Заливските држави известуваат за нови напади по американско-израелските напади врз Иран - Канал 5

Заливските држави известуваат за нови напади по американско-израелските напади врз Иран

 Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.

Заливските држави известуваат за нови напади по американско-израелските напади врз Иран

Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха.

Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Очевидци известија дека слушнале најмалку четири силни детонации. Во овој контекст, на социјалните мрежи беа споделени слики од погоден и оштетен хотел во Манама. Тие првично не можеа да бидат независно проверени, нагласува ДПА.

Техеран ги нападна американските воени бази во регионот повеќепати по почетокот на вчерашните американско-израелски напади врз Иран.

Во арапските заливски држави има илјадници американски војници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Трајно се санира големиот дефект на булеварот „Борис Трајковски“

Трајно се санира големиот дефект на булеварот „Борис Трајковски“ - по три години привремени решенија.

Ѓорѓиевски: Трајно се санира големиот дефект на булеварот „Борис Трајковски“

[📍] Денес, на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на бензинската станица „ЛукОил“, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ работат на целосна санација на сериозен дефект кој со години претставуваше проблем за жителите на Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани и Зелениково.

[🫵] Станува збор за оштетување на водоводна цевка Ф600, настанато при градежни активности пред три години.

Наместо трајно решение, дефектот досега бил саниран само привремено, поради што проблемот постојано се повторувал.

[💧] Со денешниот зафат се врши целосна замена на оштетениот дел од цевката во должина од пет метри, со што конечно се обезбедува сигурно, квалитетно и долгорочно решение, пред изградбата на булеварот ,,Борис Трајковски”.

[♥️] Им благодариме на граѓаните за трпението и разбирањето во текот на интервенцијата.

[🫡] Посебна благодарност до екипите на ЈП „Водовод и канализација“, кои со максимална посветеност и ангажман работат овој тригодишен проблем уште денес да стане минато.

[✔️] Решаваме темелно и трајно!- објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на сателит на Мицкоски - услуга во неговата кампања за предвремени избори

Левица најави дека во понеделник ќе бара координативна средба на опозициските партии за Изборниот законик. 

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на сателит на Мицкоски - услуга во неговата кампања за предвремени избори

Тоа е веќе видено сценарио во кое сателитските партии на Мицкоски се обидуваат да ја вовлечат опозицијата во неговата валкана игра.

Прашањето е едноставно: Зошто опозицијата би требало да се собира по нарачка на Мицкоски?

Дали тој е класен наставник кој ќе ја повикува опозицијата кога сака?

Дали ние треба да ја играме неговата игра и да му правиме театар за јавноста?

СДСМ веќе ги даде своите јасни и конкретни предлози во Собранието. Нема потреба од нови предлози.

Нашите предлози се јасни: гарантираат фер и транспарентни избори и спречуваат можност за изборна кражба, особено на гласовите од дијаспората. Сè друго е претстава.

Ова е класичен обид на Мицкоски, преку своите сателити, да создаде привид дека опозицијата ја блокира реформата на Изборниот законик.

Но вистината е спротивна. Мицкоски е тој кој сака закон со кој ќе може да се крадат гласови од дијаспората.

Тој е оној кој сака да го наметне својот модел на изборна манипулација.

СДСМ нема да учествува во оваа претстава. Нема да му бидеме алиби на Мицкоски.

Нема да се собираме за да му правиме услуга во неговата кампања за предвремени избори.

Единственото што Мицкоски треба да го направи е да се откаже од законот со кој сака да ги намести изборите и да ја украде волјата на граѓаните.

Сè друго е театар.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗС: Уште една опасна артилериска граната пронајдена кај битолското с. Меџитлија

Гранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ - Битола, во атарот на село Меџитлија.

ДЗС: Уште една опасна артилериска граната пронајдена кај битолското с. Меџитлија

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена.

Гранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ - Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на македонско-грчката граница. Пријавата до ДЗС беше доставена преку бројот за итни случаи 112.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер