3Врнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините
3Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
МакедонијаЗаменик-министерот Ристески дел од владината делегација на чествувањето на загинатите бранители пред комплексот „Карпалак“ во ПрилепВо Прилеп вчера голем број делегации положија цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев”, како и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште, а беше одржана и вечерна богослужба во манастирот „Св. Петка“. Марјан Ристески, заменик-министер за економија и труд, Лазе Јаќимоски, заменик-министер за јавна администрација и Ане Лашкоска, заменик-министер за животна средина и просторно планирање денеска на споменикот Карпалак во Прилеп положија цвеќе во спомен на десетмината бранители, припадници на Армијата кои во 2001 година го загубија својот живот кај месноста Карпалак на патот Скопје - Тетово. Во обраќањето пред семејствата на загинатите и многубројните делегации кои оддадоа почит на загинатите бранители, заменик-министерот Ристески изрази почит кон Горан Миноски, Сашо Китаноски, Веби Рушидоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и Дарко Вељаноски, за нивната храброст и пожртвуваност. -Овие луѓе се големи херои на Македонија, но тие беа и наши сограѓани, нашите соборци, наши синови, татковци, сопрузи... Тие беа подготвени и ја дадоа најголемата жртва за нашата татковина, нешто што никој од нас ниту смее, ниту може да го заборави. Нивните имиња вечно ќе останат во нашата меморија, а наша должност е достоинствено да ги чествуваме, да се сеќаваме на нивната жртва и да го пренесеме нивното херојство и љубов кон Македонија на идните генерации, рече заменик-министерот Ристески. Во Прилеп вчера голем број делегации положија цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев”, како и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште, а беше одржана и вечерна богослужба во манастирот „Св. Петка“. Чествувањето во спомен на загинатите бранители продолжи денес со посета и оддавање почит на споменикот во месноста Карпалак, на автопатот Скопје – Тетово, како и во Прилеп, со положување цвеќе на нивните вечни почивалишта и со панихида во црквата „Света Петка“ во Точила. Пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп се одржа централното одбележување на 24 годишнината од нивната смрт, каде цвеќе положија голем број државни делегации, членови на семејството и пријатели, претставници на локалната самоуправа, политички партии, здруженија на граѓани и здруженија на бранители. Тагови: Карпалак Марјан Ристески Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанев во посета на РЦГР – Запад: Проактивното работење е клучно за безбедноста на границатаДиректорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (08.10.2026) оствари работна посета на Регионалниот центар за гранични работи – Запад во Охрид.Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (08.10.2026) оствари работна посета на Регионалниот центар за гранични работи – Запад во Охрид, каде со раководството разговараше за актуелните безбедносни предизвици и унапредувањето на полициското работење. Фокусот беше ставен на ризиците од прекуграничен криминал долж зелената и водената граница, состојбата на граничните премини, движењето и престојот на странски државјани, како и потребата од навремено препознавање и спречување на безбедносните ризици. „Безбедносната состојба е стабилна и поволна, но стабилноста не значи пасивност. Полицијата мора навреме да ги предвидува, анализира и спречува ризиците“, истакна Јанев. На средбата беше разговарано и за материјално-техничкото и кадровското зајакнување на капацитетите, функционирањето на регионалните командни центри, како и за унапредување на координацијата и размената на информации со надлежните институции. Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на концептот „One Stop“ на граничните премини со Албанија, почнувајќи од ГП „Ќафасан“. „Целта е јасна – сигурна граница и полиција која делува превентивно и е чекор пред безбедносните предизвици“, порача Јанев, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40
МакедонијаМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи Дали Коридорот осум ќе финишира до 2032 година..И бугарската министерка и министерот Муцунски на конференцијата во Софија порачаа дека ќе се забрза реализацијата на Коридорот осум... Еврокомесарката Кос пак посочи дека посакува еден ден целиот Западен Балкан да биде дел од Европа.. Но позициите Скопје-Софија и по тет- а -тет средбата Муцунски- Петрова Чамова на маргините на министерскиот самит- остануваат непроменти... Софија очекува исполнување на обврските од преговарачката рамка, за Македонија пак клучни се реформите а не историските и идентитетските прашања... Муцунски оствари и средба со еврокомесарката Кос. Разговарале и околу билатералниот спор, но и околу начинот на кој ЕУ може да биде продуктивна во тој процес, изјави Муцунски... За пораките од овие средби повеќе детали од Софија има Дејан Србиновски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40
МетеоВрнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 15 Попова Шапка, 20 Крушево, 22 Маврови Анови, Охрид, Претор, 24 Берово, Тетово, 25 Крива Паланка, Прилеп, 26 Битола, Зајчев Рид, 27 Демир Капија, Виница, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, 28 Велес, 28 Скопје Петровец, Штип. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Сончево и релативно топло попладнево имаше зголемена облачност. До крајот на денот ќе има услови за појава на врнежи во северните и западните делови. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во врнежи од снег.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter