Заменик-министерот за земјоделство Фљакрон Беџети поднесе неотповиклива оставка - Канал 5

Заменик-министерот за земјоделство Фљакрон Беџети поднесе неотповиклива оставка

 Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој на Фејсбук објави дека оставката ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски.

Заменик-министерот за земјоделство Фљакрон Беџети поднесе неотповиклива оставка

Во објава Беџети искажува благодарност до премиерот, министерот за земјоделство, владиниот кабинет, и до колегите и соработници за коректната соработка.

-Ова беше 10-месечен период на посветеност, одговорност, да се служи оваа функција во корист на земјоделците и сите други што ги претставува ова Министерство. Верувам дека со достоинство, транспарентност, сериозност и гордост, придонесов на оваа позиција, колку и да е малку, за општото добро, напиша Беџети во објавата.

Упати благодарност и до лидерот Арбен Таравари и партијата Алијанса за Албанците, потенцирајќи дека останува лојален на нив.

-Верувам дека не разочарав никого и со чесен труд ја афирмирав партијата што ја претставувам, напиша Беџети.

Челзи прв финалист на Светското клупско првенство

Фудбалерите на лондонски Челзи се првите финалисти на Светското клупско првенство, откако синоќа во полуфиналето го совладаа бразилски Флуминенсе со 2-0.

Челзи прв финалист на Светското клупско првенство

Челзи до место во финалето го однесе двојниот стрелец Жоао Педро, кој претходно во кариерата настапуваше за Флуминенсе.

Англискиот клуб дојде во водство во 18 минута, а Педро со својот втор гол на натпреварот во 56 минута стави печат на победата.

В недела, Челзи за противник во финалето ќе го има победникот од вториот полуфинален дуел меѓу двата последни европски шампиони, Реал Мадрид – ПСЖ.

Второто полуфинале е на програмата вечерва со почеток во 21 часот по македонско време.

Без струја дел од општините Сопиште и Карпош

 Без електрична енергија денеска ќе останат дел од општините Сопиште и Карпош, соопшти РЦУК Скопје по добиено известување од Од ЕВН Македонија АД.

Без струја дел од општините Сопиште и Карпош

Како што се наведува во соопштението, без струја во периодот од 08:00 до 12:00 часот, ќе видат дел од корисдниците од с.Сопиште на главен пат околу „Давидоф“, а во периодот од 12:30 до 14:30 часот, дел од ц.Долни Нерези во Карпош.

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата

На граничните премини утринава, според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

притисни ентер