки и рани. Филмот и нашиот фестивал ни дозволува да ги укинеме границите меѓу реалноста и фикцијата. Да заборавиме на се’, барем додека трае филмот. Изборот на филмовите се однесува на секојдневниот живот, на обичните или необичните нешта, вели Гламчевски.

Уредувачката политика при селекцијата на филмовите, посочува Гламчевски, е во насока на одбрана а разноликоста, секогаш во насока на квалитетот, со ангажирани, смешни, емотивни, вознемирувачки или изненадувачки филмови.

Годинава тој е задоволен што во селекцијата на девет долгометражни играни филмови се најде македонскиот филм „До Балчак“, откако не успеа да го добие минатата година, нагласувајќи притоа дека фестивалот има многу добра соработка со Агенцијата за филм на Република Македонија. Притоа се размислува и за одржување на недела на македонскиот филм во Нанси.

Во организирањето на фестивалот, годинава е вклучен и еден студент од ЕСРА од Скопје, Христијан Велевски, кој преку бирото на АЛДА од Скопје работи како европски волонтер.

Инаку, за време на фестивалот, од 28 август до 6 септември, организаторите на публиката и предлагаат над 150 филмови од над 40 земји, можност за средба со други култури, друг начин на живеење, отворање кон културната разноликост со надминување а уметничките и географските граници.

Филмовите се претставени во шест селекции или вкупно 82 проекции - Меѓународна натпреварувачка селекција на 32 краткометражни филмови, избрани меѓу 1400 филмови направени во текот на 2014-2015 година, Селекција на краткометражни филмови за млади и деца, Зизз - Селекција на интересни или необични фимови, Слободен избор на филмови од партнерите на фестивалот од Палиќ - Србија, Полска, Транскавказијата, Селекција на филмови на баскиски режисери, Селекција на филмови кои се прикажуваат на отворено во дворот на реновираната Мануфактура (монополот за тутун) и натпреварувачка селекција на европски документарни филмови.

Вечерва на фестивалот ќе биде прикажан филмот „„Звиздан“ на хрватскиот режисер Давор Матаниќ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!

Организираната криминална група на Мицкоски, панично ја штити банката на Вучиќ.

СДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!

Сакаат да го заташкаат скандалот со внесувањето на Алта банка во Македонија, да се спасат од одговорност, да сокријат сметки, трансакции, потекло на капитал...

Нема да можат. Алта банка е огромен финансиски скандал и одговорност ќе има! За сите!

СДСМ денеска поднесе Кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други службени и одговорни лица во Народната банка.

Бараме одговорност за сите инволвирани во Алта банка!

Сите што ја отворија вратата и ја внесоа Алта банка во Македонија, што не провериле потекло на капитал, сопственик, ризик, што ја дале согласноста и што не ги заштитиле интересите на граѓаните на Македонија.

Пријавата е обемна, темелна, аргументирана и правно издржана со конкретни правни основи, групирани во неколку целини.

Прво, кривична одговорност според Кривичниот законик.

Трајко Славески и пријавените лица се теретат дека со своите дејствија на сторување и несторување, пропуштање должен надзор, во периодот од втората половина на 2025 година до октомври/ноември 2026 година.

„Несовесно работење во службата“ по член 353-в и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353.

Второ, одговорност за одобрување на преземањето и надзорот според Законот за банките.

Во Кривичната пријава се наведени членовите 13, 17, 18 и 59, 62, за неисполнување на условите за стекнување квалификувано учество особено на лице со изречена прекршочна санкција, за проверката на инвеститорот и основите за добивање на согласноста која ја дала Народна банка, односно Славески.

Бараме да се утврди зошто не била проверена репутацијата на сопственикот, потеклото на парите и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката.

Давор Мацура зошто не го провериле? Сомнителниот капитал зошто не е проверен и така натаму.

Опфатени се и членовите 83 и 88 – во однос на согласностите за членовите на надзорните и управните органи.

Основано се сомневаме дека Народната банка не ги употребила законските механизми навреме и дозволила ризиците да се прелеат врз граѓаните на Македонија.

Трето – одговорност според Законот за Народната банка и прописите за спречување перење пари. Со барање да се испитаат направените проверки на сопственикот, капиталот и трансакциите, како и постапувањето на надзорниот орган.

Дали биле побарани информации од странските регулатори? Дали била вклучена Управата за финансиско разузнавање? Кои предупредувања биле разгледани и што било преземено?

Во пријавата бараме прибирање на целокупното досие за преземањето, стручните елаборати, записниците, согласностите и кореспонденцијата со домашните и странските институции.

Бараме проверка на прекуграничните трансакции и сослушување на сите лица што учествувале во одлучувањето и надзорот.

Бараме и мерки на претпазливост за Трајко Славески и останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Почитувани,

Во Србија има истрага, одземена е лиценцата на Алта банка, отворен е стечај, приведен е сопственикот Давор Мацура, се истражуваат 380 милиони евра, се споменуваат и фалсификувани пари.

Банката била пералница на пари на Вучиќ а во Македонија ја донесоа Мицкоски и Славески.

Не може во Македонија ништо да не се презема.

Одговорноста треба да се лоцира, институциите мора да постапат.

Обвинителот Ненад Саевски има шанса да ги одбие повиците на Мицкоски и да покаже дека може да работи независно, по Закон.

Или да стане соучесник на оваа организирана криминална група и да ги штити.

Но на сите, буквално на сите, од Мицкоски до Славески и сите инволвирани во скандалот со Алта банка едно треба да им биде јасно:

Одговорност ќе има! Доаѓа време на правдата!

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Линдзи Вон откри што ѝ извадиле од ногата

Светската скијачка ѕвезда, Линдзи Вон откри што ѝ извадиле од ногата, по девет операции, луѓето се шокирани од она низ што поминува таа.

Линдзи Вон откри што ѝ извадиле од ногата

Една од најдобрите светски скијачки во историјата, Линдзи Вон имаше деветта операција, при што од ногата ѝ беа извадени плочки и шрафови. Неа ја очекува тешко закрепнување по повредата што ја заработи на Зимските олимписки игри.

42 годишната американска скијачка Линдзи Вон доживеа тешка повреда на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д'Ампецо, од која сè уште се опоравува.

Оттогаш, Вон имала дури девет операции, а при последната од нив, лекарите ги извадиле сите плочки и шрафови од нејзината нога. А ги имало навистина многу.

Како што истакна Линдзи, операцијата поминала добро и закрепнувањето се одвива во вистинска насока, но таа девет месеци трпела неподносливи болки поради одлуката повторно да се натпреварува на Олимписките игри во својата петта деценија од животот – таа едноставно „горела“ од желба да освои уште еден медал.

За жал, таа претрпе сериозна повреда при судир со порта, при што дојде до оштетување на предните вкрстени лигаменти. Веднаш била примена во болница во Италија, а потоа закрепнувањето го продолжила во САД, каде што сега ѝ беше извршена операцијата.

Лекарите конечно ги извадиле сите плочки и шрафови, а таа објави кратко видео кое ги шокираше нејзините следбеници:

„Сето ова го извадија од мојата нога“, напиша Американката, чија десна нога е во завои.

Деветтата операција не значи дека закрепнувањето е завршено; најверојатно ја очекуваат уште неколку месеци во кои ќе се обиде да ја врати флексибилноста на ногата. Сепак, останува прашањето дали таа некогаш ќе биде истата како порано – како и дали повторно ќе се натпреварува во скијање.

„Мојата лева нога всушност закрепнува многу добро. Сè уште немам преден вкрстен лигамент, па ќе биде неопходно да се извади металот од ногата и таа да се санира. Проблемот е во мојот десен скочен зглоб. Тој е сè уште скршен, но веќе не боли толку многу“, изјави таа за „Спортс Центар“ пред неколку недели, признавајќи дека минува низ многу тежок период во својот живот – можеби најтешкиот во нејзината кариера, која е една од најголемите во историјата на овој спорт.

„Во овој период научив многу за трпението. Мислев дека веќе знам нешто за тоа, но навистина поминав низ многу искушенија. Чувствував дека напредокот е многу бавен, иако работев напорно. Коските не заздравуваат на ист начин како лигаментите, а јас не бев навикната на тоа.“

Инаку, Линдзи Вон се повреди на Светскиот куп пред Зимските олимписки игри, но сепак одлучи да настапи. Таа имаше завој на коленото и претрпе тешка повреда, од која и денес ги чувствува последиците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, најави дека СДСМ денеска поднесува кривични пријави за случајот со Алта банка,за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓани

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Филипче порача дека СДСМ нема да дозволи власта на Мицкоски да го заташка скандалот и да избега од одговорноста.

„СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка. Организираната криминална група на Христијан Мицкоски сака да го заташка скандалот со Алта банка и да избега од одговорност. Да сокрие сметки, трансакции, потекло на капитал, врските со криминалниот клан на Вучиќ... Да не се дознае кој потпишал и за чии интереси.

Мицкоски и Славески поднесоа пријави против опозицијата затоа што се во паника.

Сега е ред на СДСМ, на вистината и правдата. СДСМ поднесува кривични пријави за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаните и јавните претпријатија. Мицкоски, го копираш Вучиќ. Вучиќ падна. Истрагите се отвораат. Истото те чека и тебе. Вистината излегува. Бандата ќе одговара“, посочи Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер