Занесната манекенка повторно воодушеви: За убавата Џиџи нема зима (фото) - Канал 5

Занесната манекенка повторно воодушеви: За убавата Џиџи нема зима (фото)

Џиџи Хадид на новите фотографии кои овие денови се појавија во медиумите и на социјалните мрежи, изгледа феноменално.

Занесната манекенка повторно воодушеви: За убавата Џиџи нема зима (фото)

Занесната убавица моментално е една од најпопуларните манекенки на светот, а на нејзиниот шарм е невозможно да се одолее.

Таа е девојка за насловна страница, а на фановите никогаш не им е доволно од нејзините фотографии.

Медиумите додаваат дека нејзината популарност расте и оти пред неа има уште многу успеси во кариерата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митовски: Рударството е дел од идентитетот и силата на Крива Паланка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, присуствуваше на свеченоста по повод Денот на рударите, на која годинава беше одбележан и значајниот јубилеј – 10 години успешно работење на „Булмак 2016“ и рудникот „Тораница“.

Митовски: Рударството е дел од идентитетот и силата на Крива Паланка

Во присуство на бројни гости, претставници на компанијата и рудари, Митовски упати честитки по повод празникот и оддаде признание на генерациите рудари кои со својот труд, знаење и истрајност оставиле силен белег во економскиот и општествениот развој на Крива Паланка.

„Крива Паланка не е само град во кој има рудник, Крива Паланка е рударски град. Со рударството растеле генерации, се создавале семејства, се граделе домови и иднина. Рударската традиција е длабоко вградена во идентитетот на нашиот град, а зад неа стојат луѓе чиј чесен труд заслужува највисока почит. Се гордееме со нашите рудари и со она што тие го претставуваат за Крива Паланка“, истакна Митовски.

Осврнувајќи се на десетгодишниот јубилеј, градоначалникот нагласи дека „Тораница“ има посебно место во стопанската историја на Крива Паланка, а „Булмак 2016“ значајна улога во локалната економија и заедницата.

Тој ја потенцираше и заложбата за натамошно унапредување на соработката, отворениот дијалог и партнерството, со јасна определба развојот на рудникот и развојот на градот да создаваат нови можности за Крива Паланка и нејзините граѓани.

„На сите рудари и на сите вработени во ‘Тораница’ им го честитам Денот на рударите. Нека е среќен десетгодишниот јубилеј на ‘Булмак 2016’. Со длабока почит кон рударската професија и традиција – СРЕЌНО!“, порача градоначалникот Митовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот лукровски со порака за мир, љубов и заедништво по повод Голема Богородица

Првиот човек на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска го одбележа големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, со посета на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.

Градоначалникот лукровски со порака за мир, љубов и заедништво по повод Голема Богородица

Во духот на празникот, градоначалникот упати честитки до сите православни верници, со желби за добро здравје, духовен мир, благосостојба и семејна среќа.

„Овој голем празник нè потсетува на најважните човечки вредности - верата, љубовта, надежта, милосрдието и грижата за ближниот“ - порача Лукровски.

Успението на Пресвета Богородица, познато меѓу народот како Голема Богородица, е еден од најголемите празници посветени на Божјата Мајка и има особено значајно место во православната духовна традиција.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Стоилковиќ и Ратко Младиќ: Воениот злосторник како „генерал“ во Владата на Македонија

Иван Стоилковиќ, министер во Владата на Македонија, до вчера заменик-премиер, денеска јасно покажа каде му е местото и кои му се вредностите.

СДСМ: Стоилковиќ и Ратко Младиќ: Воениот злосторник како „генерал“ во Владата на Македонија

За него босанскиот српски лидер Ратко Младиќ - осуден за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото е величина и херој.

За него тој е „негов генерал“ - среде Македонија.

Ова е дел од поширока агенда: Вучиќ, руска агенда, кинески инвестиции, воодушевување од Кина… „Српскиот свет“ сега и во форма на почитување на воениот злосторник.

Наместо да гледаме кон иднината, кон Европа, кон демократско и просперитетно општество - ние се враќаме во деведесеттите, во политиката на Милошевиќ и војните.

Министер во Владата на Мицкоски јавно велича човек осуден за геноцид во Сребреница. Тоа не е ниту личен став, ниту „културна разлика“. Тоа е директна порака: во оваа Влада има место за оние кои ги слават воените злосторници од најмрачните страници на балканската историја.

СДСМ најостро го осудува овој чин.

За вакви како Стоилковиќ нема место во ниту една демократска, европска и цивилизирана влада.

Мицкоски мора да одговори - дали ова е официјален став на неговата Влада или личен испад на неговиот министер?

Граѓаните на Македонија не заслужуваат да имаат министер кој воениот злосторник го нарекува „мој генерал“.

Наместо да гледаме кон демократските вредности, иднината, Европа и просперитетот, ние имаме министри во Владата кои ги величаат воените злосторници.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер