Законот за сајбер безбедост во јуни пред пратениците – се очекува поддршка од сите пратеници - Канал 5

Законот за сајбер безбедост во јуни пред пратениците – се очекува поддршка од сите пратеници

Предлог законот за сајбер безбедност на почетокот на јуни се очекува да влезе во собраниска процедура.

Законот за сајбер безбедост во јуни пред пратениците – се очекува поддршка од сите пратеници

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува до крајот на месецов законот да помине на влада и на почетокот на јуни да влезе во собраниска процедура. Со ова законско решение според него ќе се обезбеди безбедност на целокупното општество.

YouTube video

Осудени се директорки на американска компанија- ги принудувале следбеничките на секс со клиенти

Директорките на американската компанија за „ментално и сексуално здравје на жените“ која ја промовира таканаречената „оргазмична медитација“ се прогласени за виновни во федералниот суд за принудување на членовите да работат.

Осудени се директорки на американска компанија- ги принудувале следбеничките на секс со клиенти

Поротата во Бруклин во понеделник ги прогласи Никол Дедон, основачката на компанијата OneTaste, и Рејчел Червиц, поранешна директорка за продажба во компанијата во Калифорнија, за виновни по помалку од два дена размислување, пишува CNN. Судењето траеше пет недели. Двете жени може да добијат до 20 години затвор, а казната ќе биде изречена подоцна.

Обвинителите тврдат дека со години систематски ги експлоатирале следбеничките, од кои многумина биле трауматизирани од сексуално насилство, принудувајќи ги да извршуваат разни задачи за нив.

YouTube video

„Слобода и просветлување“

Според обвинението, Дедон, 57, и Червиц, 44, користеле економска, сексуална и психолошка злоупотреба, заплашување и индоктринација за да ги принудат членовите на OneTaste на сексуални дејствија што ги сметале за непријатни или одвратни, вклучително и секс со потенцијални инвеститори или клиенти.

Тие им кажале на следбеничките дека ваквите акции се неопходни за да се постигне „слобода“ и „просветлување“ и дека ја покажуваат својата посветеност на вредностите на организацијата. Обвинителите, исто така, изјавија дека членовите, кои на крајот станале работнички, никогаш не ги добиле ветените плати, а некои дури биле принудени да аплицираат за нови кредитни картички во банките за да можат да продолжат да ги посетуваат курсевите.

Заменик-американскиот обвинител Нина Гупта минатата недела во завршните зборови изјави дека обвинетите „изградиле бизнис врз грбот на жртвите“ кои им дале „сè: пари, време, тело, достоинство и на крајот разумност“.

„Феминистичка претприемачка која ги руши бариерите“

„Пресудата ги разоткри Дедоне и Червиц за она што навистина се: измамнички кои ги злоупотребувале ранливите луѓе со празни ветувања за сексуално јакнење и здравје само за да ги натераат да работат за нив бесплатно“, рече Џозеф Ночела, американски обвинител за Источниот округ на Њујорк.

YouTube video

Одбраната ја опиша Дедоне како „феминистичка претприемачка која ги руши бариерите“ и создава оригинален бизнис модел базиран на женската сексуалност и јакнење.

Адвокатот на Рејчел Червиц, Селија Коен, тврдеше дека сведоците не биле принудени да прават ништо. „Кога повеќе не им се допаѓала организацијата или сакале да пробаат нешто друго, едноставно си заминувале“, рече таа. „Без оглед на тоа што мислите за OneTaste и што правеле, членовите ја избирале. Тие знаеле што прават“, рече таа во завршните зборови.

„Длабоко сме разочарани од пресудата“

„Фактот што сега се каат за постапките од нивните помлади денови не е доказ дека е извршено кривично дело“. Адвокатите на обвинетите изјавија дека нивните клиенти сè уште тврдат дека се невини и дека ќе поднесат жалба. „Длабоко сме разочарани од денешната пресуда“, рекоа тие во соопштението во понеделникот. „Овој случај покрена голем број нови и правно сложени прашања што ќе треба да ги разгледа Апелациониот суд за Вториот округ“.

Дејдоне го основа OneTaste во 2004 година во Сан Франциско како еден вид комуна за самопомош, врз основа на идејата дека женскиот оргазам е клучот за сексуалното и психолошкото здравје и меѓучовечката врска. Централната практика беше таканаречената „оргазмична медитација“ или „ОМ“, постапка во која мажите рачно ги стимулираат жените, често во групна средина.

„Авангардна организација која се фокусира на сексуалното задоволство на жените“

Компанијата уживаше медиумско внимание во текот на 2010-тите и брзо ги прошири операциите, отворајќи филијали од Лос Анџелес до Лондон.

Беше претставена како авангардна организација која се фокусира на сексуалното задоволство на жените и генерираше приход преку курсеви, индивидуално советување, работилници за ОМ и други платени сексуални услуги. Дедон го продаде својот удел за 12 милиони долари во 2017 година, една година пред маркетинг и работни практики на OneTaste да бидат под лупа.

Денешните сопственици, кои ја ребрендираа компанијата во Фондација на Институтот за ОМ, тврдат дека нивната работа е погрешно протолкувана и дека обвинувањата против поранешните директорки се неосновани. Тие велат дека согласноста отсекогаш била фундаментален принцип на нивните постапки.

Реакцијата на Роналдо, кога човек му се нафрли за да направи селфи, е хит (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо позираше за фотографии и им даваше автограми на навивачите во Минхен откако ја освои Лигата на нации со Португалија.

Реакцијата на Роналдо, кога човек му се нафрли за да направи селфи, е хит (ВИДЕО)

Легендарниот напаѓач ѝ помогна на репрезентацијата да го освои вториот трофеј во ова натпреварување со головите во полуфиналето и финалето.

Напаѓачот на Ал Наср прво го постигна решавачкиот гол против домаќинот Германија во полуфиналето, поставувајќи го спектакуларниот судир на Португалија со Шпанија во финалето. Иако актуелните европски шампиони беа фаворити, Португалија го зголеми резултатот на 2:2 и славеше по изведувањето на пенали. Роналдо го постигна израмнувачкиот гол.

Потоа Португалците започнаа голема прослава, а Роналдо не беше исклучок. Тој беше фотографиран со очила за сонце и маица „campeones“ за да го прослави триумфот. Во Минхен, тој поздрави група навивачи кои го чекаа со надеж дека ќе добијат автограм или фотографија, но на еден навивач не му се допадна неговото однесување.

Еден навивач се нафрли за да направи селфи

Во видео објавено од Mail Sport, Роналдо се гледа како дава автограми додека оди покрај оградата. Воодушевените фанови нетрпеливо чекаа, но Роналдо не направи селфи, а потоа друг навивач неочекувано му застана на патот обидувајќи се да се фотографира.

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус речиси се судри со навивачот, потоа се повлече чекор назад и лицето му се затемни откако даде знак дека мора да продолжи понатаму. Ги рашири рацете од незадоволство и размени неколку зборови со навивачот.

Но, дури ни тоа не го обесхрабри и се обиде повторно, сè додека Роналдо не му ја стави раката на рамо. На крајот, и тој го одби тој обид и продолжи по патеката, но подоцна застана и се фотографираше со друг навивач.

Со помош на хуманите луѓе почна изградбата на куќата на четворката од Штип

По објавената сторија на Канал 5 , откако Мирјана Мирчевска Јовановиќ ја сними штипската четворка Зикови, се одѕваа хуманите луѓе, а веќе почна изградбата на новиот дом.

Со помош на хуманите луѓе почна изградбата на куќата на четворката од Штип

Леонтина, Михаил, Ведран и Теодор ги допреа срцата на хуманите луѓе, кои по сторијата на Канал 5 собраа средства за да им се изгради куќа во родниот Штип. Денеска почна изградбата.

Еве дел од репортажата:

„Најубавата приказна за минатата година за радоста во семејството Зикови, за рожбата на четирите деца Леонтина, Михаил, Ведран, Теодор ги поттикна хуманите луѓе и организации да им помогнат и да им изградат нов дом.

Таткото Александар е единствено вработен, мама Благица раскажува дека сака да работи, но е тешко и ако четвортката оди во градинка секогаш некој од нив останува дома. Тие се среќни што од општина Штип добиле донација земјиште и документи за изградба на куќа, но сепак им е потребна помош за изградба на домот. Близнаците со мали чекори пред местото каде треба да биде новиот дом, а радоста е уште поголема што ова семејство со години чекале принова. Најсреќна е тетка Зорица таа секој слободен момент го користи да им помогне во чувањето на бебињата.

„Би ни помогнала и донација од градежен материјал, навистина куќата каде сега живееме е мала за девет луѓе“, раскажува Алекснадар Зиков.

„Потребна ни е помош. Тие сега одат во градинка но интересно е што не сакаат да си одат дома убаво им е во градинка“, вели Благица Зикова.

Хуманиот потег за изградба на овој дом го почнал Александар Георгиевски хуманитарец од организацијата „Подај Рака Спаси Живот“ и пожарникар од Штип помогнал на многу семејства. Тој раскажува дека оваа е позитивна приказна и убав симбол на градот Штип и дека се надева дека граѓаните и фирмите ќе бидат хумани.

„Ние се надеваме дека нема да ги заборавиме како убава приказна. На почетокот сите им ветуваа помош, но некак се спласна“, изјави Александар Георгиевски „Подај Рака Спаси Живот“.

Сите оние кои сакаат да донираат може тоа да го направат на телефонскиот број 143 – 999. За сума над 6000 денари на жиро сметката на фондацијатa [👇]

Сметка - 270078016610134

Назнака - за четворката близнаци од Штип

Шифра 562

YouTube video

притисни ентер