СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш
Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг
1СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш
2Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг
Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
БалканЗаконот за забрана за пушење во Грција во голема мера се почитува веќе шест години– Една од предизборните заложби на грчкиот премиерот Кирјакос Мицотакис пред првиот мандат во 2019 година беше целосно да стапи во сила законот за забрана за пушење, што од јули 2009 неколку пати се гласаше и носеше.– Една од предизборните заложби на грчкиот премиерот Кирјакос Мицотакис пред првиот мандат во 2019 година беше целосно да стапи во сила законот за забрана за пушење, што од јули 2009 неколку пати се гласаше и носеше, но никогаш целосно не беше имплементиран се до пред шест години кога почна и спроведувањето, што тогаш беше заедно со зголемени контроли, особено во кафулињата, јави дописничката на МИА од Атина. Пушењето е забрането во сите затворени простори во Грција, а казните за прекршување на законот се особено високи, како за пушачите така и за сопствениците на кафулиња, ресторани, клубови и слично: за физички лица од 100 до 1.500 евра во зависност од прекршокот, а за сопствениците од 500 до 10.000 евра. Паралелно постои и телефонска линија на која граѓаните ќе можат да пријавуваат прекршувања на законот, а пријавите се разгледуваат од надлежните власти за контрола. Актуелниот закон е од средината на октомври 2019 година, беше проследен со презентација на владиниот Национален акциски план за борба со пушењето со четирите насоки: формирање непушачка култура, почитување на непушачите, грижа и поддршка на пушачите за откажување и заштита на здравјето на граѓаните. – Кусо пред изборите ја посетив болницата „Атико“. Тогаш, ми остави впечаток еден голем постер оставен на ѕид, на којшто пишуваше: „Во 2009 ги гасиме цигарите“. Единаесет закони, претседателски декрети, министерски одлуки за 10 години, со нула резултати, рече Мицотакис за време на презентацијата на Националниот план во ноември 2019 година. Сега, нешто повеќе од шест години подоцна, законот за забрана за пушење во голема мера се почитува. Во кафулињата, рестораните и баровите, во јавните установи, генерално во сите затворени простори, пушењето е целосно забрането, а надворешните делови и летните тераси се специјално уредени со греалки за пушачите во зимскиот период. Отстапки од законот, односно прекршувања, има во голем дел од ноќните клубови и популарните грчки „бузуки“, односно клубовите во кои настапуваат познати грчки пејачи, а не е мал бројот на баровите во Атина, каде што по 23 или по полноќ дозволуваат пушење и внатре. Што предвидува грчкиот закон за забрана за пушење? Законот за забраната за пушење во Грција ги опфаќа сите видови производи: цигари, електронски цигари, уреди кои го загреваат тутунот, пури, лулиња, вејпинг итн., а се однесува на сите јавни или приватни затворени работни простори, на сите јавни затворени простори; сите угостителски објекти, на бифеата, театрите, кината, хотелите, моловите, трговските центри; на сите видови чекални на затворено; на аеродромите (со исклучок на специјално одредените простории за пушачи), на станиците на превозните средства и на станиците на пристаништата; како и на сите видови средства за јавен превоз, вклучително и такси возилата; на сите видови возила, приватни и јавни, кога во нив се превезуваат деца под 12 години; на образовните институции, сите затворени спортски објекти; детски игралишта. За угостителските објекти постои исклучок, кога се работи за нивните надворешни простори или летни тераси доколку тие се отворени најмалку од две страни. Со законот од 2019 година се воведе целосна забрана на пушењето во јавните простори и се укина можноста за создавање посебни простории за пушачи во ноќните клубови и казината со површина од над 300 метри квадратни. Надлежни органи за спроведување на целосната забрана на пушењето во јавните простори и на работни места, преку утврдување на прекршоци и изрекување санкции, се: здравствените служби на општините и регионите, општинската полиција, крајбрежните власти во рамките на нивната надлежност, како и полицијата. Казни од 100 евра за пушачите, од 500 до 10.000 евра за сопствениците Казните за прекршувањето на законот се особено високи, а МИА ги пренесува детално. За пушење во автомобил во присуство на дете помало од 12 години се изрекува административна казна во износ од 1.500 евра на лицето кое пуши, без разлика дали е возач, додека глобата се удвојува (3.000) евра доколку лицето кое пуши управува со возило за јавна употреба. Речиси во сите случаи кога лицето пуши во затворен простор, без разлика за каков објект и да станува збор, пушачите се казнуваат со парична казна од 100 евра, износ што со претходниот закон беше 50 евра, а казна од 500 евра добива и лицето одговорно за конкретниот простор. Ова важи за угостителски објекти и сите затворени простори (работните простори, здравствените установи, јавен превоз, станици, аеродроми, пристаништа, јавни установи и сл.) Во затворените и отворени простори со присуство на малолетни лица (градинки, училишта), детски игралишта, простори за спортски активности, казната за пушачите се удвојува и изнесува 200 евра. За угостителските објекти, казните за одговорното лице и сопствениците се менуваат во зависност од големината и видот на просторот, при четвртиот прекршок објектот се затвора на десет дена, а петтиот прекршок значи и одземање на лиценцата. Сопствениците на кафулињата, рестораните, баровите и слично со површина до 100 метри квадратни, доколку дозволиле пушење внатре ќе треба да платат казна од 500, 1.000 или 2.000 евра, за првиот, вториот и третиот прекршок, за прекршување на законот по четврти пат казната се зголемува на 4.000 евра и привремно затворање на десет дена, а петтиот прекршок значи и одземање на лиценцата заедно со 8.000 евра. Овие казни се зголемуваат доколу угостителскиот објект има површина од 100 до 300 метри квадратни и казните се од 2.000 до 10.000 евра, додека пак за големите ноќни клубови казните се од 6.000 до 10.000 евра и исто така важи десетдневно затворање при четврто прекрѓување на законот и одземање на лиценцата за работа при петтата казна. Во угостителските објекти, сопствениците, заедно со лиценцата за работа, потребно е да имаат и специјална книга со извештаи за пушењето, а во просторот да бидат поставени јасно читливи лепенки и ознаки дека е забрането пушењето, да не постојат пепелници на масите, да не продаваат тутунски производи, а паралелно е забрането во самиот внатрешен дел да има дел за пушачи. Конкретниот закон на средината на октомври 2019 година беше изгласан во Парламентот со широка поддршка од четири партии (владејачката Нова демократија и три опозициски), против беше една партија, а една гласаше воздржано. Кон крајот на 2019 година, законот строго се почитуваше и поради засилените контроли, особено во кафулињата, баровите и рестораните, но ова запре неколку месеци подоцна со пандемијата и првиот карантин. Откако законот стапи во сила, инспектори од Националната управа за транспарентност заедно со полицајци спроведуваа низа ненајавени контроли, дописничката на МИА од Атина, кон крајот на ноември 2019 година следеше една од ваквите контроли во неколку кафулиња во строгиот центар на грчката метропола. - Конечно ќе станеме Европејци, коментира тогаш друштво млади Грци кои рекоа дека со фактот што се непушачи со нетрпение очекувале конечно и во пракса, а не само на хартија да се забрани пушењето во кафулиња, барови и ресторани. Контролите тогаш беа интензивни, но поради пандемијата запреа, а иако на почетокот имаше и негативни реакции, се чини дека сега, шест години подоцна, законот се почитува. Грците се одвикнаа од пушење во затворени простори, а единствено во доцните часови, околу/по полноќ, во многу барови, ноќни клубови и клубови со жива музика, „се појавуваат“ пепелници или импровизирани пепелници и тивко законот за забрана за пушење во затворени простори останува само на хартија. Според податоците од научното истражување спроведено од Националната организација за јавно здравје на Грција во 2024 година, речиси четири од 10 Грци (38 отсто) користат тутунски производи, 24 проценти од полнолетните Грци користат исклучиво класични цигари, 4 отсто се исклучиви корисници на загреани тутунски производи, а 3 проценти користат исклучиво електронски цигари. Речиси еден од десет (8 отсто) користи повеќе од еден вид производ (двојна или тројна употреба), при што овој процент е значително повисок кај возрасната група 18 – 34 години (15 проценти). /МИА.Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднашСега кога Савески преку медиумите доби „зелено светло“ од шефот Мицкоски дека може да почне да работи, нека почне токму од Мицкоски и од гувернерот Трајко Славески.Нека го испита секој можен аспект од влезот на Алта банка во Македонија, сомнителниот капитал, одлуките, кој одобрил и зошто. Нека утврди што разговарале и договарале со Вучиќ. Што договарале со Мацура? Обвинител не смее да чека телефонски повик. Ниту наредба од собраниска говорница или од телевизија. Токму ваквото однесување ја разјадува независноста на правосудството и целосно ја руши довербата кај граѓаните. Потоа следуваат катастрофални оценки во извештајот на Европската комисија. Независно обвинителство не чека, не работи по сигнал од премиерот, не чека туку постапува. Бараме веднаш да се обезбедат и испитаат сметките, трансакциите и целокупната документација на Алта банка. Обвинителството и полицијата да ја известат јавноста за утврдените наоди. Тоа мора да се направи пред какво било преземање. Продажбата којашто ја договара Мицкоски не смее да стане покритие за заташкување на случајот и избегнување одговорност. Савески, отворете истрага за Мицкоски, Славески и за сите инволвирани во носењето на Алта банка, обезбедете ги доказите, испитајте ги трансакциите, повикајте ги инволвираните. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен ХуангАмериканскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг, и наводна кинеска шпионка.Трамп откри дека лично разговарал со Хуанг, кој му рекол дека немал сознанија оти жената била шпионка. Американскиот претседател изјави дека му верува.според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки служби веруваат дека Алис Хуанг, позната и како Хуанг Ле, работела за Пекинг. Весникот објави дека државниот секретар Марко Рубио уште минатата пролет испратил предупредување до високи американски функционери за наводните блиски врски меѓу жената и Хуанг. Алис Хуанг била директорка на сингапурската компанија „Мегаспид“, која имала деловни зделки со „Нвидиа“.Компанијата веќе нарачала независна истрага и тврди дека нема индикации дека се компромитирани нејзините деловни тајни или националната безбедност на САД. Пекинг ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги како неосновани и шпекулативни.аферата се одрази и врз берзата. Акциите на „Нвидиа“ паднаа за повеќе од четири проценти, а пазарната вредност на компанијата се намали за околу 250 милијарди долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАГолден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87„Вориорс“ победија со 51 поен разлика! Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ утринава ја продолжија својата импресивна победничка серија, совладувајќи ги „Њу Орлеанс Пеликанс“ со убедливи 138:87 . Тимот од Сан Франциско победи со разлика од дури 51 поен, што претставува и најголема победа на кој било НБА-тим сезонава. Инаку, ова е осма победа во низа за „Вориорс“, кои ја започнаа сезоната со три порази, а сега се во одлична форма. Од друга страна, „Пеликанс“ го доживеаја најубедливиот пораз во историјата на франшизата. Стеф Кари беше еден од најзаслужните за новата победа со постигнати 25 поени, иако на теренот помина нешто повеќе од 20 минути. Тој погоди четири тројки од десет обиди, а во текот на натпреварот го престигна Демар Дерозан и се искачи на 16-тото место на вечната листа на стрелци во НБА, со вкупно 26.803 поени. Брандин Подзиемски постигна ист број поени, додека Џексон-Дејвис забележа 23 поени, седум скока и четири асистенции. Чарлс Беси додаде 12 поени и 10 скока, а Деантони Мелтон го заврши натпреварот со 16 поени. Посебно внимание привлече и Џими Батлер, кој поради повреда не можеше да настапи, но се појави во улога на член на стручниот штаб. Облечен како тренер, тој држеше натпис на кој пишуваше: „Додајте му ја топката на Стеф“. Утрово Голден Стејт ја оствари четвртата најголема победа во историјата на франшизата, а последен пат кога славеа со поголема разлика беше во април 2023 година, кога го совладаа Портланд со разлика од 56 поени. „Вориорси“ сега имаат низа од осум победи по ред – втора најдолга серија во историјата на НБА по почеток на сезоната со скор 0-3 или полош.Тагови: НБА Стеф Кари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06