Заменик-министерот за здравство ги посети повредените во Ниш - Канал 5

Заменик-министерот за здравство ги посети повредените во Ниш

 Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, заедно со претставници од Министерството за здравство, го посетија Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде ги посетија повредените од пожарот во Кочани, сместени во таа установа.

Заменик-министерот за здравство ги посети повредените во Ниш

Како што соопшти МЗ, тие оствариле средби со директорот на Клиничкиот центар, проф. д-р Перишиќ, и медицинскиот тим при што биле запознаени со состојбата на тројцата пациенти хоспитализирани во оваа установа.

Според информациите добиени од медицинскиот персонал, двајца пациентите се во стабилна состојба, додека еден пациент е во потешка состојба, но истите остануваат под внимателен лекарски надзор и соодветна терапија.

-Министерството за здравство изрази длабока благодарност до медицинскиот персонал на Универзитетскиот клинички центар во Ниш за нивната посветеност и поддршка во овие тешки моменти, стои во објавата на Фејсбук на Министерството за здравство.

Обвинителството отвори предмет за ширењето на пепелта од РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола оформи предмет за одлагањето на пепелта во РЕК Битола, по реакциите во дел од јавноста дека во околината на градот се шири токсична прашина.. 

РЕК Битола

Километарскиот облак од пепел и прашина во Пелагонија кој произлезе од РЕК Битола го вклучи алармот кај битолчани кои со бурните реакции на социјалните мрежи, преку видеа и фотографии го активираа и тамошното обвинителство да отвори предмет. Од инспекторатот за животна средина, по барање на обвинителството веќе извршиле вонредна инспекција во која се утврдени недостатоци во одлагањето на пепелта, а воедно се истражува и дали испуштеното од електранта е токсично.

„Надзорот беше извршен и беа утврдени определени недостатоци во однос на мерките за спречување и намалување на емисијата на прашина/пепел на одлагалиштето за пепел поради што ДИЖС наложил на РЕК Битола да ги отстрани утврдените недостатоци и да постави резултати за извршени мерења на амбиенталниот воздух на одлагалиштето за пепел во рок од 30 дена од извршениот надзор.“

Од РЕК Битола пак велат дека според мерењата од акредитирана лабораторија, не биле надминати вредносните граници на загадување, но уверуваат дека станува збор за децениски проблем кој сега се решени да го отстранат и да воспостават одржливо работење според сите еколошки стандарди.

„Сите раководства претходно го имале овој проблем, е сега, начинот со поместување на траката, кое што е предвидено и се врши веќе, од 25ти април, ќе продолжи директно во касета и со тој начин гледаме да го минимизираме делот кој што одлетува во воздухот при спуштањето на пепелта во касетата. Во испитуваниот период не е надмината 24 часовната гранична вредност за заштита на човековото здравје за концентрацијата на суспендирани честички ПМ10.“

Екоактивистите пак од Битола се скептици дека нешто ќе се промени, оти велат ова е проблем со кој граѓаните се соочуваат 30тина години, поради кој битолчани, а особено оние кои живеат во околината на комбинатот, се почесто завршуваат на онкологија.

„Онкологија ќе ви каже кои се најбројни пациенти кај нив, од карциномот и од лошото не можеш да „куртулиш“, не познавам човек кој нема негов пријател или роднина, познаник, да не се лечи од канцер или да не му починал некој од канцер. РЕК Битола со неговото несоодветно справување со животната средина е голем причинител на такви заболувања, за респираторни да не зборуваме, во тие населени места нема новороденче или дете до 10 години кое нема респираторни проблеми.“

Градоначалникот на Битола,Тони Коњановски побара институциите соодветно да се справат со овој проблем и истиот итно да биде решен за благосостојба на граѓаните.

Инаку, РЕК Битола има обрска до крајот на април да врши мерења на воздухот, а потоа истите инспекторатот да ги достави до Обвинителството, по што тоа ќе одлучи дали ќе продолжи со предметот кој е отворен.

АЕК почна постапка за јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникации објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за нов мрежен оператор во државава.

АЕК почна постапка за јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

Ова доаѓа на барање на „ОНЕ Македонија телекомуникации“, фирмата што унгарската телеком-компанија „4ИГ“ ја регистрираше во државава, по објавата за влез на македонскиот телекомуникациски пазар.

Писмо за искажување интерес треба да се достави до АЕК до 16 мај годинава, а од резултатот на јавната расправа согласно законот за електронски комуникации ќе се одлучува за идните чекори за објавата на тедерот.

Синдикатот на културата на протест пред Министерството за култура – културата нема да молчи

Синдикатот на културата одржа протест пред Министерството за култура поради неисплатените плати и како што соопшти, обидите за непочитување на колективните договори.. 

Синдикатот на културата на протест пред Министерството за култура – културата нема да молчи

Со пароли во рацете културните работници одржаа протестен совет пред министерството за култура и туризам, велат културата нема да молчи и да се плаши. Неисплата на мартовската плата, непочитувањето на колективните договори, ненавремените и јасни насоки за пресметка на платата ги оценија како удар врз достоинството на работниците.

Со порака дека една нација не може да биде слободна ако нема култура, побараа почитување на културата и законите. А до ресорниот министер Зоран Љутков излегоа со низа барања.

„Денес на оваа отворена протесна седница на СКРМ бараме да се почитуваат колективните договори и законите. Бараме достоинствени услови за работи и за народот кој што е дел од самата култура како величие публиката. Бараме транспарентност и професионално управување со културните институции ослобеодени од партиска контрола...

Иако министерот Љутков пред неколку дена преку социјалните мрежи им се извини на културните работници поради доценњето на платите и рече дека долгогодишниот проблем е надминат и наскоро ќе ги добијат своите плати, денеска тој не одговори на нашите повици, а од синдикатот посочија дека според нивни инфорамции денеска биле доставени нови насоки за пресметка на платите и се надеваат дека барем пред првомајските празници ќе ги добијат своите мартовски плати.

На денешниот собир СКРМ поддршка доби и од ССМ, а претседателот Тренафилов ги повика сите да се приклучат на првомајскиот протест.

„Ве повикувам не 1 мај да ни се придружите, не заради друго туку бевме 300 пред три недели на протест се усплашија, денеска сме 3 000 уште повеќе се плашат им кажавме дека ќе дојдеме и 30 илјади тоа што го прават е не бројат наместо да ни платат плата.“

Со инторнирање на дражвната химна и пораката да Живее колективниот договор за култура – да живее Македонија завшри денешниот протест.

Покрај вработените во културата без плата се и вработените во министерството за економија, Пазарниот, трудовиот инспекторат, а министерот Дурмиши минатата недела рече дека доцнењето било поради технички проблеми и наскоро ќе има надминување на проблемот.

YouTube video

притисни ентер