Законот за укинување на поддршката за музичката продукција помина во прво читање - Канал 5

Законот за укинување на поддршката за музичката продукција помина во прво читање

Предлог-законот со кој се бара прекинување на важноста на Законот за поддршка на домашната музичка продукација го помина првото читање во Собранието на Република Македонија.

Законот за укинување на поддршката за музичката продукција помина во прво читање
Предложеното законско решение беше поддржано на денешната пленарна седница со 61 глас „за“.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски, образложувајќи го укинувањето на овој закон, појасни дека тој не ги дал очекуваните резултати и оти е неоправдано неговото понатамошно спроведување.

- Повеќето од композициите, за жал, воопшто не наидоа на прием, ниту пак беа слушнати од пошироката јавност, ниту пак беа промовирани или често емитувани на македонските радио и телевизии. Бидејќи избраните композиции или не се емитуваат воопшто или се емитуваат во мал обем, се поставува прашањето за нивниот квалитет и за оправданоста од ваквиот начин на финансирање на создавање на нови композиции од областа на забавната и народната музика, како и оправданоста за трошење на средства од Буџетот на Република Македонија за ваква намена, нагласи Алаѓозовски.

Законот за поддршка на домашната музичка продукција беше донесен во 2013 година и во него беше утврдено тој да важи 10 години. За спроведување на законот на годишно ниво беа обезбедувани средства во висина од 31 милиони 768 илјади денари од Буџетот на Република Македонија.
- За конкурсите во 2017 година се донесени законски одлуки само во првиот квартал на кои се избрани вкупно 34 композиции. За овие композиции останува обврската за плаќање во 2018 година во вкупен износ од 4 милиони 793 илјади и 200 денари, како и обврската за исплата на средства во висина од 70 илјади денари за работа на комисијата за избор на композиции, истакна министерот Алаѓозовски.

Во прво читање беа прифатени и измените на Законот за јавните претпријатија со кои тие се задолжуваат на својата веб страница да ги објавуваат тримесечните извештаи за финансиското работење, годишната сметка и извештајот за работењето на претпријатието, како и доколку остварат вишок средства, да ги уплатат во Буџетот на Република Македонија. Се допрецизираат и критериумите за именување на директори на јавните претпријатија.
Во прво читање беа прифатени и измените на Законот за превоз во патниот сообраќај со кои се предлага укинување на обврската за познавање на англиски јазик од страна на авто такси превозниците.

Пратениците ги усвоија во прво читање и измените на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото и на Законот за метрологија.

Во претпладневниот дел од денешната седница беа донесени и повеќе одлуки меѓу кои одлуката за разрешување и избор на претседател на Советот за научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“ и одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државнмата награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФЗО: Над 2,35 милијарди денари исплатени за четири месеци

Октомври со највисока исплата за породилни надоместоци.

ФЗО: Над 2,35 милијарди денари исплатени за четири месеци

Над 621 милион денари исплатени во октомври, од кои рекордни 467 милиони денари за породилни надоместоци во последните четири месеци. Зад овие бројки стои континуитет во реализацијата на правата на осигурениците и јасна определба навремената исплата да стане стандард, а не исклучок.

Фондот за здравствено осигурување го заокружи октомври 2026 година со исплатени 621.383.663 денари за надоместоци на плата по основ на привремена спреченост за работа и породилно отсуство.

Од вкупниот износ, 467.074.428 денари се исплатени за породилни надоместоци, што претставува највисока месечна исплата за оваа намена во периодот јули–октомври 2026 година. За останатите надоместоци по основ на боледување се исплатени 154.309.235 денари.

Но, вистинската слика за работењето на Фондот не ја дава само еден месец.

Во периодот од јули до октомври, Фондот исплати вкупно над 2,35 милијарди денари за боледувања и породилни отсуства, од кои над 1,66 милијарди денари се однесуваат на породилни надоместоци.

Овие податоци ја отсликуваат финансиската димензија на една од најважните обврски на Фондот – обезбедување континуитет во остварувањето на законските права на осигурениците.

Особено значајно е што октомвриската исплата за породилни надоместоци бележи раст од над 25 проценти во однос на септември, потврдувајќи го засилениот обем на реализирани исплати за оваа категорија осигуреници.

За Фондот, успехот не се мери само со висината на исплатените средства, туку и со сигурноста што ја носи нивната навремена исплата.

Зад секој исплатен надоместок стои конкретно право, а зад секое право – човек, родител или семејство за кое финансиската предвидливост има особено значење.

Токму затоа, определбата на раководството, предводено од генералниот директор м-р Златко Перински, е редовноста на исплатите да се воспостави како траен принцип на работење, со одговорно управување со средствата и непречено исполнување на останатите обврски на Фондот.

Средствата на здравственото осигурување им припаѓаат на осигурениците. Обврска на Фондот е тие да се користат законито, одговорно и навремено, во функција на остварување на нивните права.

Фондот и во наредниот период ќе продолжи да работи на подобрување на организацијата, ефикасноста на обработката на барањата и одржувањето стабилна динамика на исплатите.

Нашата цел е едноставна: осигурениците да не ја доживуваат навремената исплата како посебна вест, туку како сигурност на која можат да сметаат.

ФЗО

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција, а Македонија мора да биде дел од таа иднина, а не да остане на маргините на технолошкиот развој.

Мицкоски: Иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција

-Како инженер и професор, чувствувам одговорност да ги искористам сите можности за привлекување нови инвестиции, развој на современи индустрии и создавање перспективи за нашите граѓани. Нашата цел е Македонија да биде меѓу земјите што ќе го предводат овој процес, а не оние што ќе го следат.- вели Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?

​Денеска сме на Водњанска, во дел од Центар каде сè поочигледно се гледаат последиците од урбанистичката негрижа и неконтролираната градежна експанзија. 

Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?

Водно се претвора во бетонска населба, згради никнуваат една до друга, а зеленилото, просторот за деца и условите за нормален живот стануваат сè помалку достапни.

Герасимовски треба да одговори: дали воопшто се прошетал во овој дел од општината за да види што им се случува на граѓаните? Дали разговарал со родителите кои се соочуваат со недостиг од места во градинките и училиштето „Кочо Рацин“? Или Водно и целата Општина Центар се гледа само низ призма на градежни парцели, урбанистички планови и партиски приходи?

Не може да се дозволува урбанистичка експлоатација на Водно, а притоа да не се ветуваат градинки и подобри услови за живот. Каде се конкретните проекти, роковите и решенијата? Граѓаните не живеат од прес-конференции и празни ветувања.

И ова не е проблем само на Водно истите прашања се и низ цел Центар. Наместо општина што ги штити јавниот простор, животната средина , зеленилото и интересите на жителите, приоритет се градежните интереси и полнењето на партиската каса. Општината не е златна кокошка на СДС, ниту јавниот простор е ресурс за политичко и финансиско профитирање!

Герасимовски мора да разбере дека неговата функција не е да биде промотор на градежната експанзија, туку градоначалник кој го штити јавниот интерес. Центар не смее да се претвори во бетонска општина во која ќе има станови, но нема да има доволно училишта, градинки и простор за живот.

Водно не смее да биде жртва на урбанистичките интереси, а Центар не смее да биде заложник на партиските и градежните калкулации. Граѓаните заслужуваат општина за живот, а не општина за профит!

YouTube video

Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер