Заменик-генерален секретар на НАТО:Загриженост пред изборите во Македонија пореди дезинформации - Канал 5

Заменик-генерален секретар на НАТО:Загриженост пред изборите во Македонија пореди дезинформации

Загриженост пред изборите во Македонија пореди дезинформации и хибридни активности.

Заменик-генерален секретар на НАТО:Загриженост пред изборите во Македонија пореди дезинформации

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана, во денешната изјава за Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, меѓу другото се осврна и на претстојните парламентарни и претседателски избори во Македонија.

Тој изрази загриженост поради ширење дезинформации и хибридни активности. - Ова многу не загрижува, гледаме активирање на локални и руски играчи, изјави Џоана. Нестабилноста на Западен Балкан не е опасна, но секогаш може да се запали искра, додаде тој.

Според него, може да се очекува дека Русија преку прокси играчи ќе се обиде да ги попречи обидите за забрзување на патот на земјите од регионот кон ЕУ. Според него, европската иднина на овој регион е од најголема важност за алијансата.

Заменик генералниот секратар на Алијансата потенцираше и дека Црното Море, Западен Балкан и Јадранот се заедничко стратешко поле од стратешки интерес за НАТО.

- Црното Море е комплицирано поради географијата и регионалната рамнотежа на силите. Руската Црноморска флота се повлече, последната руска фрегата беше торпедирана од Украинците во езеро зад Крим. Можеби погрешивме и бевме премногу оптимисти во нашите очекувања за способноста на Украинците да започнат контраофанзива, но сега одиме во екстремен песимизам. Има напредок и не треба да бидеме премногу песимисти, повика Џоана.

Сепак, тој оцени дека ниту Русија, ниту Украина не се способни за голем пробив во борбите на фронтот, изјави Џоана пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Според него, НАТО може да помогне во поддршката на поморскиот коридор за извоз на украинско жито долж бреговите на Бугарија и Романија. - Соработуваме со Украинците како со еднакви, потенцираше Џоана. Според него, приемот на Финска и очекуваниот влез на Шведска во НАТО е огромен стратешки неуспех за Русија.

Џоана додаде дека претстојат претседателски избори во Молдавија. Очекуваме Русија да дејствува против прозападната влада во Кишињев, рече тој. Џоана најави дека НАТО и Европската комисија заеднички ќе отворат центар за борба против дезинформации во Молдавија.

По повод „изјавите на политичари“ од последните денови, Џоана истакна дека земјите од НАТО напредуваат кон остварување на целта воените трошоци да изнесуваат два отсто од нивниот БДП. Според него, до неодамна само девет земји ја покриваа оваа цел, а сега нивниот број достигнува 20 од 31 сојузник. Земјите од НАТО прават напори, заклучи заменикот генерален секретар на Алијансата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)

По одличната квалификациска сесија, Марк Маркез доживеа вистинска катастрофа на самиот почеток од спринтерската трка.

Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)

Шпанскиот мотоциклист и десеткратен светски шампион сакаше да ја започне Спринт трката во Валенсија, во својот последен викенд во шампионатот Мото ГП, но неговиот мотор се запали на самиот почеток и тој мораше да ја напушти трката.

Беше многу драматична сцена. Непосредно пред да се изгаснат стартните светла, возачите зад Маркез почнаа да мавтаат со рацете бидејќи видоа пожар. Потоа Маркез сфати дека нешто се случува, а чадот брзо се претвори во оган.

Шпанецот се обиде да го турне моторот во боксот, но пламенот веќе зафатил добар дел од моторот, а тој беше малку изгорен. На крајот, стјуардите излегоа со противпожарни апарати и го изгаснаа пожарот на моторот.

Марк Маркез ќе се збогува со шампионатот Мото ГП во недела во 13:00 часот, кога е закажана последната трка од сезоната во Валенсија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството отвори истрага за претепаната жена од Гостивар- притвор за сопругот

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство .

Обвинителството отвори истрага за претепаната жена од Гостивар- притвор за сопругот

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 27 ноември, при вршење на семејно насилство, осомничениот 52-годишник со умисла се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. При расправија во семејниот дом во селото Топлица, осомничениот употребил физичка сила и остар предмет со кој повеќепати ја удирал оштетената во главата, лицето и телото.

На жената и нанел повеќе тешки телесни повреди, убодни рани и скршеници на повеќе ребра од кои таа паднала во бесзонание. Настанот во полициска станица го пријавил таткото на осомничениот, а кога полициските службеници пристигнале на местото, ја пронашле жената без свест.

Ценејќи ги сите околности, тежината на стореното кривично дело, опасноста од бегство и влијание врз сведоци, како и можноста да го доврши делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подготвени за вонредна состојба: Три четвртини од Словенците дома имаат залихи од храна и пијалоци

Околу три четвртини од Словенците имаат тридневна залиха од храна и пијалоци дома во случај на вонредна состојба, според анкетата на Националниот институт за јавно здравје на Словенија (NIJZ).

Подготвени за вонредна состојба: Три четвртини од Словенците дома имаат залихи од храна и пијалоци

Во онлајн анкетата, спроведена во септември како дел од студијата SI-PANDA, учествувале 1.502 возрасни лица на возраст од 18 до 74 години, објави денес RTV SLO.

Резултатите покажаа дека девет од 10 испитаници имаат батериска ламба или свеќи дома, како и комплет за прва помош.

Околу 61 процент од испитаниците имаат залиха од заштитни маски, средства за дезинфекција или сапун, додека 42 проценти имаат копии од најважните документи или пристап до нивните дигитални верзии.

41 процент од испитаниците поседуваат радио на батерии.

Сепак, помалку од 40 проценти од жителите имаат тридневна залиха од вода за готвење и лична хигиена, или најмалку три литри по лице дневно.

Околу 20 проценти од испитаниците имаат план за евакуација, додека само 15 проценти се договориле со семејството и пријателите за тоа како да се контактираат едни со други во случај на несреќа или вонредна состојба.

Само околу 10 проценти имаат подготвена торба или ранец со најпотребните работи за брзо да го напуштат домот.

Анкетата, исто така, покажа дека жителите на руралните средини се генерално подобро подготвени за вонредни ситуации од оние во градовите.

Исклучок се копиите од најважните документи, кои се почести кај жителите на урбаните средини.

NIJZ потсети дека во последните години Словенија се соочи со бури, поплави и други катастрофи кои влијаеле на секојдневниот живот на населението, но дека вонредните состојби можат да се појават и поради социјални и технолошки настани.

Институтот ја нагласи важноста на планирањето, меѓусебната помош и подготовката на основните залихи, особено во случај на привремени прекини во снабдувањето со вода, електрична енергија, греење или храна.

Европската комисија неодамна објави упатства за зајакнување на подготвеноста на населението, кои, меѓу другото, препорачуваат поединците и домаќинствата да бидат самоодржливи најмалку 72 часа во случај на прекини во снабдувањето или функционирањето на јавните услуги.

Меѓу препораките е подготовка на торба или ранец со најпотребните работи во случај на итна евакуација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер