Законот за заштита од пушење оди на влада на 24 март –угостителите добија олеснувања за терасите - Канал 5

Законот за заштита од пушење оди на влада на 24 март –угостителите добија олеснувања за терасите

Наместо од први март како што беше првично планирано, законот за Заштита од пушење се очекува да стапи на сила за околу месец и половина, изјави денеска министерот за здравство, Азир Алиу. 

Законот за заштита од пушење оди на влада на 24 март –угостителите добија олеснувања за терасите

Тој најави дека предлог-законот ќе биде разгледан на владина седница на 24 март, по што ќе продолжи во собраниска процедура. Според Алиу направени биле дополнителни анализи и разговори со угостителите, по што биле понудени дополнителни решенија, а со тоа се затворени сите прашања. Една од клучните новини е што терасите ќе можат да функционираат како дел за пушење и со две отворени страни,

-Угостителските објекти во земјава ќе мора да направат јасна физичка поделба меѓу пушачите и непушачите, а во некои случаи и посебен влез. Една од клучните новини е што терасите ќе можат да функционираат како дел за пушење и со две отворени страни, наместо претходно предложените три.- Азир Алиу- министер за здравство.

Властите очекуваат со новите мерки во наредните години значително да се намали бројот на пушачи во земјава. Дел од граѓаните кои денеска ги сретнавме, иако се пушачи, го поддржуваат Законот за заштита од пушење, други пак сметаат дека треба да има отстапки за електронски цигари.

Инаку, законот беше одложен поради реакциите и забелешки од угостителите и тутунската индустрија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејти Холмс во врска со 11 години помладо момче, уметник

Американската актерка Кејти Холмс (47), поранешната сопруга на холивудскиот великан Том Круз, присуствуваше на гала-настанот на „Американскиот балетски театар“ во друштво на својот нов партнер, уметникот Џејсон Бард Јармоски.

Кејти Холмс во врска со 11 години помладо момче, уметник

Двојката се појави заедно на настанот во Њујорк, а актерката не престануваше да се смешка додека позираа заедно.

Нивното заедничко појавување привлече внимание, а се чини дека романсата помеѓу актерката и уметникот продолжува да се развива. Кејти Холмс изгледаше блескаво во елегантен фустан, придружувана од нејзиниот партнер облечен во костум.

Кејти и Џејсон првпат беа поврзани во јули, кога беа фотографирани заедно на проекција на филмот „Поканата“ (*The Invitation*). Кратко потоа, тие се појавија држејќи се за раце на вечера организирана по повод отворањето на привремен простор на брендот „Ферагамо“ во Хемптонс.

Засега, актерката нема кажано многу за нивната врска, но во интервју за списанието „Ел“ (*Elle*) откри дека таа и Џејсон имаат „сличен вкус“.

Холмс исто така сподели неколку негови фотографии на социјалните мрежи, вклучително и објава за неговиот роденден во септември, во која го опиша како „најдобриот од најдобрите“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Елегантната Ирина Шајк

Таа е сонот на секој маж, а со ова издание покажа зошто луѓето „полудуваат“ по неа.

Фото: Елегантната Ирина Шајк

Една од најбараните манекенки на светот руската убавица Ирина Шајк се појави на еден настан во Њујорк и покажа како блеска природната убавина. Дали можеби знаете за која убавица станува збор?

Руската манекенка Ирина Шајк блесна на доделувањето на наградите „Иноватор“ (Innovator Awards) на списанието WSJ во Њујорк. За таа пригода, таа се одлучи за модна комбинација која, иако делува скромно, сепак открива многу.

Како што може да се види, таа избра бела креација од јапонскиот бренд „Исеј Мијаке“ (Issey Miyake), која е дел од колекцијата за есен/зима 2026 година.

Станува збор за структуриран фустан со корсет, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува витата фигура. Оваа минималистичка креација е украсена со интересни, лелеави детали во горниот дел, кои на целокупниот изглед на Ирина му дадоа женствена нота.

Сепак, не смееме да го изоставиме отворениот грб – впечатлив елемент во дизајнот што на ова софистицирано, речиси ненаметливо издание му даде привлечна нота.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач

На 85 годишна вораст попладнево Почина легендата на балканската музичка сцена, хрватскиот пејач Мате Мишо Ковач –, човек кој продаде над 20 милиони носачи на звук во текот на кариерата што траеше речиси половина век.

Почина легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач

Веста за неговата смрт за хрватските медиуми ја потврдија извори блиски до пејачот. Мишо починал околу 15:30 часот во својот дом во Сплит. Пред смртта, тој изразил желба да биде погребан во Загреб.

Покрај неговите безвременски хитови и бројни успеси, личниот живот на Мишо Ковач беше одбележан со голема трагедија. Деведесеттите години од минатиот век донесоа најтежок период за прочуениот пејач.

Во 1992 година, неговиот шеснаесетгодишен син Еди почина во Загреб под нејасни околности. По смртта на Еди, Мишо Ковач одржа голем концерт насловен „Ноќ на свеќи“ (*Noć svijeća*) на стадионот „Пољуд“ во Сплит. Настапи пред 50.000 луѓе, а по концертот изјави дека повеќе нема да настапува. Сепак, тој не го одржа зборот.

Покрај синот, во 1990-тите години тој ги загуби и мајка си и помладиот брат. По неколкугодишна борба со депресијата, Мишо се обиде да изврши самоубиство во Загреб во 1999 година, но преживеа.

Подоцна, тој се врати со концерт во Спортскиот центар, сними нови албуми и дуети со својата ќерка Ивана, а повторно победи и на Сплитскиот фестивал. Од тој период најмногу се издвојува песната „Далматино“. Во 2012 година, тој ја доби наградата „Порин“ за животно дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер