Законски измени: За користење на мобилен во сообраќајот казни ќе добиваат и пешаци и велосипедисти - Канал 5

Законски измени: За користење на мобилен во сообраќајот казни ќе добиваат и пешаци и велосипедисти

Ако зборувате на телефон или слушате музика на слушалки додека поминувате на пешачки, или додека возите мопед, велосипед или тротинет и ве фати полицаец, ќе си платите казна од 40 или 50 евра. 

Законски измени: За користење на мобилен во сообраќајот казни ќе добиваат и пешаци и велосипедисти

Ова го предвидуваат новите законски измени за безбедност во сообраќајот, што за да стапат на сила ќе треба да го минат собранискиот филтер. Во измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои периодов се предмет на дискусија во собраниската законодавно правна комисија се предвидуваат казни за употреба на телефон и додека се управува со трактор, бидејќи со тоа се намалува можноста за брза реакција и сигурно управување со возилото.

Ваквите предлози наидуваат на одобрување од страна на граѓаните кои сметаат дека „само ако државата удри по џебот“ може да се стави ред во сообраќајниот хаос.

И дел од екпертите сметаат дека треба да има казни за да се стави крај на сообраќајните несреќи предизвикани од невнимание. Универзитетскиот професор на Отсекот сообраќај и транспорт при Техничкиот факултет во Битола, Никола Крстаноски смета одамна требало да има контрола, бидејќи искуството од развиените земји покажува дека само казните се патот кој води до сообраќајна култура.

Во однос на тоа, како ќе се вршат проверките кога измените би стапиле на сила, од МВР за Канал 5 појаснуваат дека полициски службеници кои ќе патролираат со непосредно забележување ќе пишуваат казни на лице место.

Инаку овие законски измени се дел од пошироката иницијатива „Безбеден град“, која прво ќе се спроведе во Скопје, Тетово и Куманово, а до средината на идната, 2026 година, треба да функционира на цела територија на Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест лица лишени од слобода, вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

На 12.07.2026 во 02:45 часот во село во кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишија од слобода М.К.(37) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 57-годишна мајка и ѝ се заканувала.

Шест лица лишени од слобода, вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

По преземени мерки било констатирано дека М.К. била под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,02 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.07.2026 во 09:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ќ.Б. (71) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 11.07.2026 во 17:35 часот во Полициско одделение Ранковце било пријавено дека Д.Т. од село во општина Ранковце физички ја нападнал неговата мајка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.07.2026 во 21:27 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е Ф.А.(58) од Дебар кој претходно, во семејниот дом бил агресивен кон неговата мајка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.07.2026 во 01:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.С.(30) од Штип по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 24-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.07.2026 во 00:05 часот во Пехчево, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода И.К.(50) од Пехчево по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 46-годишна сопруга и и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.07.2026 во 14:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Г.(42) од Скопје, по претходна пријава дека упатувал закани кон неговиот 63-годишен чичко и неговото семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.07.2026 во 09:30 часот во СВР Скопје 40-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на општина Аеродром неговата сопруга Н.Ѓ.(42) фрлила кон него остар предмет и му нанела расекотина во пределот на раката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.07.2026 околу 10:30 часот во СВР Скопје 33-годишна жена пријави дека ул.„Јадранска Магистрала“ додека се движеле со возило била физички нападната од нејзиниот партнер А.Р. од Косово. Исто така и А.Р. пријави дека бил физички нападнат од неговата партнерка Н.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро

На плажа на Дојранското Езеро пронајдена е артилериска граната од Првата светска војна.

Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 мм, тешка 13,6 kg, на брегот на Дојранското Езеро.

Гранатата потекнува од Првата светска војна, наменета е за ,,хаубица" М14 а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва во Античкиот театар се отвора 66. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот тенор Чарлс Кастроново, вечерва во 21 часот на сцената на Античкиот театар ќе биде отворено 66. издание на фестивалот Охридско лето.

Вечерва во Античкиот театар се отвора 66. издание на фестивалот „Охридско лето“

Во рамките на 40-дневната програма ќе бидат реализирани 50-ина музички и сценски настани од областа на класичната музика, џезот, балетот и театарот, со учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји. Новина во годинешната програма се концертите на џез-музика, што ќе се одржат од 13 до 16 август на сцените „Долни Сарај“ и „Света Софија“, со настап на врвни музичари од САД, Гана, Велика Британија, Холандија, Германија и Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер