Законски ќе се забрани два пати прекин на бременост во една година

Законот по скратена постапка ќе биде разгледан на денешната собраниска седница. Прочитајте што предвидува овој закон.

Жената не ќе може да ја прекине бременоста ако од претходниот абортус не поминала една година, освен во случаи кога бременоста не претставува опасност за животот на мајката или кога врз основа на научни сознанија се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци.

Ова, како што објави МИА, е предвидено во Предлог законот за прекин на бременоста кој по скратена постапка треба да биде разгледан на денешната собраниска седница.

До прекин на бременоста ќе може да дојде и во случај кога детето е зачнато како резултат на силување, обљуба врз немоќно лице, како и кога ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки, лични семејни, материјални или други услови што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје.

Бременоста ќе може да се прекине по 10-тата недела, а за тоа жената ќе треба да достави писмено барање по што докторот е должен да ја предупреди бремената жена за можните предности за продолжување на бременоста, како и за ризиците доколку се спроведе абортусот. Ако бремената жена, и по добиените информации остане при своето барање, должна е да даде писмена изјава дека го прифаќа спроведувањето на интервенцијата за прекинување на бременоста.

Ако докторот утврди дека абортусот не го дозволува здравствената состојба на бремената жена или дека ќе се загрози животот и здравјето на жената или пак дека се изминати повеќе од десет недели од денот на зачнувањето, должен е да ја упати бремената жена на првостепена комисија за одобрување на прекинување на бременоста.

Бремената жена и сопруг ако се во брачна заедница или жената која е малолетна и нејзиниот родител или старател, на нивно барање или на барање на првостепената комисија, може да присуствуваат на седницата на првостепената комисија на која се разгледува барањето за прекинување на бременоста.

Касами: Коалицијата „Вреди“ ќе се залага за целосна децентрализација

Кампањата за парламентарните избори ја почнаа и од коалицијата Вреди..

Кои имаа средби со граѓаните на плоштадот Скендербег во Скопје.

Почнува кампањата за парламентарните избори

Во екот на кампањата за претседателските избори, од денеска официјално стартува и кампањата за парламентарните избори. Двете кампањи ќе се одвиваат паралелно во текот на следните денови.

Пред Собранието е Јана Јосифоска, Јана од каде тргнуваат изборните каравани на партиите?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот народ

Денеска започнува првиот ден од изворната кампања за парламентарните избори. Денеска од тука, паркот во Ѓорче Петров сум заедно со Бојан Стојаноски и Габриела Калкова кои се на нашата листа за кандидати за пратеници.

Од тука сакаме да ги повикаме сите граѓани, не само од Ѓорче Петров, туку од целата ИЕ 2 да ни се приклучат.

Да ни се приклучат во оваа наша кампања, бидејќи ќе ја тераме секој ден една позитивна слика за Македонија ќе понудиме за граѓаните многу проекти и ќе понудиме подобар стандард за сите.

Ни ќе започнеме позитивно, како и секогаш.

Јас како носител во ИЕ 2 од секогаш кажувам дека на народот му треба надеж, му требаат промени, но му треба и позитива да види дека сме различни.

Доста беа црнила, доста беа црни сценарија во последниве седум години.

Видовме дека овие што се на власт ниту работат, ниту мислат добро за Македонија.

Затоа ние во нашата програма предвидуваме многу проекти.

Предвидуваме зголемени пензии уште во првата година за сите пензионери линеарно, но исто така повисоки плати, подобра здравствен систем, подобро образование, се разбира сите дечиња да имаат учебник и се она што секој еден граѓанин го засега.

Но, за да направиме историска победа ни треба поддршка од целиот македонски народ!

Таа победа би била победа за сите граѓани!

Треба Македонија да биде повторно твоја, да биде повторно на сите граѓани!

Затоа ги повикуваме сите ад се приклучат, бидејќи Македонија е во нивни раце!

Промените се во рацете на сите граѓани!

Промените стартуваат од тука, од Ѓорче Петров и насекаде во Македонија!, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

притисни ентер