Вооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)
1Вооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)
МакедонијаЗаконите од реформската агенда и Кривичниот законик ќе се носат по компаративни анализи со земјите-членки на ЕУ-Од нас се бара да имаме двапати повеќе од некои многу побогати земји од ЕУ. Треба тоа да го направиме? Двапати повеќе да ги платиме овие со 2 посто рејтинг од тие како една многу побогата земја членка на ЕУ?Шесте закони од правосудството што се предвидени со реформската агенда се сведуваат на една работа – зголемување на плататите на судиите и обвинителите што не го заслужуваат и државата не може да си го дозволи., изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан околу причините за доцнењето на нивното донесување. Рече дека во моментов се правата компаративни анализи за тоа колку проценти од буџетот се одвојува за судиите и обвинителите во земјите од ЕУ, и откако ќе биде готова таа анализа, со резултати ќе одат во Брисел за да побараат разбирање.. -Од нас се бара да имаме двапати повеќе од некои многу побогати земји од ЕУ. Треба тоа да го направиме? Двапати повеќе да ги платиме овие со 2 посто рејтинг од тие како една многу побогата земја членка на ЕУ?- Не би рекол дека е така. И откако ќе ги сеобереме податоци со министерството за финансии ќе појдеме и во ЕК и ова ќе го аргументираме. Затоа што ние тоа не можеме да си го дозволиме а уште помалку јас сакам како претседател на владата да барам од пратениците во парламентот да гласаат закон со кој ќе се зголемат двојно-тројно примањата на оние коишти имаат рејтинг 2 посто, изјави Мицкоски. Освен на овие 6 закони, Мицкоски кажа дека се работи и на законот за кривична постапка и на Крвичниот законик во однос на спорните измени и бришењето на ставот 5 од членот 353 во 2023 година, за злоупотреби на службена положба при јавните набавки.. Најави дека ќе го информираа и Уставниот суд дека измените ќе бидат донесени до Нова Година, но рече дека и овде ќе се користат компаративни анализи со другите европски земји и нема да дозволат, како што рече, тој да биде алатка за политички реваншизам. -И како е таму, така ќе биде и кај нас. Но мора да се знае точно што значи злоупотреба. Затоа што утре повторно може да дојде некоја влада и повторно може да упаѓаат со шмајзери и со маскирни одела во домови на пратеници или на луѓе коишто не сториле криминал затоа што некој сака политички да се реваншира. Тоа нема да го дозволиме, кажа Мицкоски. Инаку денеска во министерството за правда се одржа конститутивна седница на Советот за следење на реформите во правосудството. Тој ќе има задача да ја следи имплементацијата на реформите, да алармира кога институциите не ги постигнуваат очекуваните резултати и да дава стручни мислења преку своите членови – експерти од правосудството, академијата и граѓанскиот сектор. Според Мицкоски, нивните анализи покажуваат дека земјава е таа што е најдобра во регионот во спроведувањето на реформската агенда, а не како што рече, Албанија и Црна Гора. Тој најави дека на 19-ти месецов ќе одржат брифинг со новинари на кој ќе презентираат примери и бројки од тоа што досега е направено. Тагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)Вооружени разбојници украле луксузна стока во вредност од неколку стотици илјади евра од златарницата „Де Бирс“ во елитен кварт на Париз, по што избегале со мотоцикли, соопшти париската полиција. Грабежот се случил околу 11:15 часот наутро во вториот арондисман на Париз, потврди полицијата за Асошиејтед Прес. Портпаролот на групацијата „Де Бирс“ потврди дека нивната продавница на улицата „Ру де ла Пе“, недалеку од плоштадот Вандом, позната по своите луксузни продавници за златарница, била ограбена. Тој изјави за АП дека „никој не е сериозно повреден“ во грабежот и дека компанијата им обезбедува поддршка на вработените. Продавницата ќе остане затворена додека трае истрагата. 🇫🇷 A De Beers jewelry store was robbed in Paris, causing damage exceeding 1 million euros, The criminals were armed with Kalashnikov assault rifles. They managed to escape. The police are looking for them. https://t.co/UBZqUN3UPT — Vegas ʷ̣ (@vegasyx) November 12, 2026 Фабиен Богаис, претставник на полицискиот синдикат „Алијанс“ во Париз, им изјави на новинарите на местото на настанот дека четворица осомничени, вооружени со пушки, украле стока во вредност од неколку стотици илјади евра за само неколку минути. Една година од спектакуларниот грабеж на Лувр Полицијата соопшти дека разбојниците не користеле оружје. Богаис рече дека разбојниците носеле шлемови, но не можеше да потврди дали дополнително ги покриле лицата со облека или маски. Властите објавија дека се распоредени значителни полициски сили за да ги пронајдат сторителите и дека истражителите темелно ќе го испитаат местото на грабежот. Оваа кражба доаѓа по спектакуларната кражба на француските крунски скапоцености од Лувр во октомври 2025 година, кога крадците избегаа со вредни предмети во вредност од 88 милиони евра сред бел ден. Таа кражба откри сериозни недостатоци во безбедносниот систем на музејот.