Заменик-министерот Димитровски на конференција на иницијативата „Три мориња" во Варшава - Канал 5

Заменик-министерот Димитровски на конференција на иницијативата „Три мориња" во Варшава

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска во Варшава учествувал на конференција на иницијативата „Три мориња" организирана од The Opportunity, Институт за надворешни работи од Полска.

Заменик-министерот Димитровски на конференција на иницијативата „Три мориња" во Варшава

Димитровски истакнал дека „Македонија, како и другите земји од Западен Балкан треба да станат дел од Иницијативата „Три мориња", како комплементарна интеграциска алатка за полноправно членство во ЕУ“.

-Рутите на иницијативата „Три мориња" од Балтикот до Јадранот, Медитеранот и Црното Море, минуваат токму низ земјите од Западен Балкан и Северна Македонија, преку коридорите 10 и 8. Балканот и Македонија не може и не смее да се заобиколат доколку на Европската Унија и е значајна безбедноста на континентот, зашто тие се во европскиот двор, а најдобриот начин за траен мир и во овој дел од регионот е силен економски развој кој не е можен без инвестиции во инфраструктурното поврзување, изградбата автопатишта, брзи пруги, гасоводи, енергетски и дигитални врски, истакнал Димитровски.

Иницијативата „Три мориња" поврзува 13 земји членки на ЕУ од регионот на Балтикот, Јадранот и Црното Море (Австрија, Унгарија Словенија, Хрватска, Полска, Чешка, Словачка, Литванија, Естонија, Латвија, Романија, Бугарија, Грција) и партнерите САД, Германија и Јапонија и создадена е за да обезбеди посилни транспортни, комуникациски, енергетски и дигитални врски на земјите членки со Западна Европа.

Партнери на иницијативата се и Украина и Молдавија, како и Албанија и Црна Гора. Самитот на шефови на држави или влади на иницијативата се одржува утре и задутре во Варшава.

Македонските ракометари во третиот „шешир“ пред жрепката за ЕП 2026

Откако македонската ракометна репрезентација во неделата се квалификуваше за Европското првенство следната година, денеска дозна дека ќе биде сместена во третиот „шешир“ пред ждрепката за завршниот турнир.

Македонските ракометари во третиот „шешир“ пред жрепката за ЕП 2026

Македонија е во ист ранг со Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка и Полска и со овие репрезентации нема да биде во иста група на почетокот на Европското првенство.

Шешир 1: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија

Шешир 2: Португалија, Норвешка, Исланд, Хрватска, Шпанија, Фарски Острови

Шешир 3: Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка, Полска, Македонија

Шешир 4: Грузија, Србија, Швајцарија, Романија, Украина, Италија

Ждрепката ќе се одржи во данскиот град Хернинг на 15 мај со почеток во 19 часот.

Веќе е познато дека Германија ќе игра во групата А во Хернинг, Данска во групата Б во истиот град, а Шведска во групата Е во Малме. Норвешка ќе игра во групата Ц во Осло, Фарските Острови ќе бидат во истиот град, но во групата Д, додека Исланд е сместен во групата Ф во Кристијанштад.

Репрезентациите ќе бидат поделени во шест групи од по четири екипи.

Европското првенство заедно ќе го организираат Данска, Шведска и Норвешка од 15 јануари до 1 февруари 2026 година./МИА

НБА: Мичел се повреди, неизвесен за петтиот натпревар во плејофот

 Кошаркарот на НБА лигашот Кливленд, Донован Мичел, го пропушти второто полувреме од четвртиот натпревар од плејоф серијата против Индијана, во кој неговиот тим беше поразен со 109-129, поради повреда на левиот глужд, објави денеска ЕСПН.

НБА: Мичел се повреди, неизвесен за петтиот натпревар во плејофот

Тренерот на Кливленд, Кени Аткинсон, изјави дека на Мичел денеска ќе му биде направена магнетна резонанца, додавајќи дека во моментов „не знае“ дали неговиот најдобар играч ќе биде подготвен за петтиот натпревар во вторник.

Мичел го напушти теренот за време на полувремето да се загрее, но почувствува болка во левиот зглоб додека шутираше, по што во придружба на медицинскиот тим на Кливленд се врати во соблекувалната пред почетокот на третата четвртина и не се врати во игра.

Мичел постигна 12 поени во првото полувреме, а пред четвртиот дуел беше во одлична форма, врзувајќи два натпревари со 40 или повеќе поени, нешто што ниту еден играч на Кливленд не го постигнал од Леброн Џејмс./МИА

Манасиевски: Дали Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи

Дали Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи, затоа ли молчи за златната виза?

Манасиевски: Дали Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи

Молкот на Филипче е громогласен, а веќе 3 месеци се крие и бега од одговор за тоа од каде му е на него, златна виза за Дубаи?

Филипче во својот живот има работено како лекар, министер, пратеник, а со тие примања, тешко се доаѓа до златна виза, особено ако знаеме дека таа виза се добива врз база на инвестиции, а најмалку треба да се инвестираат над 500 илјади долари.

Оттука се поставува прашањето, од каде му пари на Филипче за инвестиции во Дубаи? Дали Филипче заедно со Заев инвестирал во 50катница во Дубаи? Од каде му на Филипче над 500 илјади долари за да добие златна виза? Или можеби ги чувал од мекици и родендени?

Почитувани,

Исмевање на интелигенцијата на народот, Филипче мисли дека ќе му пројде. Но, граѓаните и те како ги имаат прочитано и Филипче и СДС. Затоа, Филипче е со рејтинг рамен на статистичка грешка.

Филипче и Заев изминативе години ја срозија државата, ја донесоа пред банкрот, а сега со украдените пари, градат ли 50катница во Дубаи?

Филипче и Заев се срам за Македонија. Филипче, СДС и Заев се синоним за неспособност, криминал и корупција.

YouTube video

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер