Почнува новото поглавје за младите на ЗНАМ: Мила Петрушевска избрана за претседателка на Клубот на млади
2Почнува новото поглавје за младите на ЗНАМ: Мила Петрушевска избрана за претседателка на Клубот на млади
1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
МакедонијаЗаконите се реформски и нивната примена ќе ги унапреди високото образование и науката, сметаат ректори на државните универзитетиРекторите од јавните универзитети, кои денеска присуствуваа и се обратија на прес-конференцијата во Владата, посветена на новите закони за високо образование и за наука, се задоволни од законските решенија.Ректорите од јавните универзитети, кои денеска присуствуваа и се обратија на прес-конференцијата во Владата, посветена на новите закони за високо образование и за наука, се задоволни од законските решенија и сметаат дека новините што тие ги предвидуваат ќе го унапредат квалитетот на образованието, што ќе резултира и со подобро меѓународно позиционирање на нашите универзитети. Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Биљана Ангелова, рече дека со големо внимание ги разгледале законите. Ставовите и заклучоците на УКИМ биле донесени во, како што рече, максимално инклузивна постапка и вклученост на сите универзитетски единици, кои потоа биле усвоени на највисоките тела - Ректорската управа и Сенатот на УКИМ. - Беа дебатирани со МОН, односно со министерката, и може да кажам дека во овој момент ние имаме закон што ги рефлектира ставовите на нашиот универзитет. Законот е донесен во партнерство со МОН, нашиот најзначаен партнер, и имаме закон кој, конечно, е реформски затоа што со него се зголемени критериумите за избори и реизбори во звања. Тоа за краток период ќе резултура со многу подобар ранг на нашите универзитети. За нашиот УКИМ сум убедена дека бргу ќе имаме резултат во меѓународната видливост и подобар ранг на интернационалните сервиси за рангирање - рече Ангелова. Нагласи дека со овој закон е заштитена автономијата - функционалната и организациската. - А кај финансиската автономија, првпат во овој закон имаме цело едно поглавје за финансирањето, каде што се овозможува долгорочно буџетско планирање, петгодишен буџетски план, кој ни овозможува континуитет и сигурност во секојдневното работење - посочи ректорката на најголемиот и најстар универзитет во земјата. Беким Фетаи, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ - Скопје, изјави дека ја поздравуваат иницијативата за повисок квалитет во високото образование. Рече дека поднеле консолидирани предлози за унапредување на трите нацрт-закони, усвоени од највисоките универзитетски органи, и дека со одговорно учество и максимален ангажман придонеле во процесот за изградба на современ систем на високото образование и наука. Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, соопшти дека имале консензус за потребата од исчекор во квалитетно високо образование и за неопходноста македонската наука да биде препознаена регионално и глобално. - За мене е особено важна можноста за проектно ангажирање млад кадар бидејќи тој модел недостигаше. Ни треба применлив, изводлив модел, кој ќе одговори на едно од најгорливите прашања - одливот на младите кадри. Сега им даваме можности да го градат својот пат тука, во својата земја - рече Мираковски. Веланд Рамадани од Универзитетот на Југосисточна Европа посочи дека заклучокот од дебатите на нивниот универзитет е дека треба да се поддржи иницијативата „како основа за идно зајакнување на системот и негово усогласување со европските и глобалните образовни стандарди“. - Само преку искрена соработка, конструктивен дијалог и заемна доверба помеѓу универзитите и државните институции може да постигнеме вистински, долгорочни и одржливи резултати - порача Рамадани. Александар Николовски, досегашен претседател на Универзистетското студентско собрание (УСС) на УКИМ, претседавач со Националното студентско тело и дел од координативната група за реформи во високото образование, на прес-конференцијата рече дека студентите биле вклучени во процесот на креирање на законите, но укажува на неколку предизвици со кои во моментот тие се соочуваат и се поврзани со предложениот закон. - Националното студентско тело, кое треба да биде претставник на сите студенти во државата, не е никаде вклучено во законот за високо образование. Тоа беше клучно барање на сите универзитетски студентски собранија, односно на 11, кои се функционални - рече Николовски. Соопшти дека имаат забелешки за траењето на мандатите на претставниците во УСС, бараат да траат две наместо предлогот за мандат од четири години, а проблематично за нив е и намалувањето на бројот на членови претставници на студентите во Универзитетскиот совет и кумулатиувниот просек што се зема за прием на нов кадар, односно пресметката на просечниот успех во условите за избор во наставно-научен кадар. Николовски смета дека постои нерамномерно финансирање и побара да се внимава при инвестирањето во инфраструктура и подобрување на условите на универзитетите, односно вложените средства да бидат пропориционални со бројот на студенти што универзитетите ги имаат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СудбинаНајстарата стјуардеса заминува во пензија по 63 години поминати на небо- ја испратија како легенда (ВИДЕО)Ветеранката стјуардеса Керол Фер (83) се пензионира по 63 и пол години во авијацијата, а нејзиниот последен лет е закажан за понеделник, 26 октомври 2026 година, со лет на „Американ ерлајнс“ од Лондон Хитроу (LHR) до Шарлот (CLT). Таа ја започна својата кариера во 1963 година во „Пидмонт ерлајнс“, а преку спојувања на авиокомпании заврши во „Американ ерлајнс“, каде што сега го има најдолгиот стаж меѓу активните стјуардеси. Нејзиниот последен лет има и посебна симболика: во 1987 година работеше на првиот лет на „Пидмонт ерлајнс“ од Шарлот до Лондон, а кариерата ќе ја заврши со повратен лет од Лондон до Шарлот. Нејзиниот прв лет беше интервју за работа Керол Фер отиде на локален аеродром во 1963 година барајќи работа. Таа понуди да се јавува на телефони, да пишува авионски билети и да прави кафе, но раководителот на станицата ѝ предложи да стане стјуардеса. Никогаш порано не летала со авион. Така, патот до интервјуто за работа стана нејзиниот прв лет. Таа ја започна својата кариера во „Пидмонт ерлајнс“, а подоцна, преку спојувања на авиокомпании, се пресели во „Ју-Ес ервејс“, а потоа во „Американ ерлајнс“. Сепак, нејзиниот однос со втората компанија започна со отфрлање. „Американ ерлајнс“ еднаш ја сметаше за несоодветен кандидат, објаснувајќи дека не е „американски материјал“, односно дека не се вклопува во профилот што го бараше компанијата. Повеќе од шест децении подоцна, таа ја напушта истата компанија како стјуардеса со најдолг активен стаж. Последниот лет ја враќа на една од најважните линии во нејзината кариера Датумот на крајот на нејзината кариера има и посебна симболика. На 15 јуни 1987 година, Фер работеше на првиот лет на „Пидмонт ерлајнс“ на линијата Шарлот-Лондон, а нејзиниот последен работен лет ќе ја врати од Лондон назад во Шарлот. Традиционалниот поздрав со водени топови се очекува и за пристигнувањето на авионот. „Уживав во секоја минута“, му рекла Фер на новинарот Тед Рид, објавува „Форбс“. Според нејзината пријателка, Фер и претходно поднела известувања за пензионирање, но се предомислила и ги повлекла. Овој пат, разделбата е тешка за неа. Фер истакнува дека го достигнала врвот на таканаречената листа на стаж меѓу околу 30.000 вработени во таа категорија и дека „нема повисок ранг што би можела да го постигне“. Кариерата што започнала кога претседателот на САД Џон Ф. Кенеди бил претседател опфати огромни промени во авијацијата, од сосема поинаков начин на патување до глобалната мрежа на рути што ги знаеме денес. По 63 и пол години, Керолајн Фер ќе ја заврши својата „смена“, или лет, за последен пат и ќе го напушти авионот. Таа ја напушта професијата на која ѝ го посветила речиси целиот свој работен век, а компанијата што некогаш ја отфрлила ја испраќа како еден од своите најискусни вработени.Тагови: стјуардеса Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Други спортовиМакедонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев Александар „The Great“ Волкановски, австралискиот УФЦ-борец со македонско потекло, оствари спектакуларна победа над непоразениот Мовсар Евлоев на УФЦ 333!На денешниот голем настан UFC 333 во Абу Даби, тој приреди вистински спектакл и ја одбрани светската шампионска титула во перолесна категорија со спектакуларен технички нокаут во втората рунда против досега непоразениот Мовсар Евлоев. Според резултатот прикажан на официјалниот пренос, Волкановски славеше со технички нокаут во втората рунда, на 4:54 минути! Волкановски никогаш не го крие своето македонско потекло. Неговиот татко потекнува од селото Беранци, Битолско, а борецот роден и израснат во Австралија гордо го носи презимето Волкановски.Тагови: Александар Волкановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПротести во Португалија: Повредени седуммина демонстранти, 31 уапсен во интервенција на полицијата Најмалку седум лица беа полесно повредени, а 31 беа уапсени рано утрово во Лисабон и Порто кога португалската полиција интервенираше за да ги отстрани шаторите поставени од демонстрантите.Најмалку седум лица беа полесно повредени, а 31 беа уапсени рано утрово во Лисабон и Порто кога португалската полиција интервенираше за да ги отстрани шаторите поставени од демонстрантите кои протестираа против кризата со домувањето и високите трошоци за живот. „Полициската акција беше целосно непропорционална“, рече пратеникот од Левичарскиот блок, Фабијан Фигеиредо, нагласувајќи дека немало нарушување на јавниот ред и мир, објави Луса. Демонстрантите поставија повеќе од 100 шатори откако неколку илјади луѓе учествуваа на протестен марш во Лисабон во саботата. Неколку стотици луѓе се собраа за да го заштитат кампот откако полицијата отстрани сличен камп на истото место во вторникот. Во Португалија, цените на недвижностите се зголемија повеќе од двојно од 2017 година, додека кириите за нови договори за закуп речиси се удвоија. Меѓу најтешко погодените од ситуацијата се младите луѓе, кои се оние кои ги започнаа протестите на прво место. Протестите поради кризата со домувањето во Португалија, што доведе до поставување шатори во центарот на Лисабон, започнаа на 10 октомври во Порто, а потоа се проширија во Лисабон и други градови. Во Лисабон, на 17 октомври, по протестниот марш на илјадници луѓе, започна поставувањето шатори на плоштадот Росио. Полицијата интервенираше на 20 октомври и ги отстрани камповите во Лисабон и Порто.Тагови: Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38