Тагови: Париз разбојници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаИталија ги менува правилата за евакуација по заканите со бомби во илјадници училиштаИталијанската влада ќе воведе нови правила за справување со безбедносни закани, вклучително и масовни закани преку е-пошта. Според новите правила, по правило, зградите нема да бидат евакуирани освен ако нема конкретни докази дека опасноста е реална, беше објавено денес. Одлуката доаѓа откако вчера низ цела Италија беа евакуирани бројни училишта поради закани за бомби, кои ги примија околу 6.300 училишта. Ова е најновиот во низата случаи на лажни тревоги и сајбер напади што ги погодија училиштата, супермаркетите, центрите за дарување крв, системите за воздушен сообраќај и медиумските куќи низ цела Европа во последните денови. Многу училишта беа затворени веднаш по примените закани. Ова предизвика големи проблеми бидејќи родителите мораа да брзаат да ги земат своите деца, а паниката се прошири на социјалните медиуми. Денеска нови закани за 1800 училишта Денес пристигнаа нови закани, како резултат на што некои училишта повторно се затворени. Според извори од италијанската влада, околу 1.800 училишта добиле нови закани за бомби преку е-пошта. Римската полиција потврди дека повеќе училишта пријавиле закани, но во помал број отколку вчера. Тие рекоа дека нема докази што ги поткрепуваат. Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги покани лидерите на опозицијата на состанок за да разговараат за тоа како да се реагира на слични ситуации во иднина. „Зградите не треба да се евакуираат ако нема конкретни индикатори што укажуваат дека опасноста е реална, а не ако станува збор за примање масовна е-пошта“, објави нејзината канцеларија. Некои европски претставници се сомневаат дека Русија би можела да стои зад кампањата што го нарушува секојдневниот живот во европските земји што ја поддржуваат Украина. Италијанските претставници изјавија дека сè уште немаат докази за да го потврдат таквото сомневање. Русија ги отфрла обвинувањата за вмешаност и тврди дека Западот води кампања за клевета против неа. Опозицијата ја критикуваше Мелони за сајбер безбедноста По двочасовниот состанок со премиерката, лидерите на опозицијата од центарот и левицата изјавија дека владата мора да предложи конкретни решенија за ваквите закани. Во исто време, тие ја критикуваа Мелони за, како што тврдат, премалку инвестиции во сајбер безбедноста. „Како се потрошени парите досега? Вчерашниот аларм можеше да се реши со помош на добра антивирусна програма“, рече поранешниот премиер Матео Ренци, шеф на центристичката партија Италија Вива. Италија не е единствената европска земја погодена од оваа кампања, но нејзината првична реакција предизвика многу поголеми проблеми отколку во другите земји. Властите во Шкотска, Северна Ирска и Република Ирска објавија дека голем број училишта добиле и заканувачки е-пораки од странство. Сепак, тие проценија дека станува збор за лажни извештаи и не ја прекинаа наставата. „Го прашавме ирскиот премиер зошто властите во таа земја однапред ги предупредиле училиштата и им советувале да останат отворени, бидејќи овие е-пораки не се сметале за закана“, рече Никола Фратоани од Зелената и левичарската алијанса (Alleanza Verdi e Sinistra). Бараат поголеми инвестиции во заштитата Опозиционите партии го обвинија Мелони дека им дава приоритет на инвестициите во класична воена опрема, а ги игнорира сајбер заканите, кои ги сметаат за поитни. „Ни треба посилна координација меѓу телата одговорни за сајбер безбедноста и предложивме пренасочување на дел од достапните ресурси кон сајбер одбрана“, рече Ели Шлајн, лидерка на главната опозициска Демократска партија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриевски: компромиси во политиката – да, но не и со владеењето на правото!Движењето ЗНАМ – За наша Македонија останува во Владата сè додека се почитуваат договорените коалициски принципи, но нема да прифати решенија што го усложнуваат правниот систем и го доведуваат во прашање уставниот поредок на државата.Ова го истакна претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија, говорејќи за актуелните политички прашања, предлогот за полагање на правосудниот испит на албански јазик и односите во владината коалиција. „Во политиката постои компромис, но во владеењето на правото нема компромис. Предлогот на министерот Шасивари е хибридно решение, а триумфализмот е неоснован, бидејќи Владата нема донесено одлука, туку предлогот е испратен на мислење во Венецијанската комисија. Согласно Уставот и постојниот закон, не постои можност правосудниот испит да се полага на албански јазик“, истакна Димитриевски. Тој потенцираше дека доколку вакво решение биде доставено до Собранието, ЗНАМ ќе се произнесе негативно, а доколку ставот на партијата не биде почитуван, ќе го преиспита своето учество во Владата. Димитриевски нагласи дека ЗНАМ не учествувал во каков било политички договор за ова прашање и очекува на најавената лидерска средба во декември партијата да биде активно консултирана, а не само дополнително информирана. Тој упати порака дека заштитата на правниот поредок, легализмот и почитувањето на Уставот се принципи од кои ЗНАМ нема да отстапи. Притоа посочи дека правосудниот испит имаат право да го полагаат дипломирани правници со една или две години работен стаж на правни работи, а не студенти, и дека во правосудниот систем прецизното разбирање на правната терминологија и познавањето на официјалниот македонски јазик се од круцијално значење. Осврнувајќи се на односите во владината коалиција, Димитриевски оцени дека соработката со ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски е конструктивна и одлична. Тој ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека ЗНАМ креира вештачка политичка криза за предизвикување предвремени избори, нагласувајќи дека одлуката за избори е во надлежност на премиерот. Во однос на политичките барања на ДУИ за правосудниот испит, Димитриевски оцени дека станува збор за иницијатива која повторно ја отвора темата за прашања што веќе биле предмет на политички расправи, а упати порака до моноетничките политички партии дека мора да ги почитуваат законите и институциите на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook