Занаетчиите со силна поддршка за иницијативата на министерката Божиновска за институционална заштита на македонскиот рубин - Канал 5

Занаетчиите со силна поддршка за иницијативата на министерката Божиновска за институционална заштита на македонскиот рубин

Националната комора на занаетчиите на Република Македонија изрази јасна и недвосмислена поддршка за активностите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Занаетчиите со силна поддршка за иницијативата на министерката Божиновска за институционална заштита на македонскиот рубин

Националната комора на занаетчиите на Република Македонија изрази јасна и недвосмислена поддршка за активностите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, насочени кон институционална заштита на македонскиот рубин – единствениот природен рубин во Европа, кој се вади и обработува исклучиво во Прилеп и Мариово.

На средбата со министерката Божиновска присуствуваа претседателот на Комората, Агрон Фазлији, Соња Вељанова член на надзорниот орган, директорката на Републичката комора, Јелена Спасова, како и долгогодишниот промотор на македонскиот рубин, Деко.

Претставниците на Комората оценија дека институционалната заштита што ја иницира министерката ќе внесе „силен ветер во грб“ на македонското занаетчиство. Тие посочија дека уникатни рачно изработени парчиња накит и уметнички дела со македонски рубин ќе ја претставуваат земјата пред светот, како автентичен симбол на нејзиното природно и културно наследство.

Во знак на благодарност, министерката Божиновска доби симболичен подарок – рачно изработен клуч дизајниран од Соња Вељанова, во кој се вградени минерали од македонската почва, наречен „Македонски клуч“. Овој уникатен подарок, изработен со традиционални занаетчиски техники, претставува симбол на отвореност, доверба и заеднички пат кон зачувување на националното наследство.

Занаетчиите, во рамките на разговорот, истакнаа подготвеност активно да го поддржат процесот на заштита и промоција на македонскиот рубин, но и побараа поддршка од Министерството за создавање услови за развој на занаетчиството. Тие нагласија дека е потребна институционална помош за олеснување на административните и финансиските бариери со кои се соочуваат, меѓу кои и високите сметки за електрична енергија. Дополнително, беше нагласена потребата од креирање програми што ќе привлечат млади луѓе кон занаетчиството, со цел да се спречи изумирањето на оваа автентична традиција.

Министерката Божиновска ја потврди својата посветеност кон процесот на заштита и афирмација на македонскиот рубин, но и ја нагласи важноста на занаетчиите како чувари на културното и природното наследство:

„ Верувам во нивната моќ и талент. Ќе направиме сè Македонија да ја зачува својата автентичност, да го поддржи творештвото и да обезбеди иднина во која традицијата живее преку рацете на нови генерации.

Македонскиот рубин е дел од националниот идентитет. Заедно со занаетчиите, ќе работиме да ја пренесеме неговата вредност во секој изработен примерок, за Македонија да се претстави пред светот со автентичен симбол на својата убавина и традиција.“

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

Делегација на МВР предводена од Државниот секретар Петрушевски положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

Делегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

По повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово и 507 години од постоењето на градот, денеска на Спомен-костурницата во Куманово беше положено свежо цвеќе во чест на борците кои ги положиле своите животи за слободата на градот.

Делегацијата на Министерството за внатрешни работи ја предводеше државниот секретар Сашо Петрушевски, кој заедно со останатите членови на делегацијата им оддаде почит на хероите и нивната жртва за слободата.

Во продолжение, делегацијата на МВР присуствуваше и на свечената седница во Занаетчискиот дом, на која традиционално беа доделени Ноемвриските награди на заслужни граѓани и правни лица кои со својата работа и придонес оставиле значаен белег во општествениот живот на Куманово. Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма.

Одбележувањето на овој значаен датум претставува потсетник на богатата историја, херојското минато и непокорниот дух на Куманово, како и на обврската да се негуваат историското наследство, традициите и вредностите што се дел од колективната меморија на градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот.

Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик .

„Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива.

Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка.

Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Поранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски  е новиот претседател на Лекраската комора. 

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